Apokalipto
Tredici
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 15.576
- Поени од реакции
- 2.583
Таен проект со технологија за контрола на временските услови во Абу Даби резултирал со 50 вештачки бури изминатата година, што можеби значи дека научниците се на дофат на откритието како да создаваат поројни дождови во пустините.
Системот чинел 7 милиони фунти и се верува дека за прв пат “произвел“ дожд од ведро небо. На проектот работела швајцарската компанија Metro Systems International која била најмена од претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан.
“Во моментов работиме со технологија за дождови, во регионот на Ал Аин во Абу Даби. Почнавме во јуни 2010-та и предизвикавме повеќе врнежи од дожд,“ посочил во доверлива видео изјава Хелмут Флурер, основач на швајцарската компанија.
Експертите користеле огромни јонизатори во форма на џиновски ламби, за да генерираат полиња со негативно наелектризирани честички, кои што создаваат облаци а тие пак продуцираат дождови.
Постројка за десалинизација би чинела околу 850 милиони фунти а многу повеќе пари се потребни за нејзино одржување.
“Направен е голем исчекор кон можноста да се зголеми расположливоста на свежа вода за сите, во време на драматични глобални промени,“ изјавиле од Техничкиот универзитет во Минхен.
Он.нет
Конечно вест која многу ме радува и ми дава надеж дека ќе имаме каква таква иднина и покрај најавените климатски промени. Истово е еден огромен плус за цело човештво и ќе не спаси од многу проблеми и болести, па повелете... дали мислите дека ова ќе предизвика и некои контра ефекти