До каде би оделе за кариерата?

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Од горенаведените единствено не би спиела со шефот,сметам дека доволно сум паметна за да си го заслужам работното место,да го стекнам со труд не со ширење нозе.

Ако кариерата бара повеќе посветено време,што би значело помалку време за семејството,би се жртвувала,од причина што љубов не се јаде.Ќе пробам да го избалансирам времето,а пошто време има за се,така ќе има и време за да надокнадам за тоа што сум пропуштила со семејството,кое патем може да почека,кариерата не може,еднаш да кикснеш и готово,ти го зеле местото пред нос.За воспитување на децата најмал проблем,и не треба посебно издвојување на време за тоа,ако ништо друго,имаат уште еден родител.
Евентуално ако ете ми треба повеќе време за со семејството,кој ќе дојдам дома времето ќе го поминам со нив,па навечер ќе останувам до касно ако треба да се работи на пример на некој проект.

Ако кариерата бара преселување во друга држава или друг град,одма прифаќам.Ако имам семејство,ќе дојде со мене,ако немам уште поубаво,ваљда нема да останам дома заради тоа што на мајка ми ќе и недостигам,има разни транспортни средства на денешницава со кои за саат се наоѓаш од еден на друг континент.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Што се би направиле за да имате успешна кариера?До каде би оделе,кои се вашите граници?
Би одел до таа мерка каде би можел да постигнам да го издржувам семејството. Не сум од типот кариеристи кои цело време се тепаат за да си ја надградат кариерата. Не знам зошто, но доволен ми е живот со доволна заработувачка, доволна за да го прехранувам семејството.
-Дали би посветувале помалку време на фамилијата и децата?
- Не. Фамилијата е таа секогаш на прво место што ја ставам. Ако сум принуден да патувам поради тоа што работата е далеку или наеднаш ме унапредат и ми се промени работното време на многу подол времески интервал (доволен за да не можам да си ги видам децата и жената, ја напуштам работата и во потрага сум по нова)
-Дали би спиеле со шефот,само за да се искачите погоре?
Не. Категорично „Не“ за ова.
-Би се преселиле ли во друг град/држава/континент?
итн.,инт.
АКко што реков, не, Но има исклучоци ако моето семејство не е среќно со сегашната ситуација и во земјата нема просперитет за сите, тогаш би заминал заедно со нив.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
-Дали би посветувале помалку време на фамилијата и децата?
Мислам дека кариерата сама по себе ќе си донесе ваков сајд-ефект, ама нормално, во граници. За да посветувам многу време со децата, треба да не работам воопшто, а мене не ми е во план да бидам домаќинка. Сепак, треба да се ограничи времето што би го трошела за работа и да не испадне на крај воопшто да си ги гледам децата со денови.

-Дали би спиеле со шефот,само за да се искачите погоре?
Не. Освен ако не сум загреана за шефот, ама тогаш би било од други побуди, не ради кариера. :icon_lol:

-Би се преселиле ли во друг град/држава/континент?
Да, без размислување, ако тоа подразбира и целото семејство да се пресели со мене.
Ако треба само јас да заминам, би отишла само под услов да немам деца, а доколку имам, не би ги оставила сами толку долго за никаква работа.
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
хахах до нигде....мала пречка и се откажувам одма...и така ништо нема да сум во животов:toe:
 

Битола86

битолчанец
Член од
2 ноември 2008
Мислења
2
Поени од реакции
2
Воглавно сите се сложуваме дека треба да се направи некој баланс помеѓу кариератa и останатите работи кои се на другата страна. Така што и мое мислење е дека не би одел во крајности при остварување на амбициите за професионалн успех, секако дека некои други работи се побитни ..пример меѓучовечките односи.

А инаку нормално дека за да се постогни респективна кариера потребни се жртви, всушност и тоа ги дели најуспешните луѓе од просечните..за вонсериско упеси се потребни вонсериски напори.

А инаку јас би се жртвувал на моменти и би го променил местото за примамлива понуда и секако, добро е за промена и искуство, веќе и сум во друга земја. А не би и' се додворувал на шефицата само за постигнување професионален успех..ако вреди за нешто друго да ;)

И нешто друго би додал во однос на незадоволството од огромниот број на луѓе од сотојбата за вработување во нашата земја: точно е дека не е сјана и нема многу шанси ама шансите на треба да ги чекаме, треба да ги барамe :))

П.С. оти на волкот му е дебел вратот
 

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Ако треба и до Кина би одел:pos2::pos2:
 
С

Сатори

Гостин
Што се би направиле за да имате успешна кариера?До каде би оделе,кои се вашите граници?
Би направила веројатно се што е во моја моќ за да ја добијам позицијата која што ја посакувам, би работала повеќе од потребното, би го давала максимумот, би се надградувала во правец на кариерата.
Си немам поставено граници, нема ни да ги поставам се додека не го опипам тлото на местото каде што ќе работам.
Шифтирањето е неопходно за да се напредува, исто како што и околностите секогаш се менуваат, така и границите.
-Дали би посветувале помалку време на фамилијата и децата?
Не сум сигурна сеуште дали сакам деца и фамилија.
Но, да претпоставиме дека кога би ги имала, ќе се обидам да компензирам, дека ќе ги ставам после кариерата, не, никогаш.Дека веројатно ќе ги поставам на исто рамниште, тоа е веќе, повеќе од возможно.
Морам да се реализирам себеси, ако сакам да бидам добра сопруга и мајка.
-Дали би спиеле со шефот,само за да се искачите погоре?
Зависи како ќе ми изгледа шефот.:pos:
Ќе пронајдам други начини за да го добијам тоа што го сакам наместо состаноци на нечие биро во вечерните часови.
-Би се преселиле ли во друг град/држава/континент?
Ако немам зад себе фамилија, без размислување заминувам.
 

The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
ако неам фамилија би шетал и би патувал каде и да е, со шефица би спиел секако :D:D, а лонг терм запоставување на фамилија :nenene::nenene::nenene::nenene:
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
-Дали би спиеле со шефот,само за да се искачите погоре?
хехе ако некоја шефица ко продуцентките на Мејден.....хехее и тоа како:)
 

-----<-<@

loso kure
Член од
10 ноември 2008
Мислења
494
Поени од реакции
23
Обично, работите во животот доагаат и се редат по некое непишано правило, т.е од надолна кон нагорна линија, екстремизмот и силување на работите, не е некоја умна тактика секако.

Мегутоа, ако ми се пружи прилика која што сум ја заслужил, би размислил два пати, а ако ми одговара и би ја прифатил.


Среката во животот ја прават ситните работи, има многу случаи на благосостојба кариеризам и елита, а сето тоа проткаено со длабока задскриена депресија незадоволство и одсуство на оноа толку посакувано чуство што секој го посакува, а тоа е да сме срекни.

Така да, јас би бирал секогаш, и повторно недвосмислено...срека во животот, без разлика на материјалната позадина која ке ме прати.:helou:
 

Little Lady

Born To Be Wild
Член од
28 октомври 2008
Мислења
339
Поени од реакции
8
хмм, мислам дека би направила многу работи, а од долу наведените само би се преселила било каде
Што се би направиле за да имате успешна кариера?До каде би оделе,кои се вашите граници?

-Дали би посветувале помалку време на фамилијата и децата?
-Дали би спиеле со шефот,само за да се искачите погоре?
-Би се преселиле ли во друг град/држава/континент?
итн.,инт.
Ова се само неколку прашања.Вие дополнете понатака:)

П.С. би размислила и за со шефот, зависи колку погоре ќе се искачам :pehar:
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
па доколку имам фамилија никако не би ја запоставил, но доколку би бил сам секако дека би направил многу работи за да успеам во она што го работам :)
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
Што се би направиле за да имате успешна кариера?До каде би оделе,кои се вашите граници?
* Би се посветила тотално на работата..на кариерата...но сепак има граници...

-Дали би посветувале помалку време на фамилијата и децата?
* Да..доколку тоа би значело два часа помалце..но по цели денови да не ги гледам..да не ме гледаат...му доаѓа како странец..не...ама ако се работи на пример на некој проект кој би траела еден-два месеца..да...ама сепак би размислила...
-Дали би спиеле со шефот,само за да се искачите погоре?
* Хих...дали би спиела..ако сум сингл и акое хот да...се зезам де...нема шансе...
-Би се преселиле ли во друг град/држава/континент?
итн.,инт.
*Да
Ова се само неколку прашања.Вие дополнете понатака:)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Амбициозна сум. Сакам да напредувам во животот, но никогаш не сум била болно опсесивна по успех, пари и кариера. За мене здравјето, емоциите и блиските луѓе се побитни и никогаш не би повредила намерно некој за да успеам. Никогаш не би газела по луѓе за да постигнам успех. Затоа и се образувам, затоа учам, затоа што верувам дека образованието во комбинација со снаодливоста е најмоќното оружје во рацете на секој човек, ама не сите доволно го користат, па затоа на некои им одговара преку сплетки и забивања нож во грб или ширење нозе да успеат во животот. Јас на такво ниво никогаш нема да се спуштам, јас верувам во себе и во моите лични квалитети и способности, како и знаењето и наградувањето на себеси, знам дека можам на чесен начин да успеам во животот и да можам навечер мирно да спијам, знаејќи дека се што сум постигнала сум постигнала сама. Мислам дека со добра организација може да се направи да не страда премногу фамилијата и да можам да ги воспитам своите деца како што треба. За преселување на друго место....хм....веројатно да, особено ако сум сама, но само привремено. Не би можела да живеам долго надвор од Македонија.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Многу би направил за мојата кариера, но ајде систематски точка по точка да одиме.

-Дали би посветувале помалку време на фамилијата и децата?
На сите им е познато дека жртви од квалитетното време посветено на семејството кога тогаш мора да се направат за да се достигне некаков успех.
Ова и по таткоми дома го гледам, сепак на крај на денот тоа повеќе секој го прави за нив одколку за себе.

-Дали би спиеле со шефот,само за да се искачите погоре?
Ако имам шефица и ако е згодна би спиел со неа и чисто ради лепе очи шо би рекле:pos:, ако тоа додатно ми донесе подобра позиција две муви со еен удар :)

-Би се преселиле ли во друг град/држава/континент?
Апсолутно! Дури сега од оваа гледна точка тоа ми изглеа пожелно и примамливо, можеби со текот на годините нема со исти очи да гледам.
Но тоа е донекаде убавината.

Кариерата е една од работите што на човекот му дава некаков идентитет, и покрај тоа што навистина би и се посветил 110% сепак постојат граници, што секој човек ги има.:wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom