Добро/лошо?

  • Креатор на темата Intex
  • Време на започнување
I

Intex

Гостин
Размислував на темава, интересна ми се виде, и решив да го споделам ова со вас.
Убиваш еден, спасуваш илјада. Добро е? Лошо е?
Атомските бомби во Хирошима и Нагасаки го донеле мирот во светов, ама умреле околу 200,000 жители. Добро е?
Во врска си со некој/а? На двајцата ви е добро, а поради таа врска страдаат неколкумина. Добро е?

Не гледам разлика меѓу двата поими. Постои нешто за кое можеме да кажеме дека е ultimate good, или ultimate bad?

П.С. Не видов ваква тема, ако има, оваа кај Ерик Кантона пратете ја. :D
 
?

..........

Гостин
Во секој случај мислам дека е добро да убиеш еден ако со тоа спасиш 1000 луѓе..
А бомбита во Хирошима и Нагасаки се фрлени од американците за побрзо да ја завршат војната и пред се да се пофалат и да му дадат до знаење на светот дека имаат такво оружје, не го оправдува тој потег, по што и онака Јапонија била предкапитулација....
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.514
Поени од реакции
33.685
Размислував на темава, интересна ми се виде, и решив да го споделам ова со вас.
Убиваш еден, спасуваш илјада. Добро е? Лошо е?
Атомските бомби во Хирошима и Нагасаки го донеле мирот во светов, ама умреле околу 200,000 жители. Добро е?
Во врска си со некој/а? На двајцата ви е добро, а поради таа врска страдаат неколкумина. Добро е?

Не гледам разлика меѓу двата поими. Постои нешто за кое можеме да кажеме дека е ultimate good, или ultimate bad?

П.С. Не видов ваква тема, ако има, оваа кај Ерик Кантона пратете ја. :D

Oбавезно да го изгледаш Swordfish. Штом ти се дошаѓа темава за размислување, филмофил/филмоман си, плус Траволта, Хали Бери, Дон Чедл и Хју Џекмен. Ако не ти е гледан, мислам. You have the power to cure all the world's diseases but the price for this is that you must kill a single innocent child, could you kill that child Stanley?

На темата ме мрзи да пишам.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Убиваш еден, спасуваш илјада. Добро е? Лошо е?
Атомските бомби во Хирошима и Нагасаки го донеле мирот во светов, ама умреле околу 200,000 жители. Добро е?
Во врска си со некој/а? На двајцата ви е добро, а поради таа врска страдаат неколкумина. Добро е?
Aко убијам еден а спасам илјада е добро но сепак на душа ке носам нечиј живот,оној живот кој сум го одзела но јас не сум никој да донесувам такви одлуки (за срека)но доколку ми се пружи таква можност не знам што би сторила.
Во врска со атомските бомби и не размислувам многу дали биле пуштени за добро или за лошо но сепак страдале невини луге што не е за оправдување.
А за третиот случај за кој спомнуваш убаво ни е нас ама некои други страдаат...лошо е да се гради една срека врз туга несрека но од друга гледна точка утре никој нема да ти каже благодарам за таа жртва.
 
Овие ги дадов само како примери, не одма се фаќајте за нив. x)
За третиот случај: како и да е, ние луѓето сме сурови, и единствено се грижиме за нашата среќа, и воопшто не разгледуваме од друг агол. Што ако излезе дека повеќе страдаат отколку ние што сме среќни? Ќе се откажеме? Сигурно не, од причина што сме луѓе.
 
Не се сетив на други примери но затоа ги употребив овие.:smir:
И да, не гледаме за другите,себично е можеби но веке го искажав мојот став и стојам на него...ти се жртвуваш за твојата срека а никој нема да ти каже благодарам нели:wink:
A на пример ако се откажам од личноста со која сум срекна заради другите кои се несрекни па тогаш јас ке бидам онаа која е несрекна па и тие нема да сакаат да ме гледаат сигурно разочарана(зборувам доколку се работи за блиски личности)Како и да е ко што кажа ти лугето сме сурови и гледаме за нас.Па и да ти кажам треба да гледаме најпрво и за нас да ни биде добро а потоа на другите.Снајди се па живеј.Биди себичен,уживај во животот не гледај само за другите туку малку и за себе.(зборувам воглавно за третиот случај)
Тоа го кажувам од лично искуство верувај од толку гледање за да им биде добро на сите на крајот јас сум секогаш таа која го извлекува подебелиот крај.Shit Happens!
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Во себе го имаме моралниот код кој секогаш ни кажува што е добро а што е лошо,без разлика што не постои пишано правило за тоа.Дури и кога човек вели дека,вистината т.е доброто и лошото не можат да ги дефинираат јасно според мене е прилично голема фарса,бидејќи она внатрешното секогаш има одговор за тоа што е правилно.
Е сега има гранични случаи кога човек навистина не може да дефинира или пак од него се бара преголема жртва,во тој момент може да ги заборави сите лекции и да постапи инстинктивно или пак да ги примени,сепак ќе зависи од индивидуата.
И за крај,и овој свет некогаш не знае што сака,бара од луѓето повеќе отколку што е потребно,осудува и брани таму каде што не е потребно.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Секогаш има избор..

-Кое е тоа добро дело каде што убиваш човек ? Кого го интересира тоа дека си спасил кој знае колку луѓе , важно си убил човек тоа е кривично дело и грев...
А за тоа американците што ги пуштиле атомските бомби не знам колку е добро не убиле баш 200 000 луѓе што е со наредните жители на тоа место (накази) , сто посто имале и друг избор , барем некој помалку болен. Но како што кажа некој погоре тоа им било можност да си го промовираат своето ново оружје...
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Се е во добро склопеното алиби при одбрана на еден од овие два поими. Впрочем најбитно е, секогаш од тебе да се бара да го склопиш алибито. Тогаш крајниот заклучок ќе го формулираш онака како што ти сметаш дека во тој момент треба да се издигне едното на штета на другото.
 
С

Сатори

Гостин
Размислував на темава, интересна ми се виде, и решив да го споделам ова со вас.
Убиваш еден, спасуваш илјада. Добро е? Лошо е?
Атомските бомби во Хирошима и Нагасаки го донеле мирот во светов, ама умреле околу 200,000 жители. Добро е?
Во врска си со некој/а? На двајцата ви е добро, а поради таа врска страдаат неколкумина. Добро е?

Не гледам разлика меѓу двата поими. Постои нешто за кое можеме да кажеме дека е ultimate good, или ultimate bad?

П.С. Не видов ваква тема, ако има, оваа кај Ерик Кантона пратете ја. :D
Кога би постоело било што, кое што може да ја го носи императивот на ултимативно, тогаш веројатно човекот ќе беше Бог а не човек и неговата креација ќе се одликуваше со совршенство и перфекција, а тоа не е она што не учат во приказните, не?
Кога за еден умираат илјади тогаш тој е крал на Франција или Борџија, кога еден убива илјади тогаш е Хитлер или Сталин, колку може да се дефинира како херој или антихрист е на историјата да одлучи, а и таа е сама по себе субјективна категорија подложна на моделирање според национална, верска или континентална припадност.Човекот е неспособен да го прими, уште помалку да го разбере концептот на ултимативноста, на злото или доброто само по себе.Ние сме сеуште заробени во некој привиден религиозен и нормативен морал пренесен како обичајна традиција што менталниот склоп не може да ни прифати базични промени, не концептуалност на вистинска правичност.
Човекот е осуден да биде доволно интелегентен да препознае, а премногу површен за да разбере, затоа нема потреба од тоа да се троши интелегенцијата на размислување, телевизијата врши одлична работа.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Секогаш ама баш секогаш казната стига, можеби не онаа директната но каењето (под - свеста, болката и себе обвинувањето) е неизбежно. Во најголем дел од случаите не постои човек што не е виновен за добрите дела што не ги направил во животот. Но, Од друга страна пак, секој што сака успеал или барем се обидел или стремел за доброто на другите да помага (на било кој начин) веќе го има обезбедено она најважното, доброто и мирот во сопствениот живот.

Да сега делува, смешно..знам на ваков начин сите би размислувале, кој го *бе, нека крши глава, имам јас свои проблеми... Ама размислете само на најтешките лични моменти, и веднаш ставот се менува и све добива една целосно друга димензија. Сум го научил ова на потешкиот начин признавам, ама најбитното е што како така, сум успеал!!
 
jovichbt

Јован
Член од
8 јули 2009
Мислења
7
Поени од реакции
0
Да расчистиме една работа - работите по својата природа не се делат на добри или лоши. Човечката инвидуа ги дели на добри & лоши според нејзините ставови кои се длабоко запишани во потсвеста. Значи работите сами по себе не се добри или лоши. Тоа е дел во мозокот кој одредува дали некој предмет е добар или лош. Луѓето кон одреден предмет имаат добар став, а други имаат лошо гледање на тој предмет..
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Поимите добро и лошо се потценети и секој си дава право да ги толкува како сака, што дефинитвно не е исправно. Апсолутно секаде во светот, врховно зло е одземањето туѓ живот присилно и тоа секогаш ќе биде ултимативно лошо. Комплетната спротивност на тоа ќе биде безрезервната помош во момент кога некому е потребна особено ако тоа направи да преживее тој некој.

Да, безброј пати дури и ние како обични смртници (да не збориме за оние со моќ за одлуки кои влијаат на големи групи живи луѓе) се соочуваме со дилемата дали едно за да добиеме друго и тоа секогаш ќе тежи на нашите плеќи зашто никогаш не можеме да го донесеме совршеното решение. Некогаш нашето решение ќе одземе и нечиј живот, нашата одлука ќе биде многу сурова но со тоа само ќе го докажеме нашето постоење во природата и тоа дека сме обичен мал дел од неа. А природата е многу сурова.
Всушност, зборот човечност кој е прекрасен не претставува милостина кон рандом сожител, туку фантастично балансирање помеѓу маките на едните и среќата на другите луѓе кои се во нашето опкружување. Моќта да се доведат во совршена релација за сите да бидат задоволни е она кое го прави човекот - човек.

Затоа воведното прашање на темата е невозможно да се одговори со сигурност и да се тврди дека својот одговор е комплетно точен. Правиме одлуки кои никогаш нема да знаеме дали се исправни и совршени.
 
Апсолутно така.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Sto e dobro za drugite nemora da e za tebe dobro.
Ti si spasil iljadnici ama si stvoril losa karma.
Ama toa pak e posledica na losa karma od predhodniot zivot , i tn. i i tn.
Trkaloto na zivotot se vika.
I e magicno inace.
Kako da mu kidnes ?
Ripni slobodno , bez strav.
Strav?
Ako go nemas u tebe ke ostane cista ljubov , a toa e patot do Bog.
A Bog e nadvor od trkaloto , i zatoa nemozeme da go vidime.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom