Ова не е обична приказна за велоспипедот. Уствари ај бе наши сме си, ќе биде точак. Ок?
Значи точачиња има многу: од детски, сосема мали кои дури имаат и дршка која родителите ја буткаат за да може малиот невешт возач да си се вози, малку поголеми со помошни тркала, па се до оние за големи. Навистина ги има најразлични врсти...
Нашиот живот е како точаче...
Додека сме мали имаме мало точаче, помошните тркала помагаат затоа што сме невешти и лесно паѓаме. Ни треба помош и подршка од околината, како кога родителот го бутка точачето, а малиот возач само го држи воланот и со чудење го набљудува светот. Таа вожња е баш како нашите животни искуства... На самиот почеток, го запознаваме светот, се прилагодуваме, учиме “ правила на понашање ” и совладуваме вештини за преживување во светот на возрасните.
Како растиме, така расте и нашата вештина на живеење, спремни сме за се подобри и подобри “ модели ”и преминуваме на малку поголеми : прво со помошни тркала, а потоа јуришаме со големи точачиња.
Животот е како точак – како растеме, така сме се повешти и можеме да се возиме – живееме се подобро и поквалитетно... Али главната финта која ги поврзува сите точачиња е дека баш сите модели – возат додека вртат педалите.
Така е Кајгич “ живееме додека вртиме на педалите ”! Кога идеме низ брдо, тешко е па мораме да ја впрегнеме целата сила и знаење да дојдеме до врвот, а понекогаш животниот пат нуди убави и лагани угорници, широк пат, каде можеме ненаситно да уживаме во разгледувањето на околината.
Понекогаш може да се деси и да пукне гума, па мораме да застанеме и да ја поправиме, али едно е битно: ако не седнеме пак и не ги придвижиме педалите, нема да стигнеме на дестинацијата, нема да стигнеме до целта. Не можеме да ја исполниме суштината на животот и да се наречеме луѓе... Животот продолжува напред и има смисла само додека вртиме на педалите, а вожњата сама по себе носи возбудување, предизвик, раст, но и разни дупки на патот и по некоја пробушена гума... Но немојте да го заборавите најважното: вожњата нуди цела една бесконечност од пејсажи, луѓе, дешавки и насмевки...
Само додека ги вртиш педалите живееш, кога ќе престанеш - паѓаш од точакот.
Вртете ги своите педали и издржете...