Лурц, ти од Сиднеј очигледно, поима немаш и само тролаш. ЗНАЧИ. Прво, не се заменети сите автобуси во Скопје, само оние кои ги памтиш пред за Сиднеј да отидеш, оние најпрастарите, у школо мајка ми со нив што идела.
Другите се возат и понатаму. И никој не е обврзан на општина некоја да и купи автобус. Владата купи за единственото јавно сообраќајно претпријатие, и не знам кој друг град има потреба од такво - никој не пријавил, дали ти е тоа јасно?
Општините ако мислат дека имаат потреба од автобус ќе земат, до сега не побарале автобуси. Ако не знаат самите што им е потребно, што повеќе?!
А инаку, тоа што е направено, е направено зошто побаравме да се направи. Добро знаеш дека ,,одвнатре,, ги гледам работите, и не е така едноставно. Само што, овој пат, сите заедно, без оглед партиски или непартиски, црвени или плави, бевме заедно и сложни. И сето тоа така се направи - сите заедно побаравме. Моментално е во зачеток уште еден парк, и планот за школото.
Населбата никаде не реков дека ми е НАПРЕДНА. Населбата ми е најдобра за живот во Скопје. Имам шума до мене, а од Центар сум на 5 минути. Имам двор и спокојство. И идам во Центар, наместо да киснам во маало, знаеш, менувам локација, шетам, итн. Само глупак дреме цел живот во маало, макар центарско маало било.
И секој ден се возам со автобус, минимум 2-3 пати. 170 000 луѓе дневно го користат ЈСП (толку се пресметани, без пензионери и шверц) и НАЈОПРАВДАНИ се автобусите тука.
А ти од Сиднеј, само нагаѓај, не живееш тука, само читаш медиуми.