Може друже да се наведе како адреса за документите и социјалниот број адреса од некој евтин мотел. И кога ќе се оди во САД, ќе се отиде во мотелот и таму ќе се чека неколку недели на тие документи. И додека се престојува во евтин мотел, тоа е Америка, може во мотелот ќе се најде работа носење на багаж на гости, нешто во кујна чистење и миење садови, колку да се заработи некој екстра долар. Можеби фантазирам, но мора да се бара начин.
За брак како што и самиот си пишал, ризично е друже. Може да дојде до уцени, може некоја девојка на почеток да е фина и се, ама после потпис на брак, девојката може да уценува, да бара се и сешто да и се купува, да биде спонзоруша. И да не дава мир и развод со години.
Се на се, глупо е тоа со спонзор. Кој има роднини во САД, ќе најде некој начин да отиде во САД. Едноставно е да биде без спонзор, и да има услов од типот, ако некој не се снајде во Америка, падне на товар на системот во САД, да биде депортиран назад во својата земја. Да, јасно е, властите во САД така би трошеле средства и време би губеле со луѓе за да ги депортираат, и подобро е да спречат, отколку да лечат.
Точно. Лотаријава губи на смисла со условот за спонзор.
Некој извлечен што има спонзор роднина што живее легално во САД а притоа и може нема да знае многу од јазик и ќе отиде таму. А некој и да знае добро јазик ако нема спонзор шансите се минимални. Сепак и ако бидеме извлечени во Мај, треба да пробаме среќа, и да ја истуркаме постапката и процедурата со сите документи до крај.
Па во амбасада ако пуштат да се добие зелената карта и без фамозниот спонзор супер, а ако не сакаат да пуштат здравје. Барем да се проба нешто.