Дневна доза хаику

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.792
Поени од реакции
33.602
Guys, хаикуто има стриктна форма од 5-7-5 (5 слога во првиот стих, 7 слога во вториот и 5 слога во третиот стих). Поголем дел од стиховите кои ги пишувате не се хаику. Ова веќе беше напоменато неколкупати, ама ај и јас да се „направам паметен“. :P
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.965
Набиен рогот,
следи одмазда ил бол.
ни сам не знае.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.040
Поени од реакции
950
Во овој град
По многу години
Ке барам да те видам
А кога ке те препознаам
Мирно ке си заминам...
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.965
Малце емо

Темнина јака,
низ очите продира,
светлина бара.

Изгуби разум,
го понесе со себе,
фенот во када.


Фала Злате за хаикуто во првиот форумски весник ;)
 
Член од
21 јануари 2014
Мислења
210
Поени од реакции
444
Го сакам...
звук на тишина
притаен со мрак.

Ме убиваш
ме болиш низ
цело тело.

Прашања со
делумен одговор
доволни се?
 
Член од
16 јули 2009
Мислења
30
Поени од реакции
11
Хаикувчиња
1 Затнете носот -
хаикувчиња следат
солидно мртви.
2 Карикатура
носи на рамењата
ненаспана ноќ.
3 Денот исплакнат
со хидроген три посто -
здивот му смрди.
4 Жолт картон добив
за високо крената
суета моја.
5 Хет-трик во подлост
постигнав за суета
да си нахранам.
6 Изблув хаику
избега мршојадец -
хиени бујрум.
7 Денот се вклештил
карлично во муграта -
мора царски рез.
8 Не треба компас
за патот кон пеколот
ми рече смртта.
9 Смртна насмевка -
ја врзаа под брада,
муви ќе влегле.
10 Здивот на смртта
мириса на скапан заб
не дружам такви.
11 Љубовта твоја
умре во мојте очи -
два гроба има.
12 Без мојта мила
се разбуди утрото
и се расплака.
13 Мутиран полжав
престорен само маже -
дркаџија е.
14 Сега сум најјак,
извика глуварчето -
и се распрсна.
15 Исповратив сон -
деконтаминиран сум,
го зграпчи денот.
16 Закопана жал
воскреснува ко радост
за Паско Кузман.
17 Мома кај дала
невиност да ù згасне
никнало лале.
18 Мојто либидо
со старечко алиби
глуми пубертет.
19 Ни завидува
што секогаш сме сами
сијамски близнак.
20 Извежбав без грч
со надеж дека утре
пак ќе бидам прч.
21 Штурецот во штрајк,
луната расплакана -
сал жаба крека.
22 Расте печурка
од закопана злоба -
кој ќе ја проба?
23 Секоја глупост
мисли дека умира
како гение.
24 Шантав распоред -
ако не умреш, немаш
ти вечен живот.
25 Споменот затнат -
минатото ќе прсне
ко слепо црево.
26 Песочна бура -
остра болка го сече
бубрегот во лој.
27 Спласна преродба –
ископај го окото,
одиме напред.
28 Уво ме боли -
Бог дал на бактерии
рајска населба.
29 Носот ми тече
среќните бактерии
мочаат радост.
30 Стомакот вие -
ненаситните очи
го прејадоа.
31 Суета туѓа
покосена од срам,
пат ни осветли.
32 Лигава книга -
од ушите на Љупчо
мудрост претече.
33 Фали доктори
ама глеј да живееш
без нивна помош.
34 Ебати тоа
метафори јасни
дури задутре.
35 Издавам душа,
наместена со нежност,
кирија е секс.
36 Сред урнатини
пајажинска палата
намами гостин.
37 Моето срце
како женски манастир
тлее јалово.
38 Тепихот е црвен
на премиерата со
вирго интакта.
39 Среќа е кога
врапче ќе ти го лапне –
комарецот зол.
40 Бурен летен дожд
толчи град во липите -
леден липов чај.
41 Не се задевај
со старото магаре -
рика хаику.
42 Нема квалитет,
сé некои поети,
рече вампирот.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.017
Во овој град
По многу години
Ке барам да те видам
А кога ке те препознаам
Мирно ке си заминам...

Ова не е хаику. Треба да внимавате на структурата кога пишувате хаику.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom