Честит празник, писмени луѓе.
Здраво млади, здраво мамурлук!
Нова кујнологија на приготвување тиквички. Наместо да им стојам на шпорет, ги пакувам поховани и ги печам и дур си рекол тиквичка имаш добар ручек, насмеана породица и љубав у ваздух. Глава ме боли. Тело ме боли. Се’ ме боли. Здравомладувам и се радувам. Јагоди и чизкејк у фрижидер, богат крај на месецов. ЧК ЧК ЧК здрмаа калдрма. Сакав да го соблечам Ник. Ма да он веќе беше по боксерици. Коњак во чевли. Денс натпревар. СКОПЈЕ ИМА ПОДИУМ ЕЈ! И народот е желен и волен да игра и да се забавува. Скопје, како што му прилега. Тон радости. Вчера стапала оставив по улици. Дома, вадење шминка и љути нудлс. Претерав. А сега сум како Ена Веко и римувам по социјални мрежи. Мајка ми ме предупредува да не го заборавам фрижидерот отворен (вчера сум го заборавила и трепкала сијаличката, диско кујна in tha house). И ете, небитни информации. Многу небитни.
Во суштина, нема суштина.
Биди си ти и слушај ја новата нумера на Royksopp; и помагаат на Robyn во кариерата, би рекла јас.
Требаше да станам музички новинар бе.
Ама не.
Епа така деца, читајте денес. Правилни книги!
М.