Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Нема поголема радост кога еден од омилените бендови ти гостува во градот во кој живееш. Swans по втор пат, овој пат на домашен терен. :D
 

a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
495
Поени од реакции
274
Прв пост овде. Се надевам нема да пишувам патетики во иднина :)

А за денес што имам да кажам? Досаден ден. Дел поминат во работа а дел во уживанција. Ова е делот со нозе кренати во вис таблетот во рака и чилање. Ми треба уште добра музика. Навистина добра музика. :O
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
6
Поени од реакции
14
Кодоши бе, кодоши насекаде, муабети вадат, хејтаат, конзервативни сфаќања, мизерија бе, кукачи од секаков вид, а види што убаво време е надвор.
Излегува дека јас кукам за тие што кукаат, ај прв и последен пат
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Губи Ноле и
1.853.447 разочарани Срби и
1.905.389 разочарани Македонци.

Поголеми патриоти од Србиве сме хуе хуе.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Таја мене не ме пеглала, амор ќе ти ја пукнам та глата:D
Толку се имам испраксирано да пеглам последиве осум дена шо жена не ми е равна, само да не ми ги тупнит и нејзинине испреплетени туники, маици, кошуљи со некакви никакви светликави ѕунѕурки на ними.
И не сум папучар да се разбериме, домаќин чоек си сум бе, цвеќе за мирисање:D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ваква епска доскочица каква што модерниот хумор не памти (како онаа погоре) треба да се чува за кога ќе изгуби дечкото, вака мех. :kafence:
 
Член од
25 септември 2014
Мислења
264
Поени од реакции
394
Моментално победата на Ноле на големо се слави во Борис Трајковски.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.016
Драга

Sи праиме иди ми - дојди ми.. Таман дојдовме и се привикнавме, утре се враќаме за Цирих... Не им се сфиѓало времето. И сеа ќе потрошиме накај 2000+ евра за картиве и плус на цела мака се враќаме назад у Шведска за 2 недели, ќе се опраело времето до тогаш.. o_O
Тоа се дешава кога си богат и моеш да фрлаш пари.
Шо ќе биде кога ќе го купат авионот жити се... :cautious:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.694
Фенерот што си го купив пред некое време досега сум го употребил само мал број на пати. Го немав употребено од зимата кога имаше периоди во кои останувавме без струја, а никогаш не помислив дека нареден пат ќе го запалам за да оддадам последна чест на едно наше мало "пријателче", да не речам член на семејството. Си замина и ја однесе позитивната енергија со себе, мала утеха е што последниот пат кога излезе од дома си спиевме заедно и голем дел од времето го минавме во галење. За разлика од неговите претходници, овојпат директно не ја посведочивме неговата смрт, па некако подобро ја поднесуваме загубата од минатите пати. Може звучи чудно, луѓе губат блиски роднини, цели фамилии, партнерите, па ќе речат што се потресува и глуми овој што го загубил домашното милениче, но кој чувал мачиња, кучиња, папагалчиња итн, ќе разбере дека воопшто не е сеедно кога си останал без некој кој ти станал секојдневие, некој кој постојано си го гледал крај себе.
А ништо не навестуваше на нешто такво. Волку "див" мачор досега не сме имале, уверени бевме дека нема да има проблем да се снајде во дивиот надворешен свет. Маче не можеш да контролираш, си има свои потреби, навикнато е и да преживее само по улиците, особено кога си го вдомил од улица. Сигурно бар 1/4 од денот ќе помине надвор, можеби не далеку од куќниот двор, меѓутоа доволно е еднаш да излезе и да биде отруено или како во случајов да го прегази кола...
Ретко одеше подалеку од мојата улица и на истата не постоеше никаква опасност да му се случи нешто вакво, меѓутоа главната улица во населбата скоро секогаш е опасно место за мачиња. Пред некое време најубавата мачка на комшиите им ја прегазија скоро до дворот, а сега настрада и Боро. Така сакала судбината, немаше доволно мачки на мојата улица, па затоа се движеше малце подалеку од дома... Бар никој да не го видел безживотното тело, едноставно ќе си исчезнеше како мојот прв мачор и никогаш немаше да дознаеме. Но...
Го немаше околу 15-тина часа. Вечерта си доаѓам дома и го гледам татко ми како е видно потресен. Се јавила тетка ми да ни каже дека братучед ми сабајле видел згазено маче кое личело на нашиот Боро, но не сакале да ни кажат. За неколку минути некој го собрал телото, не ни приметиле кој. Братучед ми не бил сто посто сигурен, па остана мала надеж кај нас, иако со одминувањето на времето истата беше се помала и помала. Веднаш отидов да видам да не најдам некои траги во околината. Не најдов ништо, а и мојата потрага низ цела населба остана неуспешна. Татко ми беше за нијанса поспокоен мислејќи дека Боро никогаш не одел толку далеку, ама морав да му признаам дека јас постојано го собирав од таму...
Настана тишина прекината од плачењето на татко ми. Секогаш ми било глупо да плачам пред него, па се повлеков во двор. Двајца мажи како плачат по мало животинче, тоа е моќта на куќниот миленик. Мајка ми не беше многу приврзана за него, но за татко ми претставуваше нешто многу важно во животот. Солзите сами си течеа, колку што ми беше криво за него, толку и за татко ми...
Влегов дома после еден саат, се договоривме дека ако не дојде до вечерва, официјално ќе сметаме дека тој е прегазеното маче.
Татко ми заспа, но јас останав да чекам до 6 сабајле, со отворени врати во надеж дека ќе го видам. Си ветивме дека ако се врати никогаш нема да го пуштаме надвор, колку и да се противи на тоа. Но, не дочекавме... Секој шум во двор ме тераше да излезам и да гледам да не ровари низ бавчата во дворот. Ми се слушна дека некој јаде од храната за мачки, но одново ништо. Ме совлада сонот, но не за долго. Се разбудив после 4 часа, а татко ми веќе беше во двор. Излегувам со надеж на позитивни вести, но дочекав само едно "Боро бил"...
Не издржа и заплака во двор, а овојпат јас бев тој кој се повлече дома...

Во последниот период бевме посебно поврзани. Топлото време го совладуваше преку ден и цело време си спиеше дома. Ноќите веќе нема да бидат исти без него. Скоро секој ден читав книга во двор додека целата улица беше во длабок сон. Тој си лежеше до мојот стол и будно го следеше секое мое движење.
Нема веќе кој да ги јаде саламчињата УКА од локалната продавница. Нема кој да се брка по таван, нема кој да ја пие водата која се собира при врнежите во една саксија во двор, нема на кого да му дадам дел од копаните кои ги јадеме со ориз, нема по кого да викаме кога досаѓа, нема кого да го галиме и да го нарекуваме со 500 имиња, нема кого да го сликам и да го покажувам насекаде затоа што беше гордоста наша :icon_mrgr:
Дотурка и до насловната страна на кајгана списанието, дел од кајганџиите го запознаа во живо, а го знаеше и цело маало. Остана мистерија и приказната со сапунот, сега никогаш нема да може да се октрие што се случувало. Жалосно што сите радосни и смешни вести кои ги постирав за него во темава, сега завршуваат со еден ваков тажен пост.

Му реков на татко ми дека не смее веќе да тажиме, ќе си го памтиме како што си беше во последните денови. Барем нема да се јадам долго време како кога ми исчезна првиот мачор кој иако мјаукаше надвор заборавив да го пуштам дома и се случи тоа што се случи.
Ако ништо друго го прибравме од улица и три години си живееше грофски живот. Мило ми е што ми беше домашно милениче, почивај во мир пријателче.

Четврто маче што ни умира од 2010 година, да се надеваме дека со наредното ќе имаме повеќе среќа. Нека помине малце време да се опоравиме, па ќе барам некое помаранџесто рунтаво, ново маче.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Пукав од досада, пукнаф!

А мрза ме фатила некоја, не се трпи. Трипати си плачев денес, излеа без причина. :toe:
Ме мрзи, да станам од сабајле, од спиење. Ме мрзи, да отидам до веце, на миење... :свиркам: Песнава изглеа е стара. :D

Прееска татко ми целиот изгубен се враќа дома: А, бе дома ми е телефонот? Кај ми е? На масата ми е?
И после на кого сум се метнала, мех. :icon_mrgr: Па уште ме прашува со кој памет сум го забораила мобилниот на клупи. :pipi:

Досадно ми е бре, досадноОоУ! :cautious:

Им викам на моиве, ми се јаде сладолед. - Па иди купи.
Да бе, така лесно било, иди купи! :cautious: Иди купи! :cautious: Ти иди купи. :cautious:

И после 10 минути влага татко ми у соба: - Стварно сакаш сладолед?
- Сакам. (со надеж дека ќе иде да ми купи)
- Е па нема, има диња. :boksix:

И си излезе од соба!

I'm not always bored,
but when I am I can always get advice to clean my room. :kuracc:

Ај, отидов да бидам мрза, кога више не ми се спие. Ќао. :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Се чека рандом пациент што ќе го окарактеризира постов на Коњаникот како крајно патетичен и беден....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom