Досие Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Old Possum
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум роден и живеам во Битола, но пак мислам дека Досие Скопје е најдобрата документарна серија. Досега сите епизоди ги имам гледано по неколку пати, па откога за ставија на on/off.net се случува и кога ми е досадно онака да си пуштам некој инсерт. На многу забавен и интересен начин е прикажана историјата на Скопје, и тоа во голема мера придонесе ептен да го засакам градот со неговото минато. Дарко (режисерот) рулс, се надевам дека некој на вака штосен начин ќе ја филмува и битолското минато и ликови
 
Mене барем не ми ги пушта епизодите на оф нет. Има ли друго место каде може да се најдат во моментов?
 
ги има ли сеуште некој епизодите на Досие Скопје? Не успеав да отидам на МКЦ за Скопје, а некако се надевав дека таму ќе начекам DVD со сите епизоди..
 
Извинете муабетов ме е за оваа тема но..
Апел до сите фанови на К-15
Во моментов сум во фаза на собирање на СЕ што може да се најде од нив и истото го префрлам во DivX формат.
Така да: ако некој има нешто снимано на касети, или има некое пазарско DVD или пак било каков друг формат пишете...
 
На youtube има профил Andrej Rankovski, нема што нема од К15 стаено. Пробај контактирај го или симни си ги од таму. Има програми за download на клиповите.
 
Извинете муабетов ме е за оваа тема но..
Апел до сите фанови на К-15
Во моментов сум во фаза на собирање на СЕ што може да се најде од нив и истото го префрлам во DivX формат.
Така да: ако некој има нешто снимано на касети, или има некое пазарско DVD или пак било каков друг формат пишете...
Побарај и на тракермк.ком некој можеби има да стави торент
И те молам не пишувај во сите теми доволно е во една која е наменски за К- 15 направена.
 
Приметив дека од пред краток период Досие Скопје е достапна за гледање на неколку стриминг платформи, како Plex, TV Time, и MUBI (За MUBI не сум баш најсигурен). Може некој што е претпланик на платформиве да сподели слика или да каже каков е видео и аудио квалитетот на прикачените епизоди, конкретно дали се подобри од тие на YouTube, off.net и други места. Еве и линкови.

 
Јас сум бил дете кога се емитувало Досие Скопје ама сум гледал кога имало некакви репризи на некој епизоди и на Јутјуб сум гледал


Ова на некој начин ме потсетува на Досие Скопје.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom