ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
ABC пак хиперболизираш, како кажа ко демек интернет кафињата се единствениот или доминантниот процент на микробизниси во државава, а сите знаеме дека се под 5% од збирот на сите миркобизниси. АВС не значи дека ако груевски и неговите портпароли хиперболизираат дека и ти треба истотот да го правиш.
И мислам дека веќе проблематиката еднаш ја продискутира а тоа беше на темата забесплатниот интернет од дома.
АВС и јас и се надевам дека и ти знаеме дека ова со интернетот е повеќе залажување на народот, и дека владата ако сака нешто да направи за употребата на интернет треба да го обработи теренот за да се создадат поевтини пакети за широкопојасен интернет. А и кога тоа ќе се направи ти пак ќе имаш работа ако го искористиш максимално имањето на мрежа на компјутери кои се поврзани со интернет, и меѓудругото направиш можност за VoIP за далечни повици по багателни цени, кои би ги користеле пензионерите кои имаат роднини негдека каде што им е поскапо да звонат, бидејќи не се сите ко баба ми па да имаат желба колку толку да знаат со компјутерот и интернетот да се послужат да се чујат со нивните роднини.
АВС знам дека не енормално ако нема луѓе како тебе кои секогаш ќе се противат и ќе ги тераат проблематиките во екстреми, ама не значи дека тие истите треба да бидат УДАВИ.
Дај малку тргни главата од форумов оладија пошто почнува да се вжештува а таквите глави не се на арно.
Вилијам Циципушев мил мој Burn84 учеше со мене во трето одделение во О.У. Лазо Трповски
Aх,ама сум се одморил од ова интернетов,гледам пред некој ден Гвујо ми р`снал едно бесплатно нет-кафе наспроти моево на едно 20-30 метри и си велам,абе овој будала е,или му смрдат чорапите.Набацал едно 10тина компјутери вредни барем колку 40 мои,но сепак полупразно,како народов да неќе бесплатен интернет.Се мислам да му го удрам клучот на интернетов или да почекам некој месец барем колку што имам платено кирија за објектот оти газдата бара секој 6 месеци однапред платена кирија.Поминува крај мене еден газда на сендвичарница и ми вели,абе комшија па зар не можеше владава малку поблиску да го отвори новово нет-кафе,се отепав одејќи таму-ваму со порачкиве од утринава.Го погледнав малку напреку и си размислувам,мајката овие си играат мајтап со мене,покрај владава и комшииве почнаа да се заебаваат со нас како да сме последните мивки во државава.Туку нема чаре си велам и веднаш започнав да планирам пренамена на бизнисов па така за некоја недела ќе биде првата интернет-кебапчилница ако не во светот тогаш сигурно во Македонија.Сега младите а и старите Прилепчани ќе можат додека проверуваат пошта или додека ирцаат да си кврцнат по некое кебапче и пивце.Се разбира дека интернетот ќе ми служи само како параван за да може кебапчилницава да ми работи 24 часа како и секој интернет а за муштерии кој порачале кебапи интернетот ќе оди гратис,дури се надевам дека поголем број од муштериите на Гвујо ќе бидат и мој муштерии зошто гладен не се сурфа,па сега го сменив моето мислење и велам камо владава да отвореше уште по 10тина вакви бесплатни интернет клубови во секој град.