Medea
Облинеса
- Член од
- 25 април 2007
- Мислења
- 2.973
- Поени од реакции
- 3.269
Јуху.
Морн'н.
Испив цистерна кафе и конечно глупавава мигрена се смири.
Вчера плачев на Јова Радевска - Јас сум овде.
Тоа бил трикот бе. Да цмиздриш во кревет дур на тв даваат серии а надвор врне.
Денес станав поради баритонот на татка. Се дереше по мобилен објаснувајќи какви маслинки сака:uvo:. Наглувост и неосетност, ситни 60ка, мора да се биде стрплив.
Пита со спанаќ во џеб и тргам на Саем. Којзнае како ќе биде, ама не му ја мислам.
Вчера се збравме кај мене у населба, ко маалски тикварчиња и врескавме околу проблемите наши. Добро е кога можеме да се слушнеме и видиме.
Тиња расположение денес, ама убаво ми е бе. Ќе се клацкам у 12ка после и ќе го реметам Иван како лиже задници.
Сандра ужива во Шпанија. Даде ќе ми купи црвени чевлиња ко на Дороти од Фиренца, Мио ме сака многу повеќе деновиве од било кога, мајка ми се секира да не и е нешто на мојава мудречка глава, а јас си бладам и си бладам...
Музиче стенд бај, џезови некои, кулирачка атмосфера, ама не до степен да се амебизирам.
Постапно возбудена.
Сликите за табло се оригинално својски. Што ми е мило! Башка, сите се радуваат дека ќе биде посебно табло. :baeh: Колку што може да биде!
Април, дождови... Нерешени мисли во глава.
Креирање живот секој ден, со пластелин во различни бои. Меко, ами како. Да може да си смени правец.
Еј да, тоа сакав да речам.
Ми се оди во село.
Ептен.
Да упалам шпорет на дрва. Да ми замириса одајата на чај и тазе берени буковки.
Да спијам на стариот железен кревет кај што баба и дедо склепале 5 деца.
Да си пржам компирчиња на шпоретот - незаменлив вкус има секоја храна готвена на дрва.
Да сонувам на полското креветче касно навечер, а од тишина да си го слушам и срцебиењето. Поезија скроз. И ѕвонците на овците на Мане,во 4 сабајле како блекаат и меекаат.
Некои сањаат Палма де Мајорка, јас си сакам село.
И тоа сањам, не дека не.
Ама село...
Идам во град сеа.
:salut:
Медеа, продавачка следниве 5 дена.