Дожд во пустините

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Таен проект со технологија за контрола на временските услови во Абу Даби резултирал со 50 вештачки бури изминатата година, што можеби значи дека научниците се на дофат на откритието како да создаваат поројни дождови во пустините.

F9820DFFF7F06F4D9E10BCC4BE111F3D.jpg


Системот чинел 7 милиони фунти и се верува дека за прв пат “произвел“ дожд од ведро небо. На проектот работела швајцарската компанија Metro Systems International која била најмена од претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан.

“Во моментов работиме со технологија за дождови, во регионот на Ал Аин во Абу Даби. Почнавме во јуни 2010-та и предизвикавме повеќе врнежи од дожд,“ посочил во доверлива видео изјава Хелмут Флурер, основач на швајцарската компанија.

Експертите користеле огромни јонизатори во форма на џиновски ламби, за да генерираат полиња со негативно наелектризирани честички, кои што создаваат облаци а тие пак продуцираат дождови.

Постројка за десалинизација би чинела околу 850 милиони фунти а многу повеќе пари се потребни за нејзино одржување.

“Направен е голем исчекор кон можноста да се зголеми расположливоста на свежа вода за сите, во време на драматични глобални промени,“ изјавиле од Техничкиот универзитет во Минхен.

Он.нет

Конечно вест која многу ме радува и ми дава надеж дека ќе имаме каква таква иднина и покрај најавените климатски промени. Истово е еден огромен плус за цело човештво и ќе не спаси од многу проблеми и болести, па повелете... дали мислите дека ова ќе предизвика и некои контра ефекти
 
Арно е ова да може светиниколци у овчеполието да го инсталираат. Таму им фали...хехе, дур сега видов 850 милиони :)

Ова нема врска со силните струења над пустините? Нема да им ги однесе ветер облаците?


дали мислите дека ова ќе предизвика и некои контра ефекти
Не ме биѓава за мислење ама нели јоните не се баш нештетни?

http://forum.kajgana.com/showthread.php?56063-Дожд-во-пустините#ixzz19zCDgRUI
 
Истово е еден огромен плус за цело човештво и ќе не спаси од многу проблеми и болести, па повелете... дали мислите дека ова ќе предизвика и некои контра ефекти
Ова твое мислење, очекување нешто? Или не си сериозен?
Како може вештачкиот дожд да биде од корист, а да не создаде контра ефекти? Природното се јаде, а вештачката гума не труе. Природна смола може да те спаси, а вештачка да те убие.
Само како пример, де.
 
Пишано чисто да испровоцирам некој да пише, обично темиве се само read-only инаку и сам знам да ти надробам еден куп контра ефекти :)
 
Мислам дека не е паметно да се игра со промена на климата (иако од тоа би имало придобивки) бидејќи на долг рок никој неможе да знае дали и какви контра ефекти ќе се појават. Не вреди да се ризикува.
 
Мислам дека не е паметно да се игра со промена на климата (иако од тоа би имало придобивки) бидејќи на долг рок никој неможе да знае дали и какви контра ефекти ќе се појават. Не вреди да се ризикува.
Можеби и веќе трпиме последици на експериментиве... видете што се случува во Австралија
 
Можеби и веќе трпиме последици на експериментиве... видете што се случува во Австралија

Можеби. И не само во Австралија туку во целиот свет.
Пожарите и поплавите како опомена на човештвото
„Оваа деценија ја одбележаа одредени шокантни екстремни случаи“
Екстремни пожари во Русија, поплави во Пакистан, Австралија, земјотреси, цунами и што уште не... Дали сето тоа е предизвикано од климатските промени или пак според некои теории на заговор одредени катастрофи се предизвикани од човекот, незнам, но мислам дека се итоа како добра опомена да не се чепка таму.
 
И сега за позитивното за кое реков... ова е голема надеж за заживување на пустините и формирање на нови шумски појаси и со тоа обнова на кислородот, озонот... итн

Несигурното е дали овие нагли промени кои сега ги имаме се од ова т.е вакви експерименти или само од климатската промена
 
Секое вакво “чудо“ и изигрување “господ“ имаат контра ефект.

Земјотресите се првите воочливи ефекти на сето тоа.
 
Не мириса на арно таа работа...
Иде 2012 :ojea:
 
Од некаде сепак ќе мора да го позајмат "дождот". А во тоа некаде ако нема дожд ќе има суша.
Не знам за овој начин на контрола на времето (или предизвикување на истото) ама контролирањето на бурите, т.е. сменување на нивниот правец е и тоа како корисно.
 
Швајцарска фирма тврди дека може да создаде дожд кога сака и каде сака!?


Швајцарската компанија “Метео Системс“ тврди дека може да создаде дожд кога сака и каде сака, со помош на машина за јонизирање на честички, за која инспирација добиле од големиот иноватор Никола Тесла, пишува британскиот весник “Дејли Меил“, пренесува Нетпрес.

Од подружницата на “Метео Системс“ во Абу Даби истакнале дека кога влажноста на воздухот ќе падне под 30 отсто, со употреба на јонизаторот, кој праќа честички во воздухот, а кои пак привлекуваат прашина и со тоа ја привлекуваат и влагата, се создаваат дождовни облаци. Компанијата од Швајцарија, не открива никакви детални податоци или докази за своите тврдења. Единствено тврдат дека 52 дождовни бури, кои се случиле меѓу јули и август, лани на пет различни локации околу Абу Даби, се резултат на нивната работа, наведува “Дејли Меил“. Многумина не се сложуваат со овие тврдења, а поготово не метеоролозите.

“Тоа е обично ѓубре, целосно ѓубре. Не верувам во тоа нити една наносекунда. Ништо не можете да добиете од ведро небо. Не сакам да звучам тука како Том Круз, но покажете ми докази“, изјавил за “Фокс Њус“ Џозеф Голден, поранешен метеоролог на американската “Нејшнал Ведер Сервис“.
 
Секое вакво “чудо“ и изигрување “господ“ имаат контра ефект.

Земјотресите се првите воочливи ефекти на сето тоа.

Ај не претерувајте.И докторите пред 100 години изигрувале господ нели,па денес не можеме да замислиме живот без нив.Да не треба да ги палиме на плоштад сега научнициве?
 
но покажете ми докази“, изјавил за “Фокс Њус“ Џозеф Голден, поранешен метеоролог на американската “Нејшнал Ведер Сервис“.
Па стварно, докази у сите овие изјави некако мањкаат. Ако направиле ваков експеримент, сигурно го снимиле макар на мобилен, камера...хигрометри, термометри...некои инструменти.
 
Па стварно, докази у сите овие изјави некако мањкаат. Ако направиле ваков експеримент, сигурно го снимиле макар на мобилен, камера...хигрометри, термометри...некои инструменти.

Башка „изумов“ како гром од ведро небо искочи (хехе, каква аналогија направив), без никакви претходни најавувања.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom