Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Верата неможе да биде начин на спознавање, од проста причина што е пасивен начин на прифаќање одреден концепт.
:facepalm: Ова треба добро да го преиспиташ! Ти тврдам дека сериозно го потценуваш овој човечки ресурс, квалитет.

Што се однеаува до литургијата, не гледам како таа ќе му овозможи на верникот увид во неговото себство, во неговото битие? Дали верникот со литургијата достигнува контемплација преку која ги осознава аспектите на апсолутот? Јас имам присуствувано на неколку, освен пасивно присуство, верниците не се вклучени на друг начин. Како тоа пасивно - физичко присуство на тој ритуал ќе му обезбеди на верникот Разбирање за тоа дали аспектите на Апсолутот се безлични или не?
Воопшто не е пасивно, ти си бил со Бог, но не си сакал да Го запознаеш, тоа е онтолошко промашување.
Но, извини, ќе може ли да не` удостоиш ли со твоето искуство за Царството, доста ескивираш, не си фер!:misticen:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
:facepalm: Ова треба добро да го преиспиташ! Ти тврдам дека сериозно го потценуваш овој човечки ресурс, квалитет.
Не е никакво потценување, верата е лотарија, ти се презентира одредено тврдење и ти решаваш да веруваш, дали има вистина или не. Нема Разбирање, нема искуство, нема преиспитување. Игра на среќа.
Воопшто не е пасивно, ти си бил со Бог, но не си сакал да Го запознаеш, тоа е онтолошко промашување.
Но, извини, ќе може ли да не` удостоиш ли со твоето искуство за Царството, доста ескивираш, не си фер!:misticen:
Велиш не е пасивно, во ред, објасни ми на кој начин физичкото присуство на верникот ќе резултира со контемплирање и осознавање на суштината и аспектите на апсолутот? Сум присуствувал на литургија, знам дека верникот освен што е физички присутен, на друг начин не учествува во обредот! Како тоа ќе му обезбеди искуство да осознае?

Друга работа! Бараш од мене да ти пренесам искуство во кое го контемплирам сопственото битие, сопственото себство, што е подеднакво апсурдно, како да бараш од некого, на далтонист да му објасни што е сино а што жолто! Ако ти никогаш не си го сторил истото, врз основа на кое заедничко искуство да ја изведеме таа комуникација? Кога ќе ти кажам дека некаде постои река, ти можеш да ме разбереш, бидејќи и двајцата имаме знаење за тоа што е река, ако еден од нас никогаш не видел река, како другиот ќе му објасни било кое искуство поврзано со река?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Не е никакво потценување, верата е лотарија, ти се презентира одредено тврдење и ти решаваш да веруваш, дали има вистина или не. Нема Разбирање, нема искуство, нема преиспитување. Игра на среќа.

Велиш не е пасивно, во ред, објасни ми на кој начин физичкото присуство на верникот ќе резултира со контемплирање и осознавање на суштината и аспектите на апсолутот? Сум присуствувал на литургија, знам дека верникот освен што е физички присутен, на друг начин не учествува во обредот! Како тоа ќе му обезбеди искуство да осознае?
Одењето во Храмот е движење, напуштање на овој распадлив, смртен начин на постоење(всјакое ниње житејскоје отложим попеченије)..., одење во Царството(гледаш колку си невнимателен како пасивно го цениш физичкото присуство!?), понатаму гледањето, слушањето, говорењето, сеќавањето, верувањето, размислувањето, пеењто, вкусувањето..., се дејствија(повторно пасивни!?, според тебе) кои го инкорпорираат целосниот човек во Бог. Ова искуство како христијанин еве го споделувам со тебе, но ти „нормално“го потценуваш, ти “знаеш“ повеќе за мене.:toe:
Друга работа! Бараш од мене да ти пренесам искуство во кое го контемплирам сопственото битие, сопственото себство, што е подеднакво апсурдно, како да бараш од некого, на далтонист да му објасни што е сино а што жолто! Ако ти никогаш не си го сторил истото, врз основа на кое заедничко искуство да ја изведема таа комуникација? Кога ќе ти кажам дека некаде постои река, ти можеш да ме разбереш, бидејќи и двајцата имаме знаење за тоа што е река, ако еден од нас никогаш не видел река, како другиот ќе му објасни било кое искуство поврзано со река?
И јас вака можев да ти одговорам, но, бидејќи имам содржина на искуство би било себично, но мислам дека ти не си себичен, бидеќи нема што да сокриеш...;)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Одењето во Храмот е движење, напуштање на овој распадлив, смртен начин на постоење(всјакое ниње житејскоје отложим попеченије)..., одење во Царството(гледаш колку си невнимателен како пасивно го цениш физичкото присуство!?), понатаму гледањето, слушањето, говорењето, сеќавањето, верувањето, размислувањето, пеењто, вкусувањето..., се дејствија(повторно пасивни!?, според тебе) кои го инкорпорираат целосниот човек во Бог. Ова искуство како христијанин еве го споделувам со тебе, но ти „нормално“го потценуваш, ти “знаеш“ повеќе за мене.:toe:
Ако божјото царство е во нас, и ако секој треба да го осознае истото, тогаш активноста треба да биде насочена кон него! Активност е и играње фудбал, и тоа е движење, но од аспект на себеспознавањето, играњето фудбал е пасивна метода, бидејќи е активност насочена кон нешто кое не резултира со Разбирање за суштината на битието. Како што веќе нагласив, сум присуствувал на неколку литургии и знам дека верниците се неми, пасивни набљудувачи.
И јас вака можев да ти одговорам, но, бидејќи имам содржина на искуство би било себично, но мислам дека ти не си себичен, бидеќи нема што да сокриеш...;)
Јогата, магиката, дивинацијата се методи со кои може да се допре до битието, до себството, до "Божјото Царство" за кое зборува Исус. Во тој процес, кога стануваш свесен за истото, се здобиваш со Разбирање за неговата суштина и за поврзаноста на твоето битие со се останато, со целокупната реалност. Тоа Разбирање ти ја открива природата на просторот, на времето, на материјата, на постоењето.... Осознаваш дека се е дел од се останато и дека суштината на постоењето е субјективна.... Дека креаторот и креацијата се едно исто на фундаментално - суштинско ниво.
Кога ќе го сватиш тоа, сваќаш дека концептот "личност" е менлива и минлива категорија, и со тоа неспоива со нешто кое е вечно и апсолутно. Личноста континуирано се менува, човекот во текот на својот живот е една личност кога е дете, сосема друга личност кога е адолесцент и сосема петнаеста кога е старец. Но за време на целиот живот, битието, себството на човекот е исто, неменливо и тоа е дел од Апсолутот, тоа е "Божјото Царство" и тое не е личност.

Ете ти го мојот одговор.
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ако божјото царство е во нас, и ако секој треба да го осознае истото, тогаш активноста треба да биде насочена кон него! Активност е и играње фудбал, и тоа е движење, но од аспект на себеспознавањето, играњето фудбал е пасивна метода, бидејќи е активност насочена кон нешто кое не резултира со Разбирање за суштината на битието. Како што веќе нагласив, сум присуствувал на неколку литургии и знам дека верниците се неми, пасивни набљудувачи.
Царството е во нас, но кога сме со и во „другиот“, инаку сме ништо.
На Литургија ние сме со и во Бог, конкретни личности со конкретен, Личносен Бог, оваа заедница е различна од сите други кои ти можеш да ги наведеш.
И повторно ти нагласувам, дека иако си бил на Литургија си ја промашил, но тоа не е безнадежно.:)
Јогата, магиката, дивинацијата се методи со кои може да се допре до битието, до себството, до "Божјото Царство" за кое зборува Исус. Во тој процес, кога стануваш свесен за истото, се здобиваш со Разбирање за неговата суштина и за поврзаноста на твоето битие со се останато, со целокупната реалност. Тоа Разбирање ти ја открива природата на просторот, на времето, на материјата, на постоењето.... Осознаваш дека се е дел од се останато и дека суштината на постоењето е субјективна.... Дека креаторот и креацијата се едно исто на фундаментално - суштинско ниво.
Кога ќе го сватиш тоа, сваќаш дека концептот "личност" е менлива и минлива категорија, и со тоа неспоива со нешто кое е вечно и апсолутно. Личноста континуирано се менува, човекот во текот на својот живот е една личност кога е дете, сосема друга личност кога е адолесцент и сосема петнаеста кога е старец. Но за време на целиот живот, битието, себствого на човекот е исто, неменливо и тоа е дел од Апсолутот, тоа е "Божјото Царство" и тое не е личност.

Ете ти го мојот одговор.
Исус зборува не за единка, индивидуалност, напротив, „ кај се двајца, тројца во Мое Име таму сум и Јас“, значи заедница.
„Разбирањето“ не дава живот, туку „ Другиот“. Размисли.
Личноста е „менлива неменливост“, без неа нема заедница, Бог така постои, се подразбира и ние.
Личноста како слобода е менлива, но како начин на постоење е вечна...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Царството е во нас, но кога сме со и во „другиот“, инаку сме ништо.
На Литургија ние сме со и во Бог, конкретни личности со конкретен, Личносен Бог, оваа заедница е различна од сите други кои ти можеш да ги наведеш.
И повторно ти нагласувам, дека иако си бил на Литургија си ја промашил, но тоа не е безнадежно.:)
Методи што за мене функционираат се методи што ги практикувам, литургијата освен симболична функција, не гледам како поинаку може да послужи како начин за осознавање. Како споредба ќе ја посочам гностичката миса кај нас, таа е симболичен ритуал, метафоричен приказ на патот на просветлувањето, но таа сама по себе не е начин за достигнување на истото. Методите со кои се здобива тоа искуство се методи насочени кон себството на човекот, јогата, магиката и слично. Актот што е насочен кон надвор секогаш е пасивен во однос на осознавањето. За да Разбереш зошто другиот е драгоцен колку и ти самиот, мораш првин да се осознаеш себеси, тогаш ќе видиш дека "личноста" е илузија и дека на фундаментално ниво сите сме иста суштина. Без тоа, се што ти останува е верување, надевање, страв.
Исус зборува не за единка, индивидуалност, напротив, „ кај се двајца, тројца во Мое Име таму сум и Јас“, значи заедница.
„Разбирањето“ не дава живот, туку „ Другиот“. Размисли.
Личноста е „менлива неменливост“, без неа нема заедница, Бог така постои, се подразбира и ние.
Личноста како слобода е менлива, но како начин на постоење е вечна...
Незнам дали си свесен, но ова што си го напишал е контрадикторно и апсурдно до немајкаде. За да не се препираме, одговори ми тоа што првично те прашав, бидејќи јас тоа го направив. Ме обвини дека ескивирам да одговорам и дека тоа било себично, одговор доби, но го игнорираше моето прашање. Затоа ќе ти го поставам по трет пат:
Кое е тоа искуство преку кое дозна какви се аспектите на тројството?
Како ти дозна што зборувал Исус, што мислел, што правел?
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Методи што за мене функционираат се методи што ги практикувам, литургијата освен симболична функција, не гледам како поинаку може да послужи како начин за осознавање. Како споредба ќе ја посочам гностичката миса кај нас, таа е симболичен ритуал, метафоричен приказ на патот на просветлувањето, но таа сама по себе не е начин за достигнување на истото. Методите со кои се здобива тоа искуство се методи насочени кон себството на човекот, јогата, магиката и слично. Актот што е насочен кон надвор секогаш е пасивен во однос на осознавањето. За да Разбереш зошто другиот е драгоцен колку и ти самиот, мораш првин да се осознаеш себеси, тогаш ќе видиш дека "личноста" е илузија и дека на фундаментално ниво сите сме иста суштина. Без тоа, се што ти останува е верување, надевање, страв.
Од христијански аспект, ако не се насочиш кон другиот т.е. заедницата, дури и да си совршен, пак си ништо, еден човек = 0. Нема познание без другиот т.е. „ знам како што сум познат“.
Незнам дали си свесен, но ова што си го напишал е контрадикторно и апсурдно до немајкаде. За да не се препираме, одговори ми тоа што првично те прашав, бидејќи јас тоа го направив. Ме обвини дека ескивирам да одговорам и дека тоа било себично, одговор доби, но го игнорираше моето прашање. Затоа ќе ти го поставам по трет пат:

Како ти дозна што зборувал Исус, што мислел, што правел?
Од твоја перспектива може да е апсурдно, но од христијанска тоа е живот. Нема препирање, секој со својот став.(y)

Христос не донесе наука, философија..., за човекот, туку да му обезбеди живот, постоење, како примарност.
Науката, философијата, технологијата..., се ресурси, логоси во човекот дадени од Бог, за да може човекот да располага со создаденото и да го принесе истото на Бог како дар...
Јогата, магијата..., сите методи на самодоволност, самозатварање се спротивни на христијанството, кое мистиката ја доживува во откривањето на „другиот во Другиот“ и тоа е бесконечно, филетично, сторгиско, еросно, агаписко постоење во Вечноста.

Еве по трет пат да ти повторам: Литургија! Каков е патот на откривање на Бог е лична релација, на пр. процесот, патот како си го дознал сопственото име дека е твое и дека ти си тој..., Исус слично се открива иако имаме бројни библиски настани, откровенија на личности како законот на Мосеј, пророците, апостолите..., кои се чудесни, но тие се од интерес на целото човештво.
Литургијата е Вечна Заедница на Св. Троица во која се движиме, препознаваме, постоиме..., за сите луѓе од првиот до последниот човек што ќе се роди во историјата, сите се повикани, поканети...
Моето искуство е едно од многубројните, и најискрено го посакувам секому, онака слободно да го доживее Бог, радоста на таа средба, вкусот на Вечноста..., а секако дека имам доживувања кои се длабоко лични и одредени дилеми кои се само меѓу мене и Бог, како и секој човек што ја има таа посебност во релацијата, човек-Бог.:)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Моето искуство е едно од многубројните, и најискрено го посакувам секому, онака слободно да го доживее Бог, радоста на таа средба, вкусот на Вечноста..., а секако дека имам доживувања кои се длабоко лични и одредени дилеми кои се само меѓу мене и Бог, како и секој човек што ја има таа посебност во релацијата, човек-Бог.:)
Од каде знаеш дека моето искуство, или искуството на суфи мистикот, или искуството на будистичкиот монах не е искуство со кое се доживува Бог?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278

A дали си практикувал ти или некои од светите јога магија шаманизам?
Или православието ти е единственото искуство
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Од каде знаеш дека моето искуство, или искуството на суфи мистикот, или искуството на будистичкиот монах не е искуство со кое се доживува Бог?
а секако дека имам доживувања кои се длабоко лични и одредени дилеми кои се само меѓу мене и Бог, како и секој човек што ја има таа посебност во релацијата, човек-Бог.:)
Па еве, те има у реченицава, не паничи!:несвест:
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
A дали си практикувал ти или некои од светите јога магија шаманизам?
Или православието ти е единственото искуство
Let3,

претпостављам дека ти лично ги имаш искусено трите наведени пракси.
Која од нив е точна, зашто е точна, т.е. зашто другите (две) се не точни и лажни?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Let3,

претпостављам дека ти лично ги имаш искусено трите наведени пракси.
Која од нив е точна, зашто е точна, т.е. зашто другите (две) се не точни и лажни?
Слабо претпостављаш
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
...што значи дека не знаеш која е нивната разлика.
не, знам дека имаат следбеници и едните и другите и третите, па дал ќе се најде маж кој има практикувано од сите па да каже тѕој зошто некое е подобро.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
не, знам дека имаат следбеници и едните и другите и третите, па дал ќе се најде маж кој има практикувано од сите па да каже тѕој зошто некое е подобро.
Ааааа, значи, према твоево мудрување, за да се види разликата и за да се утврди нивната (не)точност и (не)вистинитост, треба некој муж да ги испроба сите?...

И ш‘о мислиш, ко‘ че се најт таков муж-испробувач на наведените различни мистики, ш‘о ќе остане од мужот после сите тие „проби„?

Сметаш дека мужот ќе биде у стање да расудува „што е„ а „што не е„, кога веќе испробал и што е Божјо и што е сатанско?...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom