Добитници на лотарија за САД

Член од
6 април 2015
Мислења
396
Поени од реакции
128
Здраво,

Сакам да прашам дали за лотаријата за виза во САД ако се работи за дечко и девојка (и двајцата ако се пријавени), доколку едниот биде извлечен, може да го поведе другиот со себе?

Или далитреба некоја дополнителна процедура во однос на пријавувањето, со цел двајцата да може да заминат доколку биде извлечен само едниот?

Поздрав и благодарам
Дополнителна процедура доколку го извлечат едниот е да се венчате , регистрирате итн. ,за да може другиот партнер да го земе во Америка .
 
Член од
9 јануари 2015
Мислења
173
Поени од реакции
131
Здраво,

Сакам да прашам дали за лотаријата за виза во САД ако се работи за дечко и девојка (и двајцата ако се пријавени), доколку едниот биде извлечен, може да го поведе другиот со себе?

Или далитреба некоја дополнителна процедура во однос на пријавувањето, со цел двајцата да може да заминат доколку биде извлечен само едниот?

Поздрав и благодарам
http://www.alllaw.com/articles/nolo/us-immigration/marry-green-card-holder-work.html

Како што пишува на овој линк неможе ако имаш green card само да се венчаш и веднаш партнерот со тебе да си го земеш во USA да си живееш со него и тој/таа да работи во USA.
Процедурата е долга и трае со години.
Веднаш можеш да се венчаш и да го земеш партнерот со тебе во USA само ако си американски државјанин .Со green card ако е дечкото или девојката зависи кој добил на лотарија најдобро би било да замине сам\a во USA да живее и работи таму и за 3-4 години да полага испит за да стане американски државјанин и тогаш кога ке земе американски пасош да се венча со партнерот и да го доведе во USA.
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
http://www.alllaw.com/articles/nolo/us-immigration/marry-green-card-holder-work.html

Како што пишува на овој линк неможе ако имаш green card само да се венчаш и веднаш партнерот со тебе да си го земеш во USA да си живееш со него и тој/таа да работи во USA.
Процедурата е долга и трае со години.
Веднаш можеш да го земеш партнерот со тебе само ако си американски државјанин со US пасош.Со green card ако е дечкото или девојката зависи кој добил на лотарија најдобро би било да замине сам\a во USA да живее и работи таму и за 3-4 години да полага испит за да стане американски граѓанин и тогаш кога ке земе американски пасош да се венча со партнерот и да го доведе во USA.
Неточно и провери пред да шириш дезинформации на ваква сензитивна тема.

Доколку се венчаш пред да одиш на интервју следи барање за повторно отворање на DS260 (доколку ти е комплетирано пред тоа), а ако ти одобрат зелена карта во амбасадата - СЛЕДУВА зелена карта и за сопругата/сопругот.

Ако тој што поминал на интервју ОТПОСЛЕ се венча и поднесе барање за сопругата - тогаш важи тоа дека автоматски не следува и за брачниот другар и мора да се чека некоја година, но тоа не го праша дечкото погоре...
 
Мислев дека прашува за венчање после поминато интервју во амбасада затоа и го дадов тоа објаснување и воопшто не е лажно прочитај се убаво на линкот.
Не е лошо и таа процедура да се знае за некој ако му притреба.

BTW ..... Зошто да брзаш и да се венчаш со некој ако незнаеш дали ќе го помине интервјуто во амбасадата ? Што ако го/ја одбијат ?
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Како зошто да брзаш??? Па кој ѓавол воопшто би аплицирале и двајцата партнери ако не планираат да се венчаат на евентуално извлекување?
Па многу поголеми шанси има да те пуштат него не, барем јас ептен ретко сум чул некој од тука да одбиле за зелена. Од форумов знам само за Пакович, ама кај него сам си е крив, не конзулот. И која е логиката да треба да чекаш 3-4 години за да бидеш со партнерот наместо да се венчате пред интервју, без разлика дали ќе ви одобрат или не?
Чекањето е со години, додека разводот се завршува за 2-3 дена.
 
Хмм....... Okej . Има логика . Во право си. :)
 
Член од
6 април 2015
Мислења
396
Поени од реакции
128
Од другарка ми дечко и доби на лотарија за зелена карта , и се венчаа со другарка ми 3 месеци пред интервјуто и си заминаа . Не ширете дезинформации , секако дека можи да се земе брачниот партнер .
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
14
Поени од реакции
1
Мислев дека прашува за венчање после поминато интервју во амбасада затоа и го дадов тоа објаснување и воопшто не е лажно прочитај се убаво на линкот.
Не е лошо и таа процедура да се знае за некој ако му притреба.

BTW ..... Зошто да брзаш и да се венчаш со некој ако незнаеш дали ќе го помине интервјуто во амбасадата ? Што ако го/ја одбијат ?
Вака, уште немаме аплицирано.
Прашањето ми е доколку едниот го изберат (за зелена карта или за интервју), која е процедурата за двајцата што не се во брак да заминат заедно?

Ако знае некој нека ја опише постапката накратко.
 
Член од
12 октомври 2016
Мислења
3
Поени од реакции
0
ај некој што знае се во врска со постапката за аплицирањето само за една личност да ми објасни? како оди онлајн, писмено ?
 
Член од
6 април 2015
Мислења
396
Поени од реакции
128
ај некој што знае се во врска со постапката за аплицирањето само за една личност да ми објасни? како оди онлајн, писмено ?
Кликаш на линкот и ти пишува кои податоци да ги оставиш и тоа е тоа ( плус слика )[DOUBLEPOST=1476299201][/DOUBLEPOST]
Вака, уште немаме аплицирано.
Прашањето ми е доколку едниот го изберат (за зелена карта или за интервју), која е процедурата за двајцата што не се во брак да заминат заедно?

Ако знае некој нека ја опише постапката накратко.
Само ако се венчани/регистрирани можат да заминат заедно . Доколку еден добие само тој ке си оди на интервју во амбасада , не можи врз основа на само љубов да повлечеш со себе некого. :D Морат тапија .
 
Член од
2 февруари 2014
Мислења
103
Поени од реакции
60
Вака, уште немаме аплицирано.
Прашањето ми е доколку едниот го изберат (за зелена карта или за интервју), која е процедурата за двајцата што не се во брак да заминат заедно?

Ако знае некој нека ја опише постапката накратко.
Откако ќе извлечат еден од вас, закажувате венчавка. Тоа може да биде пред или после праќањето на DS260 формуларот. Доколку се венчате после испраќање на DS260 формуларот, барате да ви се отклучи истиот формулар за да го додадете брачниот партнер. На интервјуто ќе мора да докажете со слики, пораки и слично дека вашата врска не е од "вчера" и дека е бона фиде. Тоа е отприлика у најкратки црти.
 
Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
680
Дечки ај линкот ако сакате за лотаријава. Има некакви измени во начинот на аплицирање од лани, или све е исто?
Фала
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
7
Поени од реакции
0
Apliciram familijarno, prasanjeto mi e dali samo jas treba da apliciram ili moze i soprugot so sto bi imale dve sansi bilo kogo da uzvlecat , ili toa ne vazi za vo bracna sostojba fala
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Apliciram familijarno, prasanjeto mi e dali samo jas treba da apliciram ili moze i soprugot so sto bi imale dve sansi bilo kogo da uzvlecat , ili toa ne vazi za vo bracna sostojba fala
Аплицирајте и двајцата брачни другари.
Со тоа ќе си ги зголемите шансите за заминување во САД. Имате право и двајцата да аплицирате.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom