Гладиус
notusually
- Член од
- 14 август 2008
- Мислења
- 5.508
- Поени од реакции
- 1.728
Кајгано ти ветив. Еве си во нова, подобрена, бр.9 верзија
Драга ма... Look who's back
Глеам Стрит Денса се пожалила веќе
Е сеа ја сум на ред да се фалам
На 16ти всушност тргнавме два саати покасно од предвиденото. Прво, немаше место во автобусите, второ, пасошите каснеа од Србија и трето - визите беа утнатни на неколку места
Како и да е, по два саати мрзнење на Дрво-декор, конечно тргнавме... По пат убаво. Си игравме мафија, МЛС, асоцијации, пантомима на песни, филмови, реченици и дури успеавме да играме и расипан телефон
Да започнам со Плитвички. Иако стигнавме на затворање на парков, успеавме да видиме голем дел од она кое ни беше ветено. Освен крстарењето по некое од езерата друго сè добивме. Водата кристална, чиста со небесно плава боја. Јата на риби кои смао лебдеа во водата. Огромен водопад и прекрасна пештера.
Заклучок: Околу 150 слики
Во Лидо ди Јесоло стигнавме вечерта кај 2 некаде. Мртви утепани дознавме дека сме поделени во три хотели. Ние бевме со класот со кој бевме во автобус (многу нормално нели) и со турската паралелка... Малку се разочаравме шо сме поделени така ама на сè заборавивме кога влеговме по собите. Наместо клуч имавме картички. Во собата нема струја или вода ако картичката не си е на место во слотот. Ролетната од балконот се спушташе и креваше на копчиња А темепратурата во собата си ја контролиравме сами. За вц-то муабет да не праам. Имаше место за да играме, фудбал, кошарка, бејзбол, рагби, ватерполо и голф и тоа истворемено
Широка туш-кабина (другите хотели немале туш-кабини) и чисто вц од плочки да седнеш да јадеш
Поглед од тераса директно на море. Насабајле, оставаш торнадо соба, вечер се враќаш во кралски апартман. Имавме собарица еј!!!
Доручекот ништо посебно. Ова италијаниве мрзеле доручек па онака колку да се рече јадење имавме...
Ама затоа кафе, чај, капучино, топло чоколадо, чоколадно млеко си имавме неограничено
После доручек ја посетивме плажата.... За да не ја опишувам ќе објаснам вака...
Мислам дека ја доловив поентата.
Венеција беше многу повеќе од она што очекував. Мирисот на влага за кој сите зборат го осетив само на 2-3 места а не низ цел град.... Да раниш гулаби на плоштадот св.Марко пред истоимената црква и пред најскапиот кафич во Италија (каде еспресо со кисела вода е 37 евра) додека ечат камбаните од црквата е нешто неописливо.... Се чувствував како гранка кога по 5 гулаби ми стоеја на двете раце (и еден на глава).
Си се повозевме на гондолаПрекрасно беше... Да не се заборавам на Венеција... Во друга прилика повеќе...
Вечерта скокнавме до дискотека Splash!!! Со два-три збора, лошо наместена, тесна без мохито дискотека.
Заклучок:200 и нешто слики
Верона на влез и не беше така убава. Иако касневме саат зад другите, сепак имавме саат и пол за разгледување на Верона. Си се сликавме пред третиот по големина колосеум. После, ја држев статуата на Јулија, која се наоѓа под балконот на типкава, за десната града (така машките замислувале љубовна желба, а женските ја држат за десна рака). И на крај трчавме за да стигнеме на време на плоштадот и да тргнеме за Милано... Можеби ја видовме Верона на кратко ама важно беше прекрасно она што го видовме...
Милано започна од никаде да се појавува пред нас... Згради со футуристичка форма нè дочекаа на само 5 минути пред нас да се појави дел од Сан Сиро. Штета што немавме време да отидеме до стадионов.
Како и да е, кога се симнавме се упативме кон Il Duomo, втора по големина Катедрала по св.Петар во Ватикан.
Од тука се упативме пората која води кон Миланската скала и споменикот на да Виничи.
На крај, изморени от шетањето и разгледувањето на Милано испоседнавме на јадење Додека пола од генерацијата бараше МекДоналдс за да гнете фаст фуд, ние си седнавме во ресторанче и си каснавме оригинални тестенини. Taglietti bolognese беа прекрасни. Комбинирани со услужливоста на италијанците и десертот после ручекот беа една од најубавите работи.
Вечерта решивме да останеме у соба и да пиеме сите заедно. Околу 2 и пол - 3 вечерта во соба ни се приклучи и класната, и иако не пиеше и она сепак си имавме весела атмосфера. Цел клас заедно на купче.
Сабајлето тргнавме за Постојна...
Прекрасно беше внатре, само што не го видовме рипчето
Како и да е, сабајлево стигнавме први во Скопје До пред малку спиев и конечно за време од 6 дена, се наспав
Ајде да одам да се подсредам малку и да легнувам пак
гладиус, over & out:поспан: