Д'лејтест софтвер хоумјус :)

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Неодамна комшијата ја надгради својата Девојка1.0 во Сопруга1.5,но откри дека тоа ти е еден ждерач на систематски ресурси кој остава сосема малку простор за другите апликации.:toe:
Дури забележа дека Сопруга1.5 го спамува со Деца-процеси кои дополнително ги трошат ресурсите.За овој да кажам феномен нема ни збор во придружната документација иако од други корисници разбравме дека тоа е очекувано поради природата на самата апликација.Не само тоа,туку Сопруга1.5 се инсталира така што автоматски се подигнува со иницијализацијата на системот при што ги надгледува сите други активни процеси.
Башка комшијава се пожали дека некои постари апликации како што се Пијанка 8.5.1,Кафич 12.3 и Шмекање 2.5SE веќе воопшто не се вклучуваат,при што паѓа системот иако порано фино си работеле.:icon_lol:
При инсталацијата Сопруга 1.5 не дава можност за каст'м процедура за да ги исклучиш непотребните плагини Свекра 55.8 и Шура.beta.:icon_lol:
Сумњам дека перформансите на системот му слабеат од ден на ден
Подобрувања кои би сакал да ги видам во наредната верзија Сопруга 2.0 се:
-копче:Don't remind me again
-копче за минимизација на програмот
-un-instal опција која ќе спречи секакво губење од кешот и системските ресурси
Јас лично одлучив да ги заобиколам сите овие заврзлами околу Сопруга 1.5 па си инсталирав Девојка 2.0
Но и овде налетав на проблеми,како прво неможеш да ја инсталираш Девојка 2.0 врз Девојка 1.0,мора прво да ја одинсталираш првана
Од други сум слушнал дека тоа е баг што стално се провлекува и кој на сите им е познат.
Очигледно двете верзии имаат конфликт околу делената употреба I/O портата.Патем ан-инсталот на Девојка 1.0 не работи како што треба пошто остава непожелни траги во системот.
Уште една ствар што не ја бива:сите верзии на Девојка постојано отвараат мали прозорчиња со пораки околу предностите за надградба на сопруга 1.5 :icon_lol:
Предупредување:
Сопруга 1.5 има еден недокументиран баг,имено ако пробаш да ја инсталираш Швалерка 1.8 пред да ја одинсталираш Сопруга 1.5, тогаш Сопруга 1.5 ќе ти ги избрише сите MSMoney фајлови пред да се одинсталира себеси,по што Швалерка 1.8 ќе одбие да се инсталира поради недостаток на ресурси :icon_lol:
Иљач:
За да се избегне погоре споменатиот баг,инсталирај ја Швалерка 1.8 на друг систем и никогаш немој да правиш трансфер на фајлови меѓу системите.Внимавај на разните шер-вер апликации кои може да имаат вируси пошто е познато дека може негативно да се одразат врз Сопруга 1.5
Второ решение е да ја подигаш Швалерка 1.8 преку некој интернет провајдер со анонимен акаунт,но тука повторно треба да се пазиш од разни вируси што хараат по мрежата кои случајно би можел да ги данлодираш

Инаку неодамна дознав дека најпопуларна програма на запад била Вереница 1.3 која со години ја користеле. :icon_lol:
 

Smasher

Професионален молер
Член од
27 јуни 2007
Мислења
811
Поени од реакции
9
Многу ми е познато... ааа да ми текна го читав нешто вакво во некој од ова ПЦ инфо, Плагин или слично пред едно 4-5 години.
Се сеќавам имаше и слики на софтверските пакети :pos2:.
Добра зезанција. :pos:
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
има и слики али неможам на нетов нигде да ги најдам :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom