- Член од
- 20 септември 2008
- Мислења
- 12.774
- Поени од реакции
- 9.903
Балканските земји во 2021 година ќе бидат членки на Соединетите Европски Држави (СЕД), политички блок што ќе се создаде во Европа по истапувањето на Велика Британија и скандинавските држави од Европската Унија, оценува професорот од американскиот Универзитет „Харвард“, Најал Фергусон во текстот објавен во весникот „Волстрит Џурнал“.
Фергусон оценува дека десет години по големата глобална економска криза Европа ќе изгледа многу поразлично од денес. Според него, во 2021 година Европа ќе биде поделена на четири блока - Русија, Велика Британија, Нордиска Лига и Соединети Европски Држави.
Велика Британија ќе ја напушти сегашната ЕУ откако за десет години, на почетокот на својот четврти мандат, британскиот премеир Дејвид Камерон ќе попушти пред притисоците на евроскептиците во својата Конзервативна партија и ќе распише референдум на кој Британците со речиси двотретинско мнозинство ќе се изјаснат за излез на земјата од европскиот блок, смета Фергусон.
Американскиот професор оценува дека по британскиот пат ќе тргнат и скандинавските земи. кои и онака имаат воздржан став кон плановите за спас на земјите од еврозоната кои се соочуваат со должничка криза.
По успехот на популистите на изборите во Финска, Шведска и Данска ќе го одбијат германскиот предлог за заедичко спасување на економиите од Јужна Европа погодени од кризата и ќе ја напуштат Европската унија. Набрзо потоа Шветска, Данска, Финска и Исланд ќе формираат нов блок наречен Нордиска Лига, кон кој ќе се приклучи и Норвешка, предвидува Фергусон.
Тој оценува дека и Германија, која според него ќе има доминантна улога во СЕД, ќе се соочи со големи потреси на политичката сцена, кои ќе започнат уште во 2013 година со пораз на актуелната канцеларка Ангела Меркел на парламентарните избори.
Новата социјалдемократска Влада на Берлин ќе продолжи со политиката за натамошно проширување на ЕУ и веќе во 2014 година ќе успее да убеди 21 од сегашните членки на Унијата да формираат нов блок наречен Соединети Европски Држави, кој ќе биде под директен германски патронат, смета американски универзитетски професор.
Тој оценува дека новиот европски блок, чие седиште ќе се премести од Брисел во Виена, до крајот на оваа деценија ќе брои 28 членки, бидејќи ќе ги прими и преостанатите држави од поранешна Југославија - Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора. Конечната бројка на членките на СЕТ ќе достигне 29, како резултат на распадот на Белгија на Фландрија и Валонија, проценува Фергусон.
Американскиот професор меѓу останатото предвидува дека и покрај големите потреси еврото ќе преживее, како и дека Германија ќе иницира идеја за оддржување на нова конференција на Јалта, на која Источна Европа би била поделена на руска и на европска, однсоно германска, зона на влијание.
извор
![](http://www.sitel.com.mk/sites/default/files/imagecache/statija_img/novosti/2011/11/22/europemap-2010_78140.gif)