Сега сигурно ќе мислите дека ја тупам, но вистината ја кажувам...
2009 година дедо ми неможел да оди по голема нужда долго време и отишле на лекар. Откако го снимале во Скопје увиделе дека се работи за израсток на дебелото газно црево, тоа било почеток на некоја циста, резнале брис и тоа со нечисти инструменти,односно со кои веќе кај некој друг пациент нешто сечнале. Тоа било операција за 15 минути со која ќе се отстрани тој израсток и потоа со редовна диета немало проблем да има. Арно ама, со внесувањето на тие нечисти инструменти ви пренеле Гасна Гангрена. Два дена подоцна му поплавела сета десна рака, докторите во Струмица рекле дека се работи за тромбоза, и сакале дури раката да му ја сечат. Не приметиле дека се работи за медицинска грешка и дека има гасна гангрена, која ако на време ја откриеле ќе се излечела со обична пеницилин инекција. И така касно сфатиле, и за 9 дена дедо ми почина. Така да Медицината во Македонија ништо не ме чуди веќе.