Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Пред едно 3 години комшијата ги откажа сите можни сервиси на кабел шо одат, фиксен интернет телевизија се со ред.
Ако му требало интернет за лап топот хотспот ќе уклучуел, е арно ама и покрај шо нели е неограничен мобилниов сообраќај сепак бил ограничен. После две недели дојде кај мене за пасвордот од вифито за кратко додека не напраел нов договор, ок ништо страшно повели комшо.
Тоа кратко траеше три и кусур години се до вчера вечер, седнавме жена му у кујна кафе вари, на заебанција му викам слушај на годишен сум неам шо да праам дај пасвордот од нетфликс да изгледам некоја серија ко чоек.
Нема проблем комшо, ми запиша пасвордот. Глеј за живо чудо ссбајлево се логирам, работи си пуштив некоја глупа серија на неговиот акаунт, околу 15 викам ај некое филмче ќе пуштам кога куууур погрешна лозинка ми дава, ок.
Во 17 некој ми ѕвони на врата.
Здраво комшо
Здраво
Тато ме прати да те прашам да не имаш проблем со интернетот?
Не бе, зашто?
Не можеме да се логираме...
А па ја сменив лозинката, кажи му на татко ти да иде да се ебе у гз.
Друг комшија имам цел живот нешто зајми, дали е апаратче за полнење акумулатор или друг алат нема везе и ако не му дадеш - Не разбирам зашто да не му дадеш на човек ако имаш.
Зашто јас сум дал пари ебате лешперот.
Цела куќа ја направи со "другари" ебан денар не даде, сега отворил авто перална и ако некој му рече гратис да му ја испере колата хистерише како тоа тој фамилија ранел од тоа. Додека беше жива мајка му го фалеше ептен голем домаќин бил, кога ќе му дошле другарите на гости кватро им давал иначе он кока кола си пиел дома, цел на татко му по домаќинлак.
И така
ПС: На работа имам татко и син кој живеат заедно и одат заедно на работа у иста смена, али кола никад немаат запалено (три ги имаат во двор) за или од работа, не им одговарало. А први се да ти се убацат у кола да ги носиш до дома иако ти е 4 км оф у еден правец, и нив ги одјебав кога ми се убација у кола, извинете дечки накај карпош ќе одам.
Паразити на сите страни, големи домаќини шо ти објаснуваат како требало да штедиш.
 
Последно уредено:
Не сум бил под стрес и утепан од работа и трчање по децава, сум бил адиктед на кортисол и допамин. Абе сто мајки да му ебам на инстаграмов.
 
Драга..
Време за спиење ми е..

Гледам тема: "Што се случува со жените во државава"..
Отворам: @Ska Maniac за мачки прави муабет :facepalm:
се враќам малце.. животните било во насловот :rolleyes:

Си викам сам.. бато, ти идеш под мач

GN all
 
Последно уредено:
Пакистанец, кинез, француз, германец една година во македонија и ти зборуваат македонски.
Србин роден тука 52ра ти прича српски пошто му је тешко македонски знаш оно.
Седам у бус и чекам да тргне, се качуе едно чиче околу 70 години,
Мајсторе за колико полазиш?
Молам?
Кад крече аутобус?
Шо?
Кад че да кренемо бре човече?
Ду ју спик инглиш? :D
Пред некој ден на наплатна станица сопот, ми наплаќа патарина и ми вика wait for the ticket?
Шо збориш бе дете,?
I don't understand macedonian ми враќа.
Аха, сега ќе видиме ручна гасам кола и се дерам.
ШЕФЕ! ШЕФЕ! Ми зема пари не ми дава билет!
Ој ти, сум му давал тикет бе жифми сфе!
Сега и разбираш и зборуваш македонски све да ти ебам!
 
Последно уредено:
Македонскиве портали кога не преведуваат текстови од српски портали.
Се породија Ирина планинарката од скопје и пејачот Павле.
Модната инфлуенсерка Јулија од битола која има 5000 фаловерси на инстаграм е 5ти месец бремена од нејзиниот 4 години помлад сопруг.
Чек да уклучам куроболиево на максимум.
 
Последно уредено:
@Trcajlazi шо



че му раскажувам на правнуците (стекнати преку сурогат мајка), дека ова била Рајнира Таргеријан од Илирија. Че ги мотам ко вас овде.
face-with-hand-over-mouth_1f92d.png

Ајде чкембар опсаааа, *крева чаша високо*.
Автоматски споено мислење:

Um Gottes Willen, Јелена е такво балканско геније!!!!
Love the tits. *палец на горе* Со нив личи ко да е суперхероина од видео игра, инспирирана од некое јапонско аниме. То шо е илиријски 2 метра, помага плус.
@puno според римски извор, Илирите имаат висина од над 2 метра. Кај се вашите високи? Ко Никола Савејлич Црногорецот на пример? Дечко и на Милица Павлович?
Ја че ти кажам. Југословените се Илири. Генот сеуште виреј низ Далмација, Црна Гора и особено..во СРБИЈА. Царот (дете) Константин е Србин по татко, Грк по мама. Зато толку се држат до светото.
Автоматски споено мислење:

Србите се во просек највисокиот народ на Европа. Ги клаваат Холанѓаните на второ место.
Хаштаг #ИЛИРИ. Од најстари Александрови времиња - единствениот сосед кој Македонците го почитуваат.
Александар научил да мечува во воен камп во Подгорица. Само..со кој меч? Со онај.. долниот? Се надевам браќата Црно-горци биле малце поозбилни од нас Македонците. Ама тешко ова. *Се кликоти.*
Како тешки мераклии и љубители на својот сој, сепак би истакнал, дека за еден саат со Јелена в кревет и Александар би потпишал договор со Ѓаволот. Секој сонува да ги бакни тие рамена и тоа илиријско лице и врат и долна вилица.
Хм, ај доста е. Ви фалев, сетив.
 
Последно уредено:
Кајг,
во лер состојба не се загрева моторот на автомобилот, во зимски услови при лизгав терен ниту нагло се кочи ниту нагло се дава гас,
 
Гууд најт кајгано, падна фудбал и пивце денеска....може да се спие со задоволство.
 
Драга
Добро е што ги заебаваме бугарите за тоа како се е бугарско, ама не ги заебаваме србите доволно тоа што нова година по стар календар ја нарекуваат СРПСКА нова година.
 
Почна редење на коцките Кајги фала Богу, дел по дел.
Прво , нели со станот сум позадоволна.
Новава канцеларија ми е топ. Е ова е атмосфера кадешто ќе се работи, ова се жени, не оние Боже ме прости фрустрираните.
Особено кога дел од работата вклучува посета и контакт со деца, многу е битно со колегите да имаш убава енергија.
Колку и да си професионален, децата чувствуваат кога си жртва на мобинг.
Овој цртеж од денеска. Не се смејте, мали се, ама преслатки и сѐ разбираат и гледаат што сакаме да замаскираме зад шминката на као професионално однесување и бон тон. Еве со колешката како нѐ нацртала срцка. Јас сум таа од десно. :D
Ништо не им бега од око, ниедна воздишка, ниедно згрчување на веѓи или збрчкување на чело. Можеби, сите овие проблеми што ни се случуваат почнале оттогаш кога ние ја изгубивме моќта да се гледаме и слушаме вистински, освен кога треба некому да му се најде слаба точка.
472880786_1299395024644414_8550509781319323312_n.jpg
И пак и пак по милионити пат, иста работа ми се докажува. Каде има ароганција, кренат нос, гледање од високо, таму тешко има вредност поголема од твојата. Успешен човек, квалитетен човек, остварен човек, почесто има тенденција да им помогне на другите да се искачат нагоре. Затоа што кај првиов постои доволно самодоверба да е свесен дека со тоа, неговиот пиедестал нема да се разниша, оти до тоа место дошол со време, труд и испечен занает. Пола колешки ми се со докторати овде, со градски фамилии и саглам углед. И токму тие се од цела зграда најљубезни, најнепосредни, највесели, најсолидарни. Нема претеризам нафраканост и дотерување, на сапун или гел за туширање мириса собата, не на Шанел на полунебањато пример.

Оти нема комплекси кадешто има квалитет и комплетно изградена личност. Како она непишано правило дека најсаркастичните и професори наставници најмногу што заплашуваат, неретко самите биле најслаби и најнедисциплинирани ученици барем еден период. Намерно не реков строги. Строгите и правични ми беа омилени и секој кога бегал од нив, јас отсекогаш во прва клупа, со окалките :D се трудев колку е можно на повеќе листови од тетратката да соберам од нивното знаење. Ден денес ме паметат. Добро, тука на моменти и лудата храброст си има свое, ме фаќаат бранови така, после се чудам како да излезам од ситуација.

Оние коконите потпишале отказ. Две и пол години душата на памукче, секој ден да се плашиш за свој леб иако ништо немаш помалку или погрешно направено, да чекаш крај на работно време да се скриеш да си се исплачеш додека те знаат за секогаш насмеаната балканска колешка, ама ако. Просто нека им е дотука. Ваљда Господ мисли доволно сум силна за предизвиците што ги дава, истрајав без да играм валкано ни една секунда. Од дно на душа им посакувам работно место кадешто самите ќе бидат поисполнети и посреќни, оти тука, колку и да беа лоши и bossy, среќни не беа. Можеби тоа и беше проблемот, кој го гледал филмот Incendies го знае моментот дека најизмачуваната заробеничка беше жената што пее. А, јас и покрај нив, знаев дека тука ми е местото, со оглед на работите периодот. Утрето што ќе донесе никој не знае. Ама, тие нека им се погоди работно место како за нив, макар од мојата дупла плата да земаат. Сѐ нека им е најубаво, само од мене далеку. Не сакам да мислам лошо никому, тој отров секогаш на сопственикот се враќа.

Станбено, маалски, добро, со работа добро, уште една работа веќе да се финализира, еден убав брак, без многу одолговлекување во рацете детенце, како што сум помогнала на толку луѓе, да израснам и една моја минијатура и веќе аман, да се “пензионирам“. Што викаше Гоце Тодороски кога идеше кај кадијата да му ги бара парите на нозе да застанам без да ми речат па ете, стоиш. :icon_mrgr:

А, тоа ќе биде. Кога веќе гледам дека повторно се наоѓам себе си и тоа што е мое ќе го најдам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom