Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.476
Поени од реакции
68.905
Што правиш на врнежлив ден кога имаш работа преку глава?
Ваќаш воз, идеш малце во Битола, после во Прилеп, си купуваш балонка и играш пред тамошната општина. Шарена револуција :icon_lol:
Се заебавам, на проба бевме во Победа, ќе не земале во прва лига, тандем со Гешоски во нападот :icon_mrgr: Ако отпадне Славија во општинска, потпишуваме одма :icon_lol: Или за Варош, или за Динамо од Мажучиште :icon_mrgr: Луди се тоа Прилепчаните и Битолчаните, секое село има екипа, штета што се завршени оптшинските лиги. Интересна населба тоа Варош :icon_mrgr:

Славија е посебна приказна. Во лигата во која 90% од натпреварите беа договорени однапред, математиките испаднаа дека треба да ги спасиме Беса, а ние да чекаме Јохановци да опстанат во втора лига за да не испаднеме во општинска. Четвртина Славија са Бесом :icon_mrgr:
Се скинаа од радување Бесом, тепаат на наместена утакмица и слават во соблекувални. Се изнасликаа сто пати. Дојдоа едни гзли шконски да ги сликаат. Ко што би рекол другар, каква позадина... :icon_mrgr: Бела пантолона, добар гз, ама фаци пропусници :icon_mrgr:

Друга работа, никогаш не сфатив која е функцијата на станицата Смесница. Се симнува ли некој таму бе? :icon_mrgr: Нема цивилизација никаде во околината...
Денес дознав дека било шконтарско селото :facepalm:
Постов наменет на Македонскиот фудбал, ќе го искористам за да им ја честитам куп титулата на KF Sledeca Sezona :kuracc:

Си го прокоцкав цел викенд на шетање, господ нека ми е напомош во наредниве месец и нешто. Следи кланицата :icon_mrgr:
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
381
Поени од реакции
653
А мори кајгано у секоја тема со партиски муабети те посолиле.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
ДК
Најинтересна ствар е како функционира мозокот. Читам на 9гаг
http://9gag.com/gag/am9eWMo
И си викам ај да си пуштам Escape - Rupert Holmes (позната како Pina Colada)
И после го читам првиот коментар. Тоа е се тие подсвесни шеми и врски :pos:
 
A

Antigona

Гостин
Кајги ,

Само на кратко да те поздравам друже, утре летам за Арменија хахахах ко на Евровизија да одам се осеќам :D Нека му е среќен пат на братучед ми и со среќа во Австралија - он си ја одбра , па сега сам нека се снаоѓа таму.
Друже , добро познато е дека сум бааги досадна кога ја форсирам Норвешка , но само да ти кажам дека пеачката од клипов долу е од Норвешка , аааааааааа :vozbud: Ај залепи ми шамар да смирам емоции :boksix:

Песнава ми е хит на неделата
I'm faded ....so lost , I'm faded ,,,аууу ја обожавам значи . :love:


П.С. Не ми замерувај, нешто сум во еуфорија друже :oleee:
 
Член од
16 јуни 2014
Мислења
314
Поени од реакции
797
Кајги,
Пред малку се вратив од матура на една роднина... Или ја остарев па стварно отупев, или матурантиве забегале... Едно време помислив дека гледам луѓе на црвен тепих, фрчат фустани што се влечат до доле, деколте, штикли на кои одвај стојат девојчињава... Сите скоцкани, ти се чини вредат милион долари... А никој со никој не е искрен, само гледаат да напраат селфи, да ставаат слики на фб и соберат коментари и лајкови... а оние што веќе се сликале со матурант/ка обавезно пишуваат "со најубавиот/најубавата матурант/ка":pos:до кај дојде работава...
Мило ми е што не сум од овие модерниве генерации...
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Алoooo вмрoвци, не ми гo чепкaјте Кaлaјџиев требa испити дa пoлaгaм кaј негo :D

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Си мислев да пишам нешто и... почнав, па избришав. Пак почнав пак избришав..
Пробав некое меме/гиф, ништа петнајс. Се вратив 10 страни назад, изнакликав лајкој, добив по некоја идеа ама ќе изгледаше ко плагијат и се одкажав.

Ево веќе 3ти ден ми е вака... хммм труден сум? :unsure:

Батали то, друго ми беше муабетов. Мразам слушалки бе жими све. Ем 10 минути ги отплетквам, ем никогаш во темница при рандом фаќање не ми се паѓат левата слушалка во лева рака, или десната во десна. Тој Марфи значит.. по нерви ми ојт.
Па ајде пуштај светло, тегни се, префрлај жици.... Ми идет да фатам да :uzi:некој.

Bild2.jpg
 
Член од
16 јуни 2014
Мислења
314
Поени од реакции
797
Кајгиииии !!!
Ми се смее и ми се плаче денес !!!
Ептен се изнасмеав на работа со едни, а други од колосек ме извадија !
И така ми е веќе 2 години на работа, секој ден !
Секакви луѓе Кајги моја драга, ама најинтересни ми се оние што не трпат вистината да им ја плеснеш у фаца, оние што се улижуваат само кај оние од кои што имаат корист ! Од такви продадени души ќе пропаднеме !
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.128
Поени од реакции
15.959
Драга,

Едвај чекам да издојдат сите кои намислиле да идат за матурава на брат ми и да заврши циркусов.
Три дена значи. Преку кур ми е. Не дека мене ми е тешко да правам бош муабет со сите, али мајка ми е тешок контрол фрик кој обожава да наредува и да смислува глупости во заден момент. Па и кога ќе се спои тоа со баби, тетки и сите кои сакаат памет да дадат, кил ми нау.
 
Член од
23 август 2013
Мислења
296
Поени од реакции
640
Денес по не знам кој пат се соочив со момент на конструктивна завист.
Она кога ќе видиш дека други луѓе во исти ситуации со тебе имале на располагање многу повеќе од тебе и имале нешта кои ти во таа ситуација не си се сетил ни да ги посакаш.
Од една страна, знаеш дека е автодеструктивна помисла и веднаш реагираш кон неутрализација.
Од друга страна, си пресреќен затоа што ова значи дека уште не си се вообразил и скаменил во душата до таа мерка за да изгубиш контакт со себеси, во својата најслаба и најсирова форма.

 
Последно уредено:

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Чекајте малце другари ја стварно ништо не разбирам...

Ај да си кажам нешто и јас во врска со матуриве и глупостиве..
Фрст оф ол кој курац со родителиве бе,праат по кафани матурски со 130 души..абе тоа ти е свадба без невеста ништо не сфаќам ко од марс сум...преку таквото ако имате пари и ако ви се може кршете глава бре не ми доаѓајте на гости да ми се фалите со вакви срања..

Јас битно се разбрав со моите такви глупости несакам.Дома на вечера се знае кој ќе дојде и крај,башка вечерава е плус пошто и роденден ми е.

Трето.Ова па ич не го разбирам.
Абе женски ве виделе вас од дома какви сте излегле за на матура?Имате нешо вие познавање од етика,морал и такви ствари...или шо го ебам е работата...
Разбирам да носиш деколте или да имаш шлиц ама нели и за тоа треба усул бе луѓе...

Овде нешто не ваља.Или ја живеам во некој бабински стар свет конзервативен и растена така што во се се гледа до кај е мерата или вие сте отидени од раце...или хармонично заедно си одат овие.

Патем ко за крај да и ја сум матурантка и планирам да изгледам ко таква.Немам никаква еуфорија,како и да е знам дека убаво ке си поминам пошто сум весељак у душа.И не се радувајте за глупости тешкото допрва доаѓа..

п.с појавувајте се трезни во ресторан,барем нешто да памтите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom