Кајгано мори како дува надвор мислам дека ќе ми се распадне цела куќа.
Дворот ми е како цунами да поминало
Вративе сами почнаа да си се отвараат....
А мене мува не ме лази, си гејмам менџаер, Англиска конференција со Бреинтри и то...
Се враќам прееска со кола, снег шиба, ветер до колена... и глеам, едно дрво сркшено, друго, трето паднато на пола пат, на другата половина гранки расфрлани. Морав да слезам и да ги расшутирам за да можам да пројдам. За (не)среќа сам бев...
И глеам после, расфрлани гранки, ќерамиди испопаднати, најлони, ѓубре, немаше струја - нема улични... ко Дензел Вашингтон у пост-апокалиптичен филм се осеќав...
Весела, весела, највесела! кајгииии Христос се роди! Аххх, одам на ручек кај момчето, а после по неговите роднини на гости Планирање заеднички живот на велико! Се оди добро сега за сега Среќна сум, бре, среќна! Посакувам сите да доживеат толкава среќа! Среќен Божиќ
Кајгич, вечер ќе ми дојдат на гости едни другарчиња( под другарчиња разбирам и машки и женски и јужен пол) шо многу си ги сакам. Ќе ги носам на свирка и очекувам дооооооооооооооооооооолга лудо пијана вечер со мНогу насмевки....
П.с Ете глеаш заборавив
После П.с Значи посекси створење од женско ин блек нема. Ојдов да спијам оти вечерта е долга. Си јаа.
Драга, БалашевиЌ. Одамна не сум те тролнала.
Толку сум далеку од сѐ, чудо едно. Којзнае како ќе биде кога ќе се вратам, дали пак ќе ми биде така сѐедно за некои работи како што ми е сега. Ај, да дојде тој ден па лесно е после. Да го видам знакот "Мотел Предејане" (што стално го читам "Преједање") и да си стигнам дома... Нема м'гла овде, ама сакам да видам порти, фонтани да видам
Не знам зашто, ама на Скајп ми стои како Skype Test Call да ме има блокирано Forever alone lvl миЉарда.
Ајде, до наредна прилика.
Н.
Драга
Морам добро да си го организирам времево дека ова што го правам нема смисла -.-.
Утре пак четири часовно патување само за промена овој пат со книга во рака. Што се мора се мора!!!
Ај бегам јас доста те гњавев.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.