Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Толкувањата веќе ги коментирав. Оние што не се еврејски, ниту се точни ниту се валидни. Во нив беше изнесена теза дека злото било допуштено со причина, со цел, за преку страдање да ги направи луѓето подобри. И тоа толкување можеби и ќе имаше доследност, доколку не постоеше тврдењето за наводен страшен суд. Ако злото има причина, тогаш апсурдно е истиот оној што го допуштил, да суди, казнува и да ги праќа во вечно страдање оние што направиле зло. Ако злото постоело за да ги подобри луѓето, тогаш која е поентата да ги ставиш во вечност исполнета со страдање, оние кои поседувале нешто кое ти си го допуштил и предвидел како особина која има одредена цел и улога?Стихот од Исаија не опфаќа ново создавање, или создавање поинакво од веќе наведеното во Постанокот. Членот @121314 веќе постави и точни толкувања на стихот и тие стихови не се однесуваат на никакво ново создавање, туку го објаснуваат начинот на кој Бог, од својата позиција на Господар, промислува и делува во однос на вкупната творба.
За толкувањето од еврејскиот рабин, тоа содржеше појаснување за кого било создадено злото, а не дали било создадено. Тоа толкување директно го побива твоето.