Kaiser
Hidden Fortress
- Член од
- 6 мај 2011
- Мислења
- 3.202
- Поени од реакции
- 2.443
Како си ги даде примериве без да ја видиш мојата клучна реченица и на крај сама себе си се изнегира .Зависи за што ќе ти рече не. На пример, јас да сум ти девојка, ќе ти речам не на сите твои бодибилдинг активности. Дали ќе ме послушаш?
Можеби ако ти каже НЕ, немој да идеш во 4 сабајле кај Пума, некако не е прикладно и не е баш пријателски, има основа нејзиниото ,,не сакање,, нешто да направиш. Ама, треба да си тежок идиот, девојката/дечкото да ти каже НЕ МОЖЕ да одиш кај Пума. На не може, јас одговарам со - Watch me. А кога ќе ми биде образложено нештото, и ако сметам дека партнерот има издржани причини за тоа што не сака да го направам, ќе размислам, и тоа добро.
Нормално, но тоа е далеку од дозволи и забрани. Ајде пак првиот пример. Ако ти мојата одлука да не тренираш не ја почитуваш, марш гони се, срам да ти е. Нормална личност ќе побара од тебе таква работа? Нормална личност ќе ти забрани нешто што тебе ти е важно - и го знаела уште пред да биде со тебе?
Ако под блага контрола спаѓа ,,срце, како ти помина денот,, , тогаш јас сум благ контролор.
1) За првиот болд нема шанси да те послушам зашто се негира со мојата реченица да не иде директно на моја штета. Ако престанам да вежбам ми паѓа тонус, изглед, физичка сила, рефлекси, способност за борба како и активноста во кревет . На долга патека без тренинг ќе почне и здравјето да ми попушта што и тебе ќе те погоди. Значи не само што јас ќе имам штета туку и ти би имала штета. Затоа порадо ќе те оставам тебе него јас да престанам со тренинг. Тренингот ми е дел од ЖИВОТ и не е ни возможно да го престанам. Ако бирам меѓу тебе и вежбањето (или било која друга девојка) ќе го одберам вежбањето . Затоа и си барам вежбачка или барем да не ми прави проблем кога јас вежбам .
2) Јас никогаш не би одел кај друга во 4 сабајле, не сум ненормален, јасно дека ќе ти смета. Тој дел од ноќта треба да сум со моја женска не кај друга. Значи нема ни да имаш шанса да ми речеш НЕ, сам ќе си кажам НЕ исто како што би заколутал со очи (најбанален пример) ако ти скокнеш кај некое машко во 4 ноќе. Ако веќе морам да ти кажам НЕ ќе ти кажам, ако не ме сфатиш ќе биде чао пријатно. Има работи преку кои можеш да преминеш и преку кои не можеш. Идење у 4 ноќе кај друг е големо НЕ.
3) Третиот болд сама себе се изнегира. Чим знае дека мене ми е тренингот важен и ми користи за здравје нема шо да ја нервира а ако не и се свиѓа нека си оди. Едино ако е ненормална (како во твојот трет болд) тогаш ќе имаме проблем.
Треба да се има усул што и како се забранува ама и другата страна треба да има осет што прави.
Кај мене е клучно да не е на моја штета забраната, така да за вежбање ќе удрам контра, за месо ќе удрам контра ама ако речеш не иди на кафе со таа и таа личност не ја поднесувам (или јас сам гледам ужасно те нервира) епа нема да идам на кафе, ти си ми женска не она. Ова под услов да не е на моја штета. Ако неидењето на кафе ми го кошта бизнисот за 50 000 евра ќе ти објаснам зашто прекин на контактот е контрапродуктивен ама ако и покрај тоа инсистираш а планирам фамилија со тебе ќе гледам да фатам кривина. Како се фаќа кривина нема да ти објаснувам си знаеш и сама. Битно да си задоволна и да не ми мрчиш а како тоа ќе го постигнам е моја работа .
И покрај кривините не би те изварал (не е мој стил) ама ако дознаам обратно ќе биде моментална клоца без објаснување, за тоа нема да има ни забрана ни ништо, само чао пријатно .