Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Ф

Флеш

Гостин
Дк

Само шо дознав дека пејачот Сем Смит се братучеди со Лили Ален,а пак Лили Ален пејачката е сестра на актерот од ГоТ, Тео ГрејЏој,што пак овој е братучед на Сем Смит ..... Абе непотизам .....Врски .....Затоа ќе пропадне државата ....Оној на оној,тој на тој .....Кај го најдоа глуп Ед Шеран да биде во ГоТ,кога можеа златен Сем Смит или Лили Ален o_O:unsure:

Нека иде амбиент ......

 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Дојде такво време да поевтино е да си нарачаш плескавица, стек, увијач, сендвич, алкохол.......... од тоа да нарачаш кафе или салата:вонзем:
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
На работа случајно заслушнав како 2 жени ги оговарат колегите, ретко нешто добро да слушнав иии конечно стигнаа до мене, а бе само добри работи, убавини :D Ми се направи денот, полн сум со позитивна енергија... едната жена дури и за зет ме сака :pos:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.758
Поени од реакции
83.145
Се сеќавам на времето кога на Велија му цветаа дуќанчињата и Макс Флипс Смоките...

Дешавка бр.1 - Тогаш се направи и Јуниор Купот, кадешто секое школо земаше учество во тој настан. Така беше и моево, и јас бев во екипа како втор голман. Поднесовме све документи, тренер што не учеше фудбал ни беше професорката по физичко која патем во бифша ЈУ била професионална ракометарка :LOL:, ја измачивме жената патем за ништо.
И сега ако ме држи сеќавање 3-4 дена пред настанот преку порака организаторите ни кажуваа која екипа ни се паднала за противник... ние како школо сакавме некое локално или комшиско дерби, со школи од Бутел, Гази Баба или Шутка, али ни се падна некоја екипа од локалниве села по Скопјево (македонци и албанци го составуваа тимот нивни)
Ајде доаѓа денов на одржување, идеме у Форца салата, тренерите на екипи си пружаат рака а вооедно ги даваат и здраствените книшки на фудбалерите за да види комисијата дали децата се до 15 годишна возраст.. Е сега екипите што биле пријавувани имаше
1) Екипи составени од деца од школите
2) Екипи составени од деца од локалните маала
3) Екипи чии деца веќе тренирале фудбал по скопскиве фудбалски екипи (Вардар, Скопје, Слога, Работнички итн...), и тие беа стварно добри секогаш гураа до финалните мечеви
4) 20-23 годишни гојда кои шверцуваа здравствени книшки од мали деца само за да се најдат на турнирот....

Е нас ни се падна четвртава варијанта :LOL: Излагаме на терен и ги гледаме нив, кој со брада, кој 2 метри висок, некој како Снорлакс дебел, друг дојден со фамилијата, а ние деца од 11 до 14 години. Ни ебаа матер поштено 7:2 беше резултатот, не се ни испотија а не решија.... а и ние ептен дрва, само 2 тренинга пред натпреварот одржани, кој од кој поутепан.

Дешавка бр.2 - Другата година ајде пак земавме учество, втора мајка што се вели, иако јас се откажав од тимот ради тоа што ја наебав ногата предходно, али бев во Форца да ги гледам моиве. Изгубивме 1:0 навистина несреќно :(. Али останав да ги гледам и другите натпревари, ништо посебно не се дешаваше, се додека не дојде полувреме на еден меч... Екипите ги договараа плановите за вториот дел, теренот на Форца празен, трибините полни, публиката се досадуваше.... и го гледаш излага главниот судија на терен и оди накај едниов гол со топката под мишка и залижана фризура ала Џанлука Папареста. Ја става на пеналтикот пред празниот гол, зема залет со сета сила (цела Форца го гледаше патем) и.... ја пука во ѕид, топката од ѕидот заврши негде во публика. Леле кога земаа цела сала со се екипите и комисијата да се смее, овој судијава што извади една кисела насмевка одма излезе надвор да чурне една цигара, целиот пропадна во земја... роднина на @Џони Вајсмилер ќе да беше.

И од тогаш никад веќе не бев на Јуниор Купот, бем ти и Форца, и организација и Велија да ти го наебам.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Чаптер 1- Мени виски, теби бенседини
Чаптер 2 - Теби виски, мени бенседини
Чаптер 3 - Мени и виски, и бенседини
Чаптер 4 - Поздрави се са животом
Чаптер 5 - Рипит
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.759
Поени од реакции
24.449
Прво се измачувам зошто не излегувам навечер со друштво, не затоа што така сакам, туку затоа што така требало... Ставам шминка, се дотерувам и излегувам од комфорната зона. Уживам првиот саат и подоцна се потсетувам зошто не сакам да излегувам, пијани луѓе, празни муабети, безуспешни обиди да „легнат нешто“, лажна почит, проѕирни комплименти... Буквално му избегав на друштвото, никој не знаеше каде сум. Назад во комфорната зона, ја вадам маската од лице и се вгнездувам.
Денес мамурна се мразам себеси што изгубив ценето време од животов на нешто празно како случката од синоќа и сфаќам дека ми поминало времето за вечерни журкања, алкохол и гласна музика.

- Интроверт
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Ме текнува на периодот порано, оној пред 20-тата година. Толку соништа, толку желби, толку цели, толкав порив за иднината, за подобра иднина, толку борење со моментот........., а сега кога ти доаѓаат годините за да си ги оствариш целите и соништата за кои си се стремел во средношколскиот период и кога се препушташ на моментот со делумен страв и неизвесност дали ќе успееш во тоа, почнуваш да осеќаш монотонија, несигурност.

Па затоа можеби некогаш и поубаво е работите да ги гледаме од далечина. Така може ќе ни даваат постојан поттик за да одиме напред. Кога се ќе добиеш, исто е како се да си изгубил.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.053
Поени од реакции
18.084
Koцкањете е најголемиот порок кој може да го има еден човек.Не су верувал дека ќе завлезам длабоко во коцката и дека ќе ги правам овие работи.Не само што почнуваш да губиш големи пари туку со секое губење на парите губиш и други битни работи.Најпрво почнуваш банални расправии со блиски пријатели или со членови на фамилија.Почнав да пропуштам и излегување навечер бидејќи се случило да немам скршен денар во мене.Чуството после изгубени пари не можам ни да го опишам она внатрешно терање да се вратиш дома или да се позајмиш за да играш пак.Не сум коцарски дух може би и затоа се чуствувам волку лошо но кога еднаш ќе се навлечеш изгледа нема назад.Ќе се потрудам да се откажам зошто ако вака продолжам...
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Вртам денеска на Пазар 3 и на Реклама 5, барам и јас некое ауди до кај 200к поминати да прам чалам низ градо и знајш шо ми текна?
Па овие сајтојве што ти се за коли продавање и рекламирање ти се исти ко Фејсбук и ова Инстаграмо.
Оти?! - Сеа ќе ти кажам оти:

Па ги гледам коливе вака и сите светнати, се гледа оти се на перална носени и од убај агли сликани (од кај шо се поздрави), чиниш оти нови се, од салон земени и ко че се качиш ти ќе бидиш првиот шо че го пикни клучо и ќе го напрај првио километар, ете така изгледаа, барем повеќето.
Вртиш на газдата и ко че појш да ја видиш не е ко на сликата мајката. Под хауба ебаго ко че ја отвориш лилјаци че излетаат уште тро, ѕирни ваму ѕирни таму ко да не е колата шо си ја гледал на слика предходно, сите мани на виделина излегуваат...

Е сега паралелава со социјалните мрежи. Па гледам и таму е исто, само шо не се работи за коли.
Врти по сликиве и сите момиве (или од спротивнио пол, кој шо милува да гледа де) сите арни, убај, дотерани мајката. Ојш да ја видиш во живо и гледаш и се думаш, таа беше али не беше?!
То на сликата клала филтри, се исполирала, се сликала од аголо кај шо е поарна...и за то треба марифет. И ај то нема врска че си речиш, шо ако на сурато не е ко на кадрото можи под хауба арен мотор држи. Ко че ја запознајш убо и одвнатре, ко че ја видиш шо карактер е, че видиш оти од неа оџак не чади. Пак си велиш, ако не држи струја многу пак... можи е арна, шо знајш, не треба брзајне од прва. И даваш шанса шо се вели да ја запознаеш подобро и се гледаш уште еднаш.
Прајш муабет со другари вака шо се одбираат појче и шо ја знаат и на крај дознаваш оти таа имала многу поминато бе, сменила триста сопственици, дури и километражо и се расипал и е пред ремонт..."колата" де!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom