Докажете дека постои вашиот бог!

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Погледни ги болтовите во твојот (!) пост/цитат и ќе го видиш она кое не го гледаш, цитирам:

„...41. Па седна Исус спроти ковчежето, и гледаше како народот пушта пари во него. Мнозина богати пуштаа многу.
42. И кога дојде една бедна вдовица, пушти две лепти, што прават еден кодрант.
43. А Исус, кога ги повика учениците Свои, им рече: „Вистина, ви велам дека оваа сиромашна вдовица даде повеќе од сите, што пуштија во ковчежето;
44. зашто сите пуштија од својот вишок, а таа од својата сиромаштија даде сè што имаше, целата своја прехрана.”
Maрко 12...„.
не пиши никаде Евреи, пиши народ а народ се и евреи и срби и македонции американци.... кога во Библијата се пишува за една чиста нација стои Евреите или Римјаните... оти мислиш дека биле глупи или не им текнало да напишат евреи или босанци или руси туку морале народи онака недоречено и нејасно па после некој да мора да објаснува шо у ствери мислел евангелистот кога пишувал.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Со нетрпение ја очекувам твојата наредна грешка...:coffee:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не бе, не...
Требит и другио‘ образ да им го свртиме.
Не бе, наместо механички, ќе ја прочиташ библијата козметичко молерски, и наместо образ, ќе можеш да свртиш АК47 на пример. Решен проблем.
Прашањето беше упатено од мене то тебе, а не од мене до мене.

Еве го пак:
„...И, одговорот е?...„.
Ај пак.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не бе, наместо механички, ќе ја прочиташ библијата козметичко молерски, и наместо образ, ќе можеш да свртиш АК47 на пример. Решен проблем.

Ај пак.
Ќе ти отворам засебна тема, со наслов „Монолог без посебна тема, смисла и цел„.
Таму ќе можеш да разговараш со самиот себе, на прашања кои никој не ти ги поставил.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ќе ти отворам засебна тема, со наслов „Монолог без посебна тема, смисла и цел„.
Таму ќе можеш да разговараш со самиот себе, на прашања кои никој не ти ги поставил.
Зошто посебна? Ти на сите постоечки веќе го правиш тоа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто посебна? Ти на сите постоечки веќе го правиш тоа.
Твојата неспособност за разбирање на дадените одговори од моја страна, НЕ Е мој проблем.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.656
Поени од реакции
9.260
Не бе, наместо механички, ќе ја прочиташ библијата козметичко молерски, и наместо образ, ќе можеш да свртиш АК47 на пример. Решен проблем.
Зошто толку површно ги гледаш работите?
Одговори ми што им направија Светиот архангел Михаил и неговите ангели на големиот змев – старата змија, наречена ѓавол и сатана и неговите ангели?
Да не им го свртеа и другиот образ случајно?

Патем, дали си видел фреска или икона со Светиот архангел Михаил?
Доколку си видел, тогаш што ти е нејасно во благословувањето оружје?
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Твојата неспособност за разбирање на дадените одговори од моја страна, НЕ Е мој проблем.
Грешка си нешто, ти си тој што не разбира, дури ни основни логички аргументи.
Зошто толку површно ги гледаш работите?
Одговори ми што им направија Светиот архангел Михаил и неговите ангели на големиот змев – старата змија, наречена ѓавол и сатана и неговите ангели?
Да не им го свртеа и другиот образ случајно?

Патем, дали си видел фреска или икона со Светиот архангел Михаил?
Доколку си видел, тогаш што ти е нејасно во благословувањето оружје?
Јас сум гледал површно...?!:facepalm:
Што правиме со пораките од новиот завет, каде Исус ви вели беше кажано така, но јас сега ви велам:
Матеј 5:
43.Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон било заповедано и ова: ,Сакај ги своите ближни, а мрази ги своите непријатели.‘
44.Јас, пак, ви велам: ,Покажувајте љубов и спрема своите непријатели и молете се за доброто на оние што ве прогонуваат;

Матеј 5:
21.Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон на вашите предци им било заповедано: ,Не убивај! Кој ќе изврши убиство, ќе му биде судено!‘
22.Јас, пак, ви велам: ,Секој што истура гнев против својот ближен, заслужува осуда! Знаете дека секој што ќе навреди ближен, бива изведен пред вашиот Врховен суд, а доколку го проколнуваш својот ближен, можеш да завршиш и во огнениот пекол!‘
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Грешка си нешто, ти си тој што не разбира, дури ни основни логички аргументи.
Пошто тема на муабет е верата, истата не се објаснува со логички аргументи, туу си правилно толкување, оти верата е надлогична.

Што се тиче аргументите, токму со нив може да се побие целата философија од Телемата, која е само конкурентска компилација на „Њу ејџ„-от..[DOUBLEPOST=1437829269][/DOUBLEPOST]
Јас сум гледал површно...?!:facepalm:
Што правиме со пораките од новиот завет, каде Исус ви вели беше кажано така, но јас сега ви велам:
И како ќе ги објасниш Христовите зборови? Попут секој добар протестант, кој непрекидно преповторува дека „...така е, оти така пишува во Библијата...„?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Пошто тема на муабет е верата, истата не се објаснува со логички аргументи, туу си правилно толкување, оти верата е надлогична.

Што се тиче аргументите, токму со нив може да се побие целата философија од Телемата, која е само конкурентска компилација на „Њу ејџ„-от..
Повторно ја утна работата. Ако верата не се објаснува со логички аргументи, тогаш нема ни потреба да се негираат логички и научни сознанија кога е истата во прашање, а ти постојано ги негираш истите. Ако твојата вера не зависи од нив, ќе немаше потреба да ја негираш еволуцијата, геологијата, староста на земјата и слично, арно ама ги негираш.
Што се однесува до телемата, јасно е нагласено дека светите книги на телемата не треба во никој случај да се толкуваат, бидејќи се однесуваат на духовни - метафизички сознанија, а не на физички. Никаде нема да најдеш телемит што ќе ја смета еволуцијата за закана или за свој аргумент, ниту ќе најдеш телемит, што смета дека одредена религија е закана за него и треба да ја напаѓа.
За њу ејџот, единствено тотален лаик може да смета дека било која гранка во езотеријата може да биде конкуренција, тоа се случува само кај вас, конкуренција нема кога ќе сватиш дека Вистината има безброј варијанти, т.е начини на кој се перцепира - контемплира.
И како ќе ги објасниш Христовите зборови? Попут секој добар протестант, кој непрекидно преповторува дека „...така е, оти така пишува во Библијата...„?
Една света книга или се толкува засебно, или се толкува подеднакво за сите или пак воопшто не се толкува! Ако се толкува подеднакво за сите, тогаш потребен е критериум, репер според кој секој ќе може да го види и разбере толкувањето. Такво нешто кај вас нема, затоа сте поделени на илјадници секти, и секој за себе тврди дека токму неговото толкување е вистинското а сите останати грешат.
Доколку секој ја толкува засебно, тогаш излишно е и бесмислено да се негира нечие толкување за сметка на нечие друго. И ова не е случај кај вас, бидејќи постојано различните деноминации се негираат една со друга.
И за крај, ако не е потребно никакво толкување, тогаш пораките сами за себе се доволни. Но кај вас ни тоа не е случај.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Една света книга или се толкува засебно, или се толкува подеднакво за сите или пак воопшто не се толкува! Ако се толкува подеднакво за сите, тогаш потребен е критериум, репер според кој секој ќе може да го види и разбере толкувањето. Такво нешто кај вас нема, затоа сте поделени на илјадници секти, и секој за себе тврди дека токму неговото толкување е вистинското а сите останати грешат.
Доколку секој ја толкува засебно, тогаш излишно е и бесмислено да се негира нечие толкување за сметка на нечие друго. И ова не е случај кај вас, бидејќи постојано различните деноминации се негираат една со друга.
И за крај, ако не е потребно никакво толкување, тогаш пораките сами за себе се доволни. Но кај вас ни тоа не е случај.
Пак монолог, а одговорот го нема...[DOUBLEPOST=1437831758][/DOUBLEPOST]
Повторно ја утна работата. Ако верата не се објаснува со логички аргументи, тогаш нема ни потреба да се негираат логички и научни сознанија кога е истата во прашање, а ти постојано ги негираш истите. Ако твојата вера не зависи од нив, ќе немаше потреба да ја негираш еволуцијата, геологијата, староста на земјата и слично, арно ама ги негираш.
Што се однесува до телемата, јасно е нагласено дека светите книги на телемата не треба во никој случај да се толкуваат, бидејќи се однесуваат на духовни - метафизички сознанија, а не на физички. Никаде нема да најдеш телемит што ќе ја смета еволуцијата за закана или за свој аргумент, ниту ќе најдеш телемит, што смета дека одредена религија е закана за него и треба да ја напаѓа.
За њу ејџот, единствено тотален лаик може да смета дека било која гранка во езотеријата може да биде конкуренција, тоа се случува само кај вас, конкуренција нема кога ќе сватиш дека Вистината има безброј варијанти, т.е начини на кој се перцепира - контемплира.
Поголема „утка„ од погоре напишаново, здравје!

Верата не се објаснива со човечка логика, но затоа, ако науките се објаснувата токму со таа логика, со истата можат и да се побијат.

Јас „постојано„ не ги негирам науките, туку постојано поаѓам од црковниот став кон истите, кој (став) повеќе пати го имам напишано.

Телемата е приказна сама за себе и има своја тема на форумов.

„Њу-ејџ„-от е досега најпозната збирштина од сите досегашни философии и религии, освен Христовата, па така, кој сака да се приклучи кон „Ејџ„-от, може себе да се „препознање„ во истиот, но и лесно да биде вовлечен и манипулиран.
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.656
Поени од реакции
9.260
Грешка си нешто, ти си тој што не разбира, дури ни основни логички аргументи.

Јас сум гледал површно...?!:facepalm:
Што правиме со пораките од новиот завет, каде Исус ви вели беше кажано така, но јас сега ви велам:
Матеј 26:
Матеј 5:
43.Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон било заповедано и ова: ,Сакај ги своите ближни, а мрази ги своите непријатели.‘
44.Јас, пак, ви велам: ,Покажувајте љубов и спрема своите непријатели и молете се за доброто на оние што ве прогонуваат;

Матеј 5:
21.Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон на вашите предци им било заповедано: ,Не убивај! Кој ќе изврши убиство, ќе му биде судено!‘
22.Јас, пак, ви велам: ,Секој што истура гнев против својот ближен, заслужува осуда! Знаете дека секој што ќе навреди ближен, бива изведен пред вашиот Врховен суд, а доколку го проколнуваш својот ближен, можеш да завршиш и во огнениот пекол!‘
Се чудам на твоето површно толкување на Светото Писмо со оглед на тоа што рече дека имаш теолошка титула.

Си го прочитал Евангелието по Матеј и си ги запомнил зборовите од 5-тата глава. Во ред. Но како ја превиде 8-та глава од истото Евангелие, кадешто еден стотник го замолува Господ Исус Христос да го излечи неговиот слуга. Што направи Господ Исус Христос? Дали му рече да ја соблече униформата, да го фрли мечот и да ја напушти службата, па дури тогаш ќе му помогне?

Дали си ја прочитал 10-та глава од Делата на светите апостоли?

Тука се раскажува како стотникот Корнилиј се крштева и се крштеваат сите што биле во неговиот дом. Дали за да се крсти, му бил поставен услов да ја напушти својата служба? Што мислиш?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Пак монолог, а одговорот го нема...
Епа крајно е време е да престанеш со истиот.
Поголема „утка„ од погоре напишаново, здравје!

Верата не се објаснива со човечка логика, но затоа, ако науките се објаснувата токму со таа логика, со истата можат и да се побијат.

Јас „постојано„ не ги негирам науките, туку постојано поаѓам од црковниот став кон истите, кој (став) повеќе пати го имам напишано.

Телемата е приказна сама за себе и има своја тема на форумов.

„Њу-ејџ„-от е досега најпозната збирштина од сите досегашни философии и религии, освен Христовата, па така, кој сака да се приклучи кон „Ејџ„-от, може себе да се „препознање„ во истиот, но и лесно да биде вовлечен и манипулиран.
Од една страна тврдиш дека верата не се објаснува со логика, од друга страна негираш сознанија што се добиваат по научен - логичен пат, и тоа го правиш "бранејќи" ја истата таа вера за која тврдиш дека нема ништо со логика и наука. Си поаѓал од црковен став кон науките..?! А црквата немала ништо со науката нели? Три збора да кажеш, два ќе си бидат контрадикторни еден на друг.[DOUBLEPOST=1437841963][/DOUBLEPOST]
Се чудам на твоето површно толкување на Светото Писмо со оглед на тоа што рече дека имаш теолошка титула.

Си го прочитал Евангелието по Матеј и си ги запомнил зборовите од 5-тата глава. Во ред. Но како ја превиде 8-та глава од истото Евангелие, кадешто еден стотник го замолува Господ Исус Христос да го излечи неговиот слуга. Што направи Господ Исус Христос? Дали му рече да ја соблече униформата, да го фрли мечот и да ја напушти службата, па дури тогаш ќе му помогне?

Дали си ја прочитал 10-та глава од Делата на светите апостоли?

Тука се раскажува како стотникот Корнилиј се крштева и се крштеваат сите што биле во неговиот дом. Дали за да се крсти, му бил поставен услов да ја напушти својата служба? Што мислиш?
Една света книга или се толкува засебно, или се толкува подеднакво за сите или пак воопшто не се толкува! Ако се толкува подеднакво за сите, тогаш потребен е критериум, репер според кој секој ќе може да го види и разбере толкувањето. Такво нешто кај вас нема, затоа сте поделени на илјадници секти, и секој за себе тврди дека токму неговото толкување е вистинското а сите останати грешат.
Доколку секој ја толкува засебно, тогаш излишно е и бесмислено да се негира нечие толкување за сметка на нечие друго. И ова не е случај кај вас, бидејќи постојано различните деноминации се негираат една со друга.
И за крај, ако не е потребно никакво толкување, тогаш пораките сами за себе се доволни. Но кај вас ни тоа не е случај.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
@Ipsissimus каква теолошка титула имаш???:eek:

Или те зезаат нешто???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom