Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.279
Jaс сум изгорен да најдам некој кој сериозно ќе дискутира, али тоа се ретки случаеви и како што реков 90% од дискутантите нема ни да разберат темата и ќе тргне се или на офтопик или на мајтап, ете и темата за вампири вукодлаци, змејови.... малкумина видоа дека е всушност тема за тие суштества низ библијата, имаме во неа споменати и зомбија, имаме помени и на змејови со кој господ се бори имаме и помен на еднорози дури и брзината на господ се споредува со брзината на еднорогот, али и то ојде на мајтап, пошто, нели малкумина стварно ја проучувале библијата ретко кој и ја има дома.Во право си Лет3, ти не ги отвараш темите за да тролаш, ти сакаш сериозно да го анализираш цел тој феномен од сите аспекти, разбирам. Многу незрело од моја страна.
Прости ми за непромисленоста, незрелоста и моето плитко размислување, во никаков случај не е сеир и тролање. Ова се тешки постови, тешки историско/социолошки анализи кои јас ги сфатив премногу несериозно.
Јас ти дадов опција погоре (ти не ме ни читаш за жал), да отвориш тема во стилот „Моралноста во Библијата (цитати и анализи)“ во која ќе можеш да пишуваш цели комплексни евалуации за историјата и страни и страни толкување и дискутирање за сите тие работи.
Ти упорно одбиваш...
Ти Лет3 нејќеш решавање на проблемот и наоѓање на решение кое ќе ги задоволи и двете страни како ова погоре што ти го понудив (ќе пишуваш „длабоки“ анализи и сите ќе бидат во една тема со одлично име кое може да ги стави под чадор сите). На тебе ти е повредено егото пошто твои теми се затворени/префрлени. Нема везе. Али не се лажи само дека отвараш квалитетни теми кои покреваат квалитетни дискусии, далеку се од тоа. Ако тоа што го пишувате на темите е квалитетна дискусија, очигледно имате ниски критериуми за тоа што е дискусија, а што Шутка.
Tемата со Лот ја отклучив и ако сакаш врати ја и таа со Ное тука во Религија.
Очекувам сериозни и квалитетни дебати. Со лесно.
И за другите, од сега па натаму ќе биде како што било пред да дојдам како модератор. Чим нејќете „строги“ правила и сакате да ви се лабави темите со цигански зафрканции ко цитатите погоре, кој сум јас да кажам поинаку? И онака наместо почит за трудот да го средам подфорумот и да удоволам на вашите желби со компромис, добивам поплаки и жалби.
Таков бил подфорумот, таков и ќе остане, нема што јас да го менувам, да исправам криви дрини и да пробувам да го направам поквалитетно место за дискутирање.
Исто така ќе ви бидат тргнати казнените кои сум ви ги дал за ситници.
@Donald Sikert ако сакаш да ти го одбанираат Гурџи (а не тролаш for the sake of the тролање), ќе се обратиш кај администраторите, јас немам такви „моќи“.
Пак да повторам поентата, ако за мајтапење на тема, било која тема, се заклучува или префрла во ЧДА, нек одат сите па и мојата. Не селективно “Овој е глуп и плиток нек му седат постовите и темите, овој е паметен, неговата нека оди ЧДА“