Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.094
Поени од реакции
15.956
Драга, начинот на кој ме буди наутро на мојата перница, кога ќе ми каже тивко "тате" и ме гали со рачето, кога ќе каже дека ме сака најмногу на светот и ги шири рацете, нежноста која ми ја пружа дур се гушкаме, кога ќе ме погледне во очи со очекување дека треба да ја заштитам, кога ме слуша и препознава кога сум сериозен и до кај се границите, кога се поставува заштитнички кон мене и не дава никој ништо да ми направи, кога заспива на мене дур и раскажувам за лошиот Стефан кој бил заклучен во веце и му дошла вештерката, кога ме бацува кога нешто ме боли, кога трча да ме спаси кога сака вештерката да ме украде... на 3 ипол години... Поради неа го сакам животот, поради неа почнав да верувам во Бог, поради неа станав амбициозен и сакам да зграбам се од животот за да и дадам на неа. Навистина има нешто посебно во односот меѓу таткото и ќерката. Будалите нека мислат дека ќе се откажам од тоа или дека ќе ми го одземат на било каков начин.

До некоја наредна дружба Кајгана, двапати мислам дека беше повеќе од доволно за овие неколку години, веќе досадна си станала.
 
D

dobramuzika

Гостин
луѓе што чуваат кучиња кои лаат по цели ноќи, од кучиња кои понекогаш не можеш да спиеш како што треба, се бунат затоа што еднаш во годината во седум сабајле сечеш дрва.
 
B

Beginner

Гостин
Животот е премногу беден и суров. Утрово почина дедо ми(67 години) во мојот двор од удар. Го оставив сам во дворот само за да одам вода да се напијам се задржав само една ебана минута кога се вратив го најдов на земјата... 10 минути пробувавме да го "спасиме" иако знаев дека е мртов не сакав да поверувам. Брзата помош дојде колку за лажна надеж. Сеуште се осеќам крив си велам може да не отидов вода да пијам друго ке беше ама тоа е. Утре ке е погребот а па на 22ри имам роденден цел живот ке си го памтам роденденот по лошо. Поентата ми е луѓе колку години и да имате живејте го животот како секој ден да ви е последен. Почитувајте ги постарите сфатете дека и на нив им е тешко стари луѓе колку и да ве имат изнервирано простете им.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Од луѓе оние "Абе јас ќе ти завршам работа и тоа за еден месец, набрзина ќе земеме, сите ме познаваат, а ти само плати си тоа што треба, документи испрати ми абе не мора ни да доаѓаш лично."

Еден пасош не го услужуваат да му ископираат, он познати имал. :pos:
Да знаев дека ќе ме остави сам да си ги терам работите немаше да се замарам ова лето со тоа. Ај мрш.
 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
854
Хамана хамана хамана хамана Осссс:нинџ:
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.126
Поени од реакции
15.950
Драга,

Секогаш ми е малце чудно кога мозокот од нигде некаде, низ скроз нормален муабет почнува да ми регистрира фацијални експресии што си ги видела милион пати ко секси. И си мава скриншот, нормално.
Дали некако брадата беше он поинт, дали ја мрдна веѓата поинаку, дали тоа што беше задлабочен во темата и тој поглед се склопи во претходното во фина комбинација, не знам.
Дали некој милиметар брада плус или минус може да ве направи посекси од вообичаено? Мојот зезнат мозок вика дека да. :toe:
 
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Драга

Кај и да одиш ќе сфатиш дека не можеш да избегаш од мкд менталитет.
Најтиња сме, жити све.
Секаде истиот муабет кој со кого бил и се оставил, кој со кого пиел кафе, кој на кого му рекол дека изгледа како мајмун и ред други глупости.
Мислам, дај чилнете и за промена гледајте си го вашиот а не туѓиот живот, напорни сте со осуда, олабавете.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom