Гледам дека е заклучена темата за малата Стефанија па решив тука да ви соопштам Бог да ја прости,и требаа само усте десет терапии за да успее да дојде до трансплатација и да продолжи со нормалниот живот.Кога ја вратија од Холандија ветија дека и тука ќе ја спремат за трансплатација ама неукоста си го направи своето.Стефи беше прав Ангел кој Господ си го зема во рајот.Кога умираше го побара албумот од Тоше да биде покрај нејзе многу ја сакаше песната цреша и верувам дека сега таму и ја пее.Да издржеше сама ќе ви се заблагодареше за помошта што ја пруживте затоа јас многу ви благодарам на сите што бевте хумани и со тие пари кој ги дониравте а беа потребни да и се спаси животот на Стефи ќе бидат употребени за жал да се направ едно за Ангелот Стефи мирно домче во кое ќе почива во мир.
Стефи го даде својот живот од неуки доктори. Нејзината смрт допринесе од сега па натаму вакви деца со ретки дијагнози бесплатно да се лекуваат во странство затоа Стефи е Ангел и ја даде својата душа за спас на многу други нејзини другарчиња,кој повеќе нема да се мачат да собираат пари и да чекаат болеста да работи додека се соберат парите.
После смрта на Стефи Власта се освести дека парите не се побитни од еден детски живот,да останеше во Холандија уште ќе беше дел од семејството.
Стефи беше посебно дете со чиста душа затоа покрај сите напори на родителите Господ пак си ја зема му беше потребна да му го краси рајот.