Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.744
Поени од реакции
43.913
Не знам дали да ставам аватар од Ван Гал и Ван Перси како поддршка на Холандија до крајот на ова СП. Страв ми е да не ги избаксуриам, оти ем треба и тема да им отварам за 1/2 финалето, па да не дојде многу. :S Што викаш ти?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
Инцидентно се собравме за 10 години матура (со мало каснење) у некое кафанче збутано во аеродром. Као вечити песимист на човечкиот род, во очекување дека секој го заборавил секого и ама апсолутно не се сеќавал на ништо во тие млади денови, вечерта помина во многу подобро светло. Ко вчера да седевме во училишниот двор, опиени од безгрижноста и полни со дух за младост-будуќност... Тоа се тие моменти коа почнуеш да мислиш демек си сменил богзнае што со себе, а буквално сфаќаш дека си истата личност, со таа разлика дека сега малку пореално сфаќаш на работите. Ми се допадна многу еден коментар при паѓањето на заебанциите, што и` се испушти на една другарка: Знаеш што ми се допаѓа? Што апсолутно ништо се нема променето откако ја напуштив училницата. А колку само имаме мажени женети со деца... И повторно ги тргнавме бариерите и постанавме истите оние кои бевме пред 10 години, а не некои лажни-за-успех, јаки-на-муда, јебачи.
Пошо реално... Можеби само пореално некои работи ги согледуваме... но ние се оформуваме како личности многу порано одошто мислиме.

So says Saladin
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Od tolku luge so pisale na temava morase od forrest da mi stigne notifikacija :-D
Nego, mu se isporazvikav na deckoto ama si zasluzi. Go isprativ doma so pijanite :-D
Ne deka ja ne sum ali se kontroliram hahahaahah :-D
Pozz kiss mwa :-*
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Ја читав пред некоја недела дешавката со Рики. И музиката.

Музиката ко музика. Ако за мене даденото е јетрена паштета, за некого е се. И тоа се, со само еден здив може да предизвика лавини и одрони, секретарките да се набиваат на несунетисани фалуси, солзи на салфетите во цветен принт, агонија на правописот, пукање на фасадите...

Според една легенда, постои птица која пее само еднаш во својот живот, поубаво од било коe другo суштество на оваа планета. Од моментот кога ќе го напушти гнездото оваа птица бара трнливо дрво и нема мир додека не го најде. Се вовлекува меѓу неговите испреплетени гранки и пеејќи, го набодува своето тело на најдолгиот и најостар трн. Додека умира, нејзината болка преминува во песна далеку поубава од песната на славејот или чучурлигата. Цената на таа преубава песна е животот, но целиот свет застанува да слуша, па велат дури и Бог на небото се насмевнува. Бла бла малу драма није на одмет. Поентира приказната со муабетот дека она најдоброто што постои, може да се добие само по цена на многу голема болка.

Не ми беше тоа муабетот.

Се сеќавам на последното лето на мојот татко кој имаше канцер. Спиеше со отворена врата од собата.Често пати знаев да станам во ниедно време од ноќта, да се приближам до вратата и да наслушнувам како дише. И дали дише. Во тој момент не постоеше поубава, повеличествена, пограндиозна музика од неговото хармонично дишење. И тоа помина...

Ех!:(

Остајте луѓе. Музиката се осеќа. Останатото е јадење гомна!

 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.988
Поени од реакции
74.071
Многу ми е мило што со родителите го имам најпријателскиот однос на светот и што пријателкиве на мајка ми секогаш ни завидувале за овој другарски однос :pipi: Научен сум никогаш да не лажам, ниту во школо сум ги лажел за оценки, кога не сум бил спремен за испрашувања сум им кажувал дека е подобро да не одам и да ме оправдаат, не ме бивало ни да излажам ако сум направил некоја беља, ниту пак ако сум учествувал во некоја тепачка за време, пред или по некоја утакмица :нинџ:
Како што вика мајка ми, знам како дишеш, ниту нешто можеш да ми скриеш, ниту да ме излажеш.

Полека влегуваат во годините пред пензија, па имаат повеќе проблеми отколку јас како пубертетлија. Бетер се од пубертетлии. Татко ми од кога знам за мене, води психолошка војна со самиот себе. Доволно е да помисли дека му е кренат притисокот, и одма му се врти, мери притисок, пребледува како крпа. Во пракса можам да забележам како психата лошо влијае врз здравјето. Колкумина мислат дека се болни, а всушност ништо не им е :) Се обидував психички да го кренам некое време. Никако да сфати дека за него ќе биде подобро ако пешачи секој ден. Некако успеав да го извадам денеска. Свртивме еден километар. Нормално по пат го фати криза околу притисокот. Му викам ништо не ти е човече, смири се и погледни ме, опушти се. Но не, му свирела главата и што ти ја знам. Доаѓаме дома, мери притисок, и оп НЕМА... Се насмеа, рече дека ќе требал почесто да пешачи и дека конечно почнал да ги чувствува пристите на нозете после долг период :icon_mrgr:
Кога искочивме од дома и нашиов мачор почна да оди по нас. Мене ми зафуфка со оглед на тоа дека има многу улични кучиња, а и ми беше страв да не го згази кола. Татко ми се паѓаше од смеа, јас се обидувам да го избркам мачоров, овој абер нема. Отиде две улици подоле од нашата, и тука се пикна под една кола. Продолживме да одиме и него го снема. Се враќаме кај колата после пола саат и гледам сеуште не чека таму :noze: Одма штом не виде излезе и си трчкаше по нас до дома :icon_mrgr:
Многу му го направи ќеифот на татко ми, пола салама му исече :LOL:


Ќе го изедам некој ден :)

Летово секогаш ни ги зближува децава и постарите од населбава. Игралиштето полно, деца играат фудбал, од страните други играат кошарка, на Славија се трчаат кругови и се билда кондиција, на лулашките си играат мајки со деца, постари луѓе ги шетаат кучињата под Водно. Најубавото место за заборав на сите проблеми :icon_mrgr: Има некоја поврзаност меѓу сите, без разлика на годините. Општината сакајќи да ни помогне, одново не заеба. Се намачија децава да ги украдат мрежите од кошевите од околните населби за да ги ставиме кај нас на кош, за на крај од општина да ни ги извадат и да ни стават нови, долги пет метра ебате :facepalm: Нормално со шутирање целите се испреплеткаа, Господ не може да ги отплетка. Сега кога даваш тројка, топката искача од мрежа :pos: Пак ќе треба да се краде од друга населба :icon_mrgr:

На крај, постот за трапавоста на Шумеќата во некоја тема што ја читав, ме потсети на една случка што ми се случи во автобус пред некој ден. Значи секогаш имам проблем со картиве за десет возења :icon_mrgr: Како што ми седат во новчаник, така ми се превиткуваат и ми е тешко да ги откуцам. Влагам прв во автобус и 5 минути безуспешно се обидував да ја куцнам. Оставив да искуцаат другите, па дури дојдовме до наредна станица, а јас уште не сум куцнал. На крај ја набив целата и конечно слушам се куцнува. Пробувам да ја извадам, шипки варени :pos:
Шоферот ми вика потегни посилно, и оп пола карта во рака, другата му го заглави апаратчето :pos:
Ми вика ајде не бери гајле и тргнува нагло. Пробувам да се задржам за малото вратиче до него, ама да го оставил отклучено, кога се отвори се залепив напред за стаклот :icon_mrgr: Забодев глава во под и како ној стоев цел пат од срам :icon_mrgr:

Одам да спијам <3
 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
855
ДК
Којзнае колку женски му пишат во пп во овој момент на овој над мене..добра фора во секој случај.
Инаку шо ќе ти расправав си го појачав компјутерот,не дека имаше потреба али ете некоја манија ме има фатено со компјутериве.Секој месец или секој втор мора нешто ново да се додаде во кутијата.
 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Нели ти кажав,нели ти реков дека едно мало ластовиче собрав паднато,од под зграда и го качив кај мене на тераса.
Ете по пет дена тоа поминати кај мене,тоа си одлета без поздрав,ни фала да рече,ни да се заврти,ни да мавне со опашката.
А пет дена во корпичка го чував,што сам ја сплетов, и пет дена чиста вода два пати во денот од рака моја му давав.
Му ловев разни мушички и мали зверки , бели црви и спиев гол пет дена за да отепам што повеќе комарци за неа да има.
И мисли ли сега тоа на мене,како што јас мислев и се грижев пет дена за него,а ќе беше само еден мачкин доручек, без мене.
---------------------
НЕ СЕ НИ ЛАСТОВИЧКИТЕ ТОА ШТО НЕКОГАШ БЕА................ете да си знаеш
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Драга, си го вртам ова подоле, додека да ми почне новата сезона, секое лето ми е вака. Гледам хајлајтси, репризирам епизоди од ФГ. Денес се одлучив за ова.

 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Кога ќе се женам пола Кајганџии од форумов ќе ги поканам на свадба, а песнава задолжително ќе ја нарачам да се пее и свири..... :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom