ДК слушај.
Алооо MX радио?
Да...повелете!
На тепефон Џоре од Лескоец, сака да ја порача доказ од Цеца ама да не јајте лајна на сред песна зш че ја снима, ајт поздрав.
Еххх какви времина беа тоа, кога наместо јутуб ја чекавме песната на радио или на тв. Па дури и се распрашувавме како се вика песната, не бевме сигурни кој е пејачот, го пеевме текстот како што ќе ни е полесно итн... Сега е тука гугле, ако згрешиш текст ќе те скинат од зафркавање, како на пример што една другарка многу често знае да се поднапие и да се раздери на цел глас со нејзиниот мистичен глас- мецо сопран накај баритон и распон на дијафрагма -10, при секој еден збор вдиши издиши по два пати. Еве една песна како би изгледала во нејзина изведба:
лисн д сонг (вдиши издиши) фор д бројкен харе (земи воздух силно и испушти два пати)...
втората реченица ја преќутува само на крај вика- фор февти парте (не зема многу воздух, само пола)
Ен аим гона ливе (вдиши издиши) нана нана, ан хирај ар војс шала ла ла ла (земи кратко воздух и испушти силно)
И ете иде дерењето на цел глас со над 100 децибели:
Итс мај љајфффф (малку воздух- малку испуштање), итс нау анд невр (воздух нормално)
аим гона лив форевр...... итн. Не се битни грешките, битно е да се пее, а најбитен е воздухот- со толку вдишување и издишување мислам дека за тајминг на една песна од 3 минути, може да напумпа гума тубелес од стоеден -Просто се запрепастив, обожавам да ми пее.
Вчера ми ја направи најголемата забава- добро е кога ќе излезеш и ќе се прсниш од смеење, ќе се опијаниш како стока, и ќе се отруеш од цигари, ќе запознаеш спонзоруши, млади и згодни девојчина/стари ергенки, 2 јапонки, и по некое прибрано моме, кое треба пола сат да и кажуваш смешности за да го добиеш бројот, но никако не смееш да и звониш во доцните часови, само може да го искористиш како покана за кафе муабет или вечера- сето тоа со закажување 1 ден порано.
За сите кои не знаат која е песната
...вит лирик (видши - издиши)