- Член од
- 20 јуни 2007
- Мислења
- 287
- Поени од реакции
- 0
Не се сложувам, не ги заслужуваме затоа што во Македонија има многу голем број на професионалци , но кои си бркаат своја работа и никој не знае за нив, затоа што и немаат намера да плаќаат сопствен маркетинг, едноставно немаат потреба од тоа.1307 напиша:Сметам дека, овојпат, Bacillus gagous е комплетно во право. Владетелите и нивната администрација не паднале од Марс, ниту се увезени од Бурунди. Тие се /биле дел од нас. Произлегуваат од нас и се наше огледало. Клипчето е само еден од милијардате докази за тоа. Свртете се околу себе или едноставно, објективно, погледајте се во огледало. Ќе ви стане јасно дека оние што владеат (а со тоа и државата, таква каква што е) - ги заслужуваме.
Она што е власт во Македонија не е елитата од македонскиот народ туку се најобични партиски војници кои се шлепаат со цел да добијат дел од колачот, каква црна елита, тоа се секогаш медиокритети што се познаваат по партиски и роднински линии.
Оние што се навистина добри никогаш нема да се сложат да влезат во партијска машинерија - па кој нормален и паметен човек сака да биде слуга на доналд дак или бц, ако си има професија што сака да ја работи , добро образование и генерално визија во животот.