Кајганче!
Пак јас=]
Полека, полека се стишуваат обврските и нервозите околу факсот.Конечно можам да ја осетам зимата онака како што сакам, шетајќи по накитените улици, меѓу луѓе кои трчаат де натаму де наваму, трошејќи го последниот денар, за подароци, гардероба за "најлудата вечер" и сл.Среќа што тој феномен кај мене се уште не пристигнал, најверојатно затоа што не чуствувам никаква еуфорија за празнициве кои се ближат или затоа што се уште не паднал првиот асален снег.
Но сепак, иако не ја осеќам, се разведрувам кога ќе ги видам насмеаните лица на дечињата кои итаат да се сликаат со Дедо Мраз на плоштад, нивната среќа е најискрена и најубаво изразена, таа е тоа што ме исполнува највеќе периодов
.
Како што поминуваат деновите, додека јас ја терам мојата 21 година, иако среќата не е нешто многу присутна кај мене, сепак нешто друго е.Моја пријателка би рекла: "епа тоа ти е рамнотежата во универзумот" едно имаш, друго немаш, ама на крај би требало се да испадне како што треба.Како и да е, тешки филозофии паѓаат деновиве кога станува збор за моето созревање.
Созревам Кајганче, колку и да е од едно страна лошо што повеќе не сум толку брлива и смотана, толку е и добро затоа што ликот кој го гледам спроти мене ми се допаѓа.Ми се доапаѓа повеќе од она што беше претходно.Иако треба уште труд за надоградување во позитива, имам трпение, ќе си почекам како што чекав до сега.
Во последно време, ми стигнуваат повици од многу луѓе, што ме тера да се зачудам.Некои изразуваат желба да ме видат во најбрз можен рок, а други пак се јавуваат за да ме прашаат како сум и до каде сум.Не дека не ми е мило, ама чудно ми е пак=].
Затоа што, иако се ми се чини така розево, или му се чини на некого гледајќи од страна, да ти кажам дека сепак мене малку на сивкасто ми удира.Зашто на моменти додека сум меѓу луѓе, со кои има издржан разговор и успатни превртувања од стол, јас се осеќам сама.Супер е што си потврдив на себе дека можам сама да се искачам до врвот, дека сама можам да ги победам сите околу мене, или да постигнам, направам работи кои од мене не се очекувале, но уште поубаво би било кога би знаела дека имам некој покрај себе.Деноноќно.Дека кога ќе се почуствувам сама и беспомошна, можам да оттрчам и да ме смири на свој сопствен начин.
Нормално дека сум опкружена со многу добри пријатели и пријателки, но сепак постои тоа парче сомнеж за сите, па затоа оставам на трпението повторно да ја среди работата.Да не избрзувам со заклучоци, да не бидам брзоплета, да ги оставам да се докажат.
Знаеш, ми се свиѓа новата јас, полна со трпение а помалку нервоза, полна со разбирање и помалку избувлива.Сакам да останам на тоа што сум сеа, на таа што сум сеа.Затоа што ако порано убавите зборови кај мене не ги ни допираа кваките на златните порти, сеа ги отвараат, а убавите дела, ги оставаат ширум отворени
.