Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 август 2008
Мислења
744
Поени од реакции
266
Што прајте бе шутмангалии..?
КАКО НЕ ВИ Е СТРАМ! Што је ова гашчи пострани пред врата?!
 
K

Kicky

Гостин
Дуња,

машките се како кучињата на Павлов - приложи им добра коска и веднаш рефлексно им се лачи салива од устата. Само што денес им се приложија две долги коски завиткани во тесни сиви фармерчиња а крајот прицврстен за 8 цм штикла. И додека цурата гордо парадираше по бетонските школски плочки, некои машки плакнеа очи од неа, ја скенираа од глава до пета и можам да претпоставам само какви мисли им се вртеа во тоа нивните мозочиња.

Имај убава вечер
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Д.К.

На средина од целиов хаос и ураган,уствари елементарна непогода во која се наоѓам извесен период,успеав да направам нешто креативно,корисно и паметно.Браво за мене!

И да ураганов никако не стивнува,аман..:se_ molam a, jас не можам да сторам ништо,само се бара да останам жива.И засега,супер ми оди.:)

Али не можам да ги поднесам ни сопствените патетики,а денеска има и посебна причина,па сега тој ураган ми е обично ветре развигорче.А утре...секако сум премногу издувана да да мислам што ќе биде утре,па сега малку би уживала во "јас сум цар"чувството,if you don`t mind.
 
M

M del Mar

Гостин
Драга
еве ме и мене денеска...обврските си ги завршив :pipi:
се е добро, добро сум и јас :pipi: уште утре дома, па се надевам од срека ќе идам в школо:vozbud:заборавив каков е филингот да идеш на школо мајке ми!!!
Ај јас да те пролистам па ќе идам да спијам :back:
Чао, пријатно!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.079
Поени од реакции
74.824
Ој калаштуријо :baeh:
Помина и денешниов ден. Пфф понеделник увек бил срање во боја:pipi:
Барем се изнаспав попладнево. Сега цела вечер овци ќе бројам:pos2:
И кајгано знаеш ли зошто Пржино е најфенси:pos2:

Пошто само кај нас може некој да изгуби паун:smir::vozbud:
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Еј Ким :)
Денов беше интересен. Јадев многу чоколадо, како и секогаш..и ме прави хипер тоа, знаеш..ме тера на правење ствари шо не би се осудила да ги правам. :)
Ама и посебно ми се спиеше поради синоќешното журЌе. Бев да видам шо чудо ќе беше тоа 69. И беше ! :vozbud: (Но, прво до Чао аФКРос).
Некој би рекол старци одат, ВИП фаци одат, Боки13 оди ...Но јас отидов со него. Дечко ми, ма! Сигурно не Боки, duh. -.- И си поминавме најлудо. Хип хоп се рокаше, какво прашање ти е тоа, Ким?
Кај пропуштам јас ..:)
Гледав поише во плесачиците од дечко ми. Фаца лом-тело гром. И мноОоОгу играв.
А денес ја овековечив нашана врска и на фб. Не знам зашо, ама по 2 месеци и 2 дена осетив потреба, бе. Почнаа да ме караат дека не сум го сменила статусот и така за доброто на сите ...Марија е во врска. Додворувачи скоро и да немам веќе. Пусто е.
И верувај ме нападнаа неговите пријатели, со 11 риГВести ..од кои пола отидоа во вода. Се чувам од злобни јазици. Читни ми го потписот и се ќе ти стане јасно. He`s miiine !
Причање викендски дешаФки со другарките. Од школо дома. Гледав Хаус. Ме ј*беше нетов. Ми се јави љубовта :pipi:
Ах, да. Јас веќе на дечко ми не му давам денс-клипови на јутјуб. Се попали по ова (откако јас го сторив истото)
и бидејќи решив да го научам... Има да се напнам, ама ќе успеам. А и знам нешто, не е така тешко. :лалала: За доброто на дечко ми. :)
Ти реков дека ќе се збогатувам со њу мувЗ. Не сум рѓосана !
Ај сеа, не замарај.. глеам нов каталог на Авон.
Нова година, бе :/:
Нема одење во Германија без мене.
Поздравинавле.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Драга,
од време на време добивам некоја чудна желба да си се восхитувам на сопствената убавина и си ги вртам моите слики на фејсбук и си се гледам заљубено :pipi:
Да, да, тоа правам и вечерва... Мојата лепота е неоспорен факт, што можам јас против тоа? :toe:
А и паметна сум, културна, воспитана, имам кола (нова, убава, со клима, серво, абс), два стана во центар на Скопје...
Туку, што сакав да ти кажам? Па ништо уствари, немам никој онлајн, сите наводно работат утре и мораат да спијат, па решив тебе да те гњавам.
Толку од мене.
Н.
П.С. Преземав трета смена мислење. Напорна работа било тоа. И не ми текнуваше како да соберам два полинома :kesa:Од утре ќе почнам да правам нешто поинтелектуално од спајдер солитер, промис :nesum:
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Драга...
Тргам на спиење само сакав да те поздравам...
И да ти кажам... среќна сум, поради тоа што имам некој покрај мене што ме гали,ме гушка,ми зборува убави работи,ме гледа во очи и ми кажува ТЕ САКАМ. И од ден на ден прави да се заљубувам во него се повеќе и повеќе...Убава е љубовта знаеш? :smir: :back:
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Леј,

Хаос сум у главава, ти не знаеш кои бури ми се дешаваат, триста идеи ми се вртат и секоја е у судир со наредната. Кујзнае на луѓе како им изгледам од страна, сигурно појма немаат у колкава конфузија сум. Се осеќам ко да растам и се развивам одвнатре, ама се` тоа ми изгледа страшно збунувачки. Малце ме плашат работите што ги осознавам, да не бев љубителка на вистината, ќе одберев да останам у темнина наместо да се напињам у процесирање на хаосот и замрсените структури што ги перцепирам. Некако тешко ми е да заземам став пошто секоја наредна дешавка ми го демне ставот у опасност да го видоизмени, и тоа се повторува и повторува и повторува. Нели бев рационална и конзистентна и тврдоглава едно време? Се осеќам ко ќесенце на ветар, а не сум ни у пубертет ни у климакс, можда ми дојде поише отколку што можам да изџвакам.

И на секое поле сум ваква. Ми изгледа ко неплански да дејствувам, ко да go with the flow. Ко мува без глава. Ми изгледа ко да уживам во тоа, а од друга страна ирационални ми се тие нешта. Глеаш дека не знам ни што зборам више. Или е ова некој прелаз у некој друг облик, друга епоха, или превише пијам.

И мразам класификации, слоеви, групи, поделби. Поимот „еднаквост“ не постои поради тие појави. А тие појави го ограничуваат моето слободно дејствување.

И бла бла бла, глупа сум денес.
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Јас сум наспана и гладна..
Сестра ми е нервозан.
Ивана ја сакам. Ѓурѓа исто толку, посебно откако и станав "другарката шо се врати од Америка".
Ќе се потиме на Таксират.
Ми требаат копчиња од пазар. Бапски, шарени петлици. За ташната да си ја декорирам.
Испити се ближат, испити се ближат...
Креативни пориви надоаѓаат испред сесија секоаш.
Лексикологија малку разбирам, малку не разбирам.
Ќе се раздени.
Денес на кеј имав неочекувана средба со минатото. Од оние што ти ја оставаат устата подотворена, те скокотка, а не ти е смешно и ти го окупира умот!
МИслам дека ми треба блог или нешто такво...
Ми се јави желба да научам да плетам. Озбилно. Гети не мора, ама шалче некое да го сплескам дур не фатиле силни ветришча и виулици.
Да, да у време на Фејсбук јас сакам да плетам.
Ми треба работичка некоја...да неам време да седнам на газов, а не па на ДК да пишувам...
Това!

Доврага...
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Дрададидудидаддидедудодадди....

Стануваш досадна...ама ептен онака...ниедна тема не е интересна, дискусијата ја вртат се едни исти 10-15 члена на сите теми...НА СИТЕ! синкир најпаметни се. зар не се осеќаат ко спамери?

ја требаше да идам денес на ме снимаат од мтв -_- ама ме мрзеше, ке кажам не ми било арно...е така...
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Кајганаа......супер си поминах на школо лалалалалаа(на лева нога сум станана :pos2::pos2::pos2: )
 
M

M del Mar

Гостин
А мури
Бевче јас кај лекаро...и од утре че ојам в школо, сигурно ме заборавиле :nesvest:
Конечно можит да си пивуцкам кафенце и да јадем:baeh:!
Ајде те оставам јас да идам да прочитуцкам троа малку да не останам неписмена жена!
И не се замарам со ништо драга и среќна сум, мило ти е?Да!Епа и мене ми е мило :icon_mrgr
Ајде чао пријатно :salut: :фиууу:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
драга
до сега спиев и сега можеш да си замислиш кога ќе си легнам вечер, а утре сабајле од 6 треба да станам :toe: мразам да преспивам ама не можев да издржам ќе припаднев. на школо 8 часа откапав... вода ми се пиеше, ми се јадеше и на крај заспав :kesa: инаку на школо на сите те прикажав. цел ден само тебе те читаа досадни часови беа и по цели часови само во тебе гледаа :back: ај да одам ја да фатам книга не ќе да е лошо ама уште малку да те разгледам :pipi::helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom