Слушав еден 10 мин. за тоа како постоеле научни чуда во Куранот, де примери дава со машини за тоа како на човекот туку така му текнало да направи одредена машина, де како во Куранот пишувало за тоа дека месечината ја рефлектирала светлината од сонцето и дека таа нема сопствена светлина, де пишувало дека земјата е јајчеста, а тоа науката го прифатила дури по 1497 г.....
Иако за се постои контра аргумент вие продолжувате со тие видеа на јутуб да докажувате дека постои Бог.
Дали има конкретен доказ кои не би можел да биде контра аргументиран, каде што се докажува постоењето на вашиот Бог?
Знам дека си христијанин, иако направив паралела со другата религија, но ќе се потпрам на тоа дека сметате дека постои само еден единстен Бог.