- Член од
- 8 мај 2013
- Мислења
- 11.221
- Поени од реакции
- 35.824
Не бев сигурен каде точно да ја префрлам темата па ја отворив тука. Ако смета модераторот поинаку, нека ја премести.
Со отварањето на берзите во понеделникот и допирање на најниското историско дно на акциите на Дојче Банк ("ДБ"), две годишната агонија на банката влезе во својата најопасна фаза.
Лошото работење, вмешаноста во неколку скандали и можни криминали, 1,400 спорови низ светот од кои милијарди долари оштета висат над ДБ како и последната казна од комисијата за тргување со акции на САД во висина од 14 милијарди долари, доведоа до споро но сигурно тонење на ДБ кон дното.
Еден геемански финансиски аналитичар ги опишува последните две години на ДБ како slow-motion катастрофална сообраќајка.
Денес Ангела Меркел ќе оддржи итен состанок со германската влада на кој ќе се разгледа ситуацијата со ДБ и можниот исход.
Засега официјалното соопштение е дека Германската влада нема да пристапи кон евентуален bailout на банката.
Во ваква ситуација и двете опции се многу лоши и за Германија и за Меркел а и за светот. Од една страна bailout на ДБ би значело погазување на целата политика на Еврозоната и Меркел во однос на кризата со Грција и условите наметнати на Италија и Шпанија. Тоа сигурно би имало големи негативни последици кон репутацијата и довербата во евро зоната и посебно Германија како водечка земја. Реакцијата на граѓаните на Германија и Европа сигурно би била жестока, посебно после големите ветувања во 2008 дека ова нема да се повтори. Можно е неповратно губење на довербата во зоната и нејзина дезинтеграција.
Од друга страна, при евентуален крах на ДБ и одбивање на германската влада да помогне, последиците несомнено би биле катастрофални за евро зоната и голем удар за светскиот банкарски систем. Не може да се предвиди колку банки низ светот ќе го седат тој крах. Ударот кон германската економија во тој случај исто би бил разурнувачки. Исто во овој случај, голема е можноста за целосен крах на еврозоната.
Инаку ДБ е дел од листата на 30 банки кои важат за клучни во функционирањето на светската економија. Повторен крах на таква банка би значело повторување на 2008 година но овој пат веројатно со полоши последици кон целиот глобален систем.