Јас поинаку гледам на ова. Да почнеме од точката.
Ако ставиме точка на една права, за таа точка да излезе од правата не може да оди лево десно (нели пак ќе биде во правата) туку може да оди нагоре и во ширина, т.е во останатите 2 познати просторни димензии.
Ако ја ставиме точката во рамнина, за да излезе од неа може да оди само нагоре, во 3тата димензија, пошто инаку засекогаш би талкала низ бесконечната 2димензионална рамнина.
Ако правата претставува бесконечност во 1 димензија, а рамнината бесконечност во 2 димензии, тогаш што би претставувало бесконечност во 3 димензии???
Јас би рекол дека бесконечност во трите димензии е самиот простор. Како би излегле од просторот? Треба да има 4та димензија која јас мислам дека е токму ВРЕМЕТО.
Зошто?
Ако едно тело постои во просторот составено САМО од трите познати димензии (должина, висина, ширина) тоа би постоело само еден момент т.е. нема да постои. За да опстане му треба трајност, или време. Времето како 4та димензија претставува константа кај сите познати тела околу нас. Доколку некој успее таа 4та координата да ја промени кај некое тело, тоа би можело да оди напред или назад низ времето, но тоа, барем засега е научна фантастика. Тоа е мое мислење. Ако нешто не ми е јасно напишано кажете, ќе дообјаснам.