Колку што знам ниедна телевизија што има национална концесија не емитува порногравски програми, а индивидуалните вкусови, вклучувајќи го и твојот ниту биле, ниту се ниту ќе бидат критериум за уредничка политика на телевизиите. Законот предвидува доколку содржината е несоодветна за одредена возрасна група, или може да има одредени последици по здравјето, да оди предупредување за истата таа содржина. Што значи, ако ти сметаш дека таа содржина не треба да ја гледаш, имаш можност да не ја гледаш, но неможеш и за среќа нема ни да можеш никогаш, на другите да им забраниш да гледаат, читаат, сликаат, дискутираат итн.
Слободата на човекот значи практикување на сопствените потреби и интереси, без истите да се наметнуваат на другите или врз основа на сопствените интереси и потреби да се суди и да се деградираат и напаѓаат оние на другите.