Денес се сретнав со еден стар познаник, 45 години човеков, здраво викам како сте, ја држи главата доле и здраво ми вика и си мислам ок не сака да прави муабет ајт ќе си продолжам. И онака ја крена и незгодно и мене и него, едната страна како да не беше негова, како да беше на кукла, како цртана, окото излезено, лицето без гримаси без мрдање, раката без функција. И ми вика тоа е, мозочен.
Од прееска како кнедла да ми седи во грло...
Во две недели слушнав за 4 мозочни на млади луѓе што ги знам. 45 најстариот. Ебате животот кај глуп и никаков, па и онака да се мачиш пола човек пола ништо или ко другите тројца дома како билки. Само што си создале семејство, само што им почнал најубавиот дел од животот-мозочен. Деца, жена, девојки, кафиња, кафани, дружби.. Нема, чекаш да се спасиш и ги спасиш сите само.
Порано 4 случаеви ќе знаев со мозочен за 10 години и тоа се над 70 год луѓе...
Ќе се расправаме ние дали мрсно или посно сум живеела.