Доживувања по патиштата-среќи и несреќи

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Свртев неколку страни,нема изгледа ваква тема и пребарувањето е -.
Скори сите сме возачи,некои и со долгогодишно искуство и патала по
патиштата. Па да си кажеме што сме доживеале на тие 2 или 4 тркала,
било да е позитивно или негативно и да дадеме и некои совети на младите.
И дали можело другачие да тогаш таму реагираме,каде сме погрешиле и сл.
Е да почнам јас.( а веднаш некој ќе рече пак овој Анчо го тупи.ама читајте)
Имам многу доживувања по патиштата и вакви и онакви,еве едно од лошите.
Јас на одмор со жената и децата на 2и3 години во наша Црна Гора во Бар.
Еден ден после пладне тргаме да прошетаме за Будва.Летно време,пече
сонце,пржи.Патот е на тоа место сличен како нашион во Овче поле,со мали
ридови-благи нагорнини и надилнини.Возам шкода 105, прописно а и да
сакаш тие не се брзи. Одеднаш ваќа летен дожд,не многу силен.
Како што возам при крај на угорнината или веќе на рамното беше,колата се
сврте самата без никаква моја реакција,сосем во спротивната насока.
Односно пак назад за Бар. (можеби тука и да сум малку додал гас,незнам)
Полека закочив и најдов место сега јас да ја свртам колата пак за Будва.
Образложение.
По се изгледа,а почесто е така лете,на тоа место не врнало многу време.
Првите капки од дождот асфалтот не ги прима. Асфалтот кога е сув
гумите лежат-лепат на него. Но и кога е многу мокар и веќе подолго време
врнело исто така мислам е посигурно возењето (гумите и тогаш лепат).
Но мене ова ми се случи неколку секунди после дождот. Асфалтот е
мрсен од долгото време без дожд и употреба, а на тоа место можеби и
нешто повеќе мрсен,каде капките вода прават филм врз него,водата не се
упива,или бега од површината на коловозот со што тој станува лизгав.
Јас ова вака го „тумачам“ иако не сум некој експерт за патишта и времиња
и можеби во нешто грешам во пишувањево ама така беше. Што мислите вие.
Совет.
При појава на прв дожд летно време,намалија брзината во првите КМ.
Внимателно возење на патиштата при оваа појава,посебно на угорнини и
удолнини.На стартот на силен летен дожд препорачувам дури и паркирање.
 
L

Luki Junior

Гостин
Ех тава немаше ли кој да ти го објасне всушност? Или да си го пробаш сам? Дека секојпат на жешко време, коа заросе секојпат е лизгав коловозо заради микс на прашина, каучук, песок, вода, и слични други нечистотии?

Иначе такви приказни мал милион за згоди и незгоди по патиштата. Да чукнам у дрво, досега не сам направил беља.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Среќа е кога ќе налеташ на авто-стоперка а ја ко шо сум баксуз и да налетам на неа стопосто со мене ќе биде и жена ми :D е тоа е несреќа
 
Член од
25 мај 2013
Мислења
115
Поени од реакции
68
Не сваќам која е поентава, возиш на пат претпоставувам со кола на заден погон, се случува извртување поради мрсен/пресно наврнат асфалт и твојата неспособност да реагираш на мало извртување поради стискање на педалта за гас. Колата кога почнала да "бега", претпоставувам како и останатите 70% шофери што замижуваат и ги пуштаат рацете од воланот си постапил на неправилен начин. И да, ептен ги тупиш со приказниве.. Дај кажи ни за првата еба*ка може ќе биде јако.
 
Член од
16 октомври 2013
Мислења
80
Поени од реакции
58
15 години имам и сеуште се учам да возам. Имам страв малце но имам една случка...
Возам јас така скроз десно, регионален пат, не обележан со бели траки. Скроз десно и полека. Како секој нормален што ќе ме види од позади мисли пат му пуштам и оди да ме претица (претекне, како сакате). Ама јас неискусен, глеам воланот и напред, никад не ми текнало ретровзиорот да го користим и не го видов комбето што доаѓаше од позади мене. Ама кога ме претицуваше, во моментот кога беше фактичко паралелно со мене, се збунив и исплашив во исто време, тогаш место да си продолжам по мојот пат, вртам лево со воланот, накј комбето. Среќа татко ми беше со мене па го фати воланот и сврти надесно а јас веднаш намалив брзина.
Најголем успех во мојата "долга" возачка кариера е да се разминам со шлепер без ничија помош :D
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Добра е темата,ме бендисува,само го критикувате дедо Анчо.

Пред 6-7 месеци возам према Штип со две пичиња унутра,на радио Освајачи-Вино Црвено,лагана вожња,едно предавање имав,убава атмосфера расположен бев и од дома минам еден Мерцедес после пругата го минам Овче Поле,фабриката МИК,и еден автобус го гледам од далеку,како што возев не приметив дека едно Ауди а4 со гевгелиски табли почиња да го мине отиде до пола,касно го приметив,ќе почнев порано да кочам,и ја на кочница длабоко бегам десно и испаднав од лентата ептен ја закосив колата и застанав,и аудито се враќа назад во лентата и тоа подзастана,во меѓувреме слушам чкрипотење на гуми од позади,си викам леле ќе бапне некој од зади,тоа беше Мерцедесот е-220 за пола метар не ме удри,возачов од Аудито испаѓа од колава иде до мене,почна да се извинува нешто ова-она,среќа ништо не се деси.Тоа би го навел како до сега што ми останало во паметот,иначе има многу пати кога сум морал да кочам ради некој друг што претицува на полна,што некој не пресметал дека неможе да помине,шлепери ти влегува во твоја лента на кривина оти е голем и неможе лак да направи,па ќе подизбегам десно,а ако останам ќе ме закачи 100% итн.
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Си се возам така еднаш накај Штип , и кај Овче поле налетувам на сообраќајка, и тоа не обична кола vs кола , туку ни помалку ни повеќе кола vs овци !!! На сите страни распарчени овци, нозе, глави и што ли уште не да не набројувам понатаму се разбираме. Од тогаш па наваму скоро секоја недела го идам тој пат и секогаш се присеќавам на онаа грда слика.
А да , и често ми се дешавало да си почекам на автопат саат до два поради дефект на автобусот.
 
miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Кај Овче-Поле баш пред фабриката на БИМ од Велес кон Штип, возев со VW Vento. Пошто никогаш не сум брзал, така и овде возев според пропис, значи 80-тина km/h. Во тој момент во ретровизорот гледам еден тип со BMW Z4 сигнализира да ме претекне, но од спротивен правец надоаѓа автомобил кој исто така го претекнуваат. Во моментот се наоѓаме 4 коли, по 2 во правец на 2-те ленти од патот - кошмар. Му сигнализирам на оној од спротивниот правец кој го претекнуваа и одам во левата лента зад BMW-то, истото го направи и тој, отиде на неговата лева (спротивна) лента зад оној кој што го претекнуваше, и ситуацијата беше решена, се разминавме по англиски и се вративме секој во својата десна (правилна) лента. Ова беше тотално инстинктивна реакција и мило ми е што возачот од спротивната страна ја прочита мојата намера и ја примени сугестијата инаку мислам дека не би го пишувал ова. Значи има секакви возачи и луди и нормални, но понекогаш мора да направиш нешто лудо, за да се спасиш. Ова воедно е мојата најголема (и единствена) коцка во животот. Влогот е преголем, но излезе перфектно добро, сепак не би препорачал вакво нешто, можеби сега да се најдам во таква ситуација би притиснал на сопирачката, па на ова сметам како на Divine Intervention. Дефинитивно оваа ситуација ја ставам во среќи на патиштата.
--- надополнето: 11 ноември 2013 во 22:19 ---
Морав да пишам нова, незнам зошто не ми дава да изменам.

Прво го прочитав Анчо, па одговорив на темата, па ги читам останатите одговори, од 10 мислења на темата 4-5 се кај Овче-Поле, новиот автопат се прави на вистинско место зарем не.
 
Само мала корекција,кај Овче Поле,кај што кажа ти,60 е ограничено,не е 80.
 
miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Само мала корекција,кај Овче Поле,кај што кажа ти,60 е ограничено,не е 80.
Можно е, знам само дека возам по пропис, а веќе неколку (3-4) години немам кола, па само ме возат по тој пат и не сум забележал инаку случката е од 2004 година.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Само мала корекција,кај Овче Поле,кај што кажа ти,60 е ограничено,не е 80.
Јас имам и овде едно доживување на патот низ Овче Поле.Можеби ќе го опишам некогаш. Сами гледате дека некои членови и кога би пишал за вода и живот на Марс,или за местото на гробот на Аце наш,или за како да бидеме светски прваци во...било што,тие го сваќат глупо или пак нешто овој тропа,или го тупи, а што и фали на оваа тема еве.
За првата случка,не кажав дека беше една со среќна завршница,затоа што се знае на тој пат од другата страна е секаде провалија скоро до морето.
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Јас имам и овде едно доживување на патот низ Овче Поле.Можеби ќе го опишам некогаш. Сами гледате дека некои членови и кога би пишал за вода и живот на Марс,или за местото на гробот на Аце наш,или за како да бидеме светски прваци во...бико што,
тие го сваќат глупо или пак нешто овој тропа,или го тупи, а што и фали на оваа тема еве.

Има на сите појаки форуми на балканов овакви теми за Доживувања на патиштата,бар ја кај што сум читал.Конкретно на fiatisti.hr,и fiat srbija forum.Мене ми е интересно,затоа и меѓу првите напишав,искуства,случки,у секој случај интересна тема,само слабо пишување има.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom