- Член од
- 30 јули 2014
- Мислења
- 5.127
- Поени од реакции
- 16.187
Драга, начинот на кој ме буди наутро на мојата перница, кога ќе ми каже тивко "тате" и ме гали со рачето, кога ќе каже дека ме сака најмногу на светот и ги шири рацете, нежноста која ми ја пружа дур се гушкаме, кога ќе ме погледне во очи со очекување дека треба да ја заштитам, кога ме слуша и препознава кога сум сериозен и до кај се границите, кога се поставува заштитнички кон мене и не дава никој ништо да ми направи, кога заспива на мене дур и раскажувам за лошиот Стефан кој бил заклучен во веце и му дошла вештерката, кога ме бацува кога нешто ме боли, кога трча да ме спаси кога сака вештерката да ме украде... на 3 ипол години... Поради неа го сакам животот, поради неа почнав да верувам во Бог, поради неа станав амбициозен и сакам да зграбам се од животот за да и дадам на неа. Навистина има нешто посебно во односот меѓу таткото и ќерката. Будалите нека мислат дека ќе се откажам од тоа или дека ќе ми го одземат на било каков начин.
До некоја наредна дружба Кајгана, двапати мислам дека беше повеќе од доволно за овие неколку години, веќе досадна си станала.
До некоја наредна дружба Кајгана, двапати мислам дека беше повеќе од доволно за овие неколку години, веќе досадна си станала.