Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.126
- Поени од реакции
- 12.109
А не, сине, не може да се вадиш со исти финти - аа не е алф... ти се дрзна на форумов тука да ми расправаш кој какво искуство има, кој бил верник, кој погрешно верува, итн итн... и сега кога си на тапет дека ти си тоа што го критикуваш, ааа не е алф... ти си сине
Ти направи избор: веруваш во библијата како ти мислиш дека треба. Се расправаш со секој и го убедуваш дека твоето разбирање и толкување е врвот и апсолутната вистина... трчаш наоколу и со мене и со други се расправаш кога ќе ти кажат дека и ти си во тој кош како и верниците христијани, но ти заради твои каприци одбиваш да признаеш дека е така... бидејќи имаш мака со авторитети и хиерархии... а целиот универзум е една хиерархија, правила и пропорции од кои нема бегање, само разбирање и правилно искористување!
Но ти ова не го знаеш и не може да го знаеш, рече не знаеш ништо за езотерија и окултното кое е скриено од профаните...
Значи прекини со секташко толкување на библијата и кој што да вкуси... не зборуваш тука со неуки луѓе, или дома да држиш лекции пред твоите... колку што се заморувам со Телема и езотерија, толку и со другите религии и учења... не прави светлината скокови, разбери го тоа!
Ништо не знаеш за било кој од тука, упорно едно та исто збориш, по се изгледа имаш навистина многу живот и забораваш дека смртта на која се повикуваш, навистина може да слушне и да имаш искуство кое... си млад да го имаш и не треба да го имаш. Престани, не дозволувај еден муабет на форуми со непознати виртуелни ликови да те понесат и да зборуваш сешто.... Не знаеш што зборуваш и само смртта ти е во устата... Вилијам Блејк има зборувано за ова, некои работи не се ниту шепотат не пак да се пишуваат и зборуваат...
Уживај, смири се... не ми е целта да те дразнам тука и да зборуваш сешто, имај самоконтрола - некои работи... чувај ги за себе. Ова еден добронамерен Телемитски совет бидејќи по се изгледа навистина не си запознаен со нештата како одат во позадина и колку се запченици има кои го вртат мозаикот за секој човек!
Кога ти ќе престанеш да цитираш библија и нема да се држиш до нејзе ќе дојдеш и ќе зборуваме за тоа кој што суди и кој закон какво следи... бидејќи како што реков тоа што ти не прифаќаш дека си христијанин, а веруваш и ја толкуваш библијата и евреите, не те ослободува од христијанството, само те заробило за век и веков и ти при очи си слеп.
Секое толкување на други што значи било која света книга Е сатанизирање! Никој не знае кој каде е на својата патека во однос на симболите и учењата во светот, распространети низ човештвото! Затоа и стихот споделен од Светите книги на Телема, за да знаете кој кај е и зошто е..
ТИ не разбираш што ти одговарам, скокаш или навистина не те интересира што некој одвоил време да ти одговори... тебе целта како и на другите кои веруваат во староеонските религии е што и да е одговорот - не е тоа, сега ќе ти кажам... без да сакате да научете или прочитате многу повеќе од ова тука на еден форум...
И како да ти помогне некој да сфатиш каде е грешката во религиите и светите книги од стариот еон (со сета историја, наследство, простор итн итн) и на што ти се повикуваш и да ти укаже дека не може да водиш љубов со христијанската света книга и да ти е конкубина, а другите свети книги да не си ги ниту видел и да зборуваш за смрт, за искуство итн итн... ништо немаш од тоа штом толку напнуваш и зборуваш за смртта!
Но, напнувајќи - реков, може и да ја повикаш и да видиш дека тоа што ти го нарекуваш смрт е ништо од она што следува, затоа - намали доживљај - кроце...
Фалусот не не боли нас ти дали си искусил смрт (сигурно духовна и сега си над таблата на животот, а тоа го пишува во нашите Телемитски свети книги, така да те гледам само како бледа копија на некој што прочитал и глуми просветлен пред неуки) ... само гледаме дека коментираш библија и тоа е врвот на твоето искуство...
Нема таму искуство, извини.