Досие Скопје за мене е најдобрата документарна серија снимена во земјава. Тоа, само по себе, и не е којзнае што, оти македонски документарни серијали нема многу, но навистина се работи за мошне квалитетно остварување.
Иако станува збор тема која на широката јавност и е прилично досадна, режисерот се потрудил да го долови животот на и во Градот низ 20 век на еден многу природен начин, без непотребни тупења. Се е многу спонтано, дури и оние баби и дедовци да ти е мерак да ги слушаш, воопшто не изгледа дека имаат трема, а и имаат што да кажат.
Данило Коцевски, и со своето појавување (како Супермен еднаш!!!
) и како косценарист остави позитивен впечаток. Слично е и со многумина други, како Владо Јовановски кој „се шеташе“ по скопските гробишта и зборуваше за скопјани кои го одбележале на некој начин минатото на градот, како Емил Рубен, Кили, Црношија,или пак неколкуте згодни риби кои мошне спонтано си ја завршија работата.
Многу интересни беа и последните епизоди, за Скопје во 70, 80 и 90-тите години, кога претходниот историско-социолошки концепт на серијата многу успешно се преобрази во ретроспектива на урбаното живеење и на културните трендови во тие години, преку коментарите на неколку луѓе што активно учествувале во градскиот живот тогаш.
Најавната шпица на серијата е феноменална, како и одјавата со завршниот коментар на Дарко Митревски и со некој познат македонски хит.
Едноставно, серијава те тера да го сакаш Скопје. Исклучително е позитивна, воопшто не изостанува ни хуморот, за разлика од многу други наши остварувања, кои како да се правени со намера да ти го заебат денот (што со квалитетот, што со содржината). Вакви нешта треба да се снимаат за секој наш град.
И да - Кермес да се врати!
< ако на некој воопшто му текнува на која сцена мислам