Додека паметниот си ја чука главата, будалиот си го живее...
Според кои критериуми може да се извлече заклучок дека будалиот има капацитет да си го подреди животот и да си го живее, баш онака како што треба, а паметниот да се мачи. Ако прифатиме дека е така, тогаш будалиот всушност е итар, а паметниот глуп. Но, со оглед на тоа дека за будала се смета човек со психички пречки во развојот, тој не може да биде свесен за уживањето, нему му е сеедно дали работи или не, тој тоа не може да го разбере. Така изреката мора да претрпи модифицирање, па за да се извлече некаква поента кој тупи глава, а кој си го живее животот, мораме да се концентрираме на двајца паметни кои имаат различен пристап кон остварување на сопствените цели за успех и задоволство во животот. Реално би било да се земе престанувањето во одреден временски период да се тупи глава и да се почне со уживање во она што дотогаш го постигнале. Тука лежи зајакот што би рекле, колкав е апетит за да се рече: „Еј гледај го оној нема мера и сеуште се мачи, додека ние уживаме во она што го имаме.