Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Не реков дека сум сигурен, но логички е така да мислам затоа што јас сум свесен дека животот не е еден. И ги барам доказите, ја барам вистината зашто е скриена, тој одговор го барам, и затоа размислувам дека е можно нешто да е скриено од човекот.

Јас значи не верував во Господ Бог. Мене ми се случи просветлување и од тогаш погледот на животот ми се смени кога тоа го дознав. Значи се случи токму тоа што го пишува во светата книга каде Господ Бог вика дека ќе ме најдат тие кои не ме бараат.

После неколку месеци доживеав уште едно просветлување, спознав дека постојат и претходни животи, и така почнав да сваќам многу повеќе зашто нешто се случува во мојот живот, и така многу помирно ја прифатив судбината за која јас самиот сум си крив од некој од претходните животи.

Значи сватив дека судбината не можеш да ја смениш, можеш само да ја ублажиш или да ја влошиш.

Нормално дека и верникот ќе живее и од милоста божја која може да ти ја ублажи судбинаат, да ти ги прости гревовите. Но сепак мислам дека мора да се смениш, да научиш нешто што во претходниоот живот си правел погрешно.
Ај објасни ми го ова болдираново.Како ти го сретна Господ,ти дојде некој дедо со бела брада,како од македонските народни приказни.Сигурен си дека тоа бил Христос,а потоа ти зборувал и ти ја открил вистината за реинкарнацијата.Ма ти го имаш сретнато Буда.Не можам да ве сватам,колку ли само генијалци има во оваа држава.Уникатни сте.Ти со Христос и реинкарнацијата,@spiros со Христос и св.Мухамед.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646

Господ Бог ти доаѓа во мислите. Јас читав разни книги во тој период од мојот живот и налетав случајно, а не е ништо случајно на книга со религиска тематика. Беше српско/хрватски пишувана и почнуваше со зборовите - Господ не би био Бог да не би знао шта че однапред да се деси. Само што ја прочитав оваа реченица си реков на глас - Господ е жив, и се уплашив од таа помисла зашто претходно не верував во тоа. Ете така ми се случи моето просветлување кое сигурно беше горе од небото, затоа што човекот без Госпдо Бог не може ништо да направи.

Второто просветлување со самоспознавањето беше кога една вечер се осеќав другачие и кога се погледнав во огледало како да имав сличен лик на мојот и тоа како да беше некој лик од некој друг претходен живот. И она што беше интересно јас првата реакција ми беше некое негодување околу тоа сознаиние, но во ист момент случајно, а ништо е не е случајно на телевизија одеше некој филм кој јас само што го погледнав и ја прочитав реченицата од преводот која гласеше - самоспознавањето е најголема убавина. И јас тогаш се вчудоневидов, зашто таа реченица како да имаше во нејзе вдахнато нешто божје. Ете така го доживеав спознавањето за реинкарнацијата.

Сакате верувајте, сакајте не верувајте, но тоа е моето искуство кое беше толку силно што ми го смени погледот на животот и неговото сваќање.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.005
Поени од реакции
8.571
После неколку месеци доживеав уште едно просветлување, спознав дека постојат и претходни животи, и така почнав да сваќам многу повеќе зашто нешто се случува во мојот живот, и така многу помирно ја прифатив судбината за која јас самиот сум си крив од некој од претходните животи.
Верувањето во реинкарнацијата се среќава и кај одредени мистични школи во Јудаизмот и е познато како Гилгул Нешамот (Круг на душите).

Според овие мистици, воскреснувањето не е нешто што се случува еднаш, туку е процес кој е во тек. Душите на праведните се раѓаат повторно за да го продолжат процесот на tikkun olam (поправање или оздравување на светот). Некои извори посочуваат дека реинкарнацијата е рутински процес, додека други посочуваат дека таа се случува само во невообичаени околности, кога душата зад себе оставила незавршена работа.
Верувањето во реинкарнацијата е еден од начините да се објасни традиционалното еврејско верување дека секоја еврејска душа била присутна на гората Синај и се согласила на заветот со Господ.

http://www.jewfaq.org/olamhaba.htm
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Господ Бог ти доаѓа во мислите. Јас читав разни книги во тој период од мојот живот и налетав случајно, а не е ништо случајно на книга со религиска тематика. Беше српско/хрватски пишувана и почнуваше со зборовите - Господ не би био Бог да не би знао шта че однапред да се деси. Само што ја прочитав оваа реченица си реков на глас - Господ е жив, и се уплашив од таа помисла зашто претходно не верував во тоа. Ете така ми се случи моето просветлување кое сигурно беше горе од небото, затоа што човекот без Госпдо Бог не може ништо да направи.

Второто просветлување со самоспознавањето беше кога една вечер се осеќав другачие и кога се погледнав во огледало како да имав сличен лик на мојот и тоа како да беше некој лик од некој друг претходен живот. И она што беше интересно јас првата реакција ми беше некое негодување околу тоа сознаиние, но во ист момент случајно, а ништо е не е случајно на телевизија одеше некој филм кој јас само што го погледнав и ја прочитав реченицата од преводот која гласеше - самоспознавањето е најголема убавина. И јас тогаш се вчудоневидов, зашто таа реченица како да имаше во нејзе вдахнато нешто божје. Ете така го доживеав спознавањето за реинкарнацијата.

Сакате верувајте, сакајте не верувајте, но тоа е моето искуство кое беше толку силно што ми го смени погледот на животот и неговото сваќање.
:pos:И јас кога ќе се опијам,и бидам дрво пијан,на огледало нема да си го препознаам својот лик.Но тоа не ми било заклучок дека сум некој друг,во друго тело.[DOUBLEPOST=1418762853][/DOUBLEPOST]
Господ Бог ти доаѓа во мислите. Јас читав разни книги во тој период од мојот живот и налетав случајно, а не е ништо случајно на книга со религиска тематика. Беше српско/хрватски пишувана и почнуваше со зборовите - Господ не би био Бог да не би знао шта че однапред да се деси. Само што ја прочитав оваа реченица си реков на глас - Господ е жив, и се уплашив од таа помисла зашто претходно не верував во тоа. Ете така ми се случи моето просветлување кое сигурно беше горе од небото, затоа што човекот без Госпдо Бог не може ништо да направи.

Второто просветлување со самоспознавањето беше кога една вечер се осеќав другачие и кога се погледнав во огледало како да имав сличен лик на мојот и тоа како да беше некој лик од некој друг претходен живот. И она што беше интересно јас првата реакција ми беше некое негодување околу тоа сознаиние, но во ист момент случајно, а ништо е не е случајно на телевизија одеше некој филм кој јас само што го погледнав и ја прочитав реченицата од преводот која гласеше - самоспознавањето е најголема убавина. И јас тогаш се вчудоневидов, зашто таа реченица како да имаше во нејзе вдахнато нешто божје. Ете така го доживеав спознавањето за реинкарнацијата.

Сакате верувајте, сакајте не верувајте, но тоа е моето искуство кое беше толку силно што ми го смени погледот на животот и неговото сваќање.
Бог не е бог туку тоа е Севишниот,Создателот.Постои од секогаш,насекаде,не е тоа Христос.Тоа е Јахве,кој Евреите не го гледале во човечки лик,како што го прикажува христијанството.Читај јудеистички книги,кабалистички,и ќе ти биде појасно.Не се ослонувај на филмови кои имаат емоции кои не водат во вистински правец на осознавање.Секоја книга која ќе ја прочиташ размислувај исправно,не треба се што ќе прочиташ да го сватиш сериозно.
 
Последно уредено:
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Верувањето во реинкарнацијата се среќава и кај одредени мистични школи во Јудаизмот и е познато како Гилгул Нешамот (Круг на душите).

Според овие мистици, воскреснувањето не е нешто што се случува еднаш, туку е процес кој е во тек. Душите на праведните се раѓаат повторно за да го продолжат процесот на tikkun olam (поправање или оздравување на светот). Некои извори посочуваат дека реинкарнацијата е рутински процес, додека други посочуваат дека таа се случува само во невообичаени околности, кога душата зад себе оставила незавршена работа.
Верувањето во реинкарнацијата е еден од начините да се објасни традиционалното еврејско верување дека секоја еврејска душа била присутна на гората Синај и се согласила на заветот со Господ.

http://www.jewfaq.org/olamhaba.htm
Прв пат се среќавам со вакво нешто. Не сум знаел до сега дека евреите имаат вакво размислување.
 
D

Daedalus

Гостин
Се додека мене не ме ставаш во твоето верување и не ме осудуваш за моето неверување си во ред.
Ти го цитирам мислењето од прашања кон атеистите, да не отварам дискусии таму.
Зошто имате таква лоша тенденција да го сатанизирате зборот „верување“?
Еве една проста логичка аналогија, ако знаеш основна математика и логика, немаш гајле.

1. Постојат само две опции за одреден феномен, да постои или да не постои. Нема трета опција.
Ќе го наречеме феноменот А.

2. Постоењето на одреден феномен можеш или да го афирмираш или да го негираш, контрадикторно е да го афирмираш и да го негираш истовремено.
:
Ако негираш постоење на феномен, тоа е еквивалентно на потврдување (афирмирање) на непостоењето на феноменот.
До тука ти е јасно, така?
Опција А или опција Б. Негирање на опција А = потврда на опција Б.
Не можеш да негираш и опција А и опција Б пошто нема опција Ц (или повеќе опции).
Не можеш да потврдиш и опција А и опција Б пошто феномените се контрадикторни.
Негирањето на едниот феномен апсолутно доведува до потврдување на другиот.

Ајде следен чекор.
Неверување/Верување. Нема трета опција, нема семи верување во твојот светоглед.
Или е 1 или 0, ко што неколку пати напомена.
Господ или постои или не постои, нема трета опција и не може да постои и да не постои во исто време, барем не со овоземната логика.

Ајде сега, направи ја математиката...
Неверување во постоењето на Бог = Верување во непостоењето на Бог.

Настрана од тоа што природата на неверување/верување е иста и двете можат да бидат ставени во исто множество бидејќи се комплетно истиот психолошки феномен, идеме од твоја гледна точка, ќе речеме дека се контрадикторни поими и независни ентитети.
Дај ми една логична причина зошто исказот погоре не е точен.

Конташ?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
2. Постоењето на одреден феномен можеш или да го афирмираш или да го негираш, контрадикторно е да го афирмираш и да го негираш истовремено.
Ти не конташ. Затоа ти ја цитарам само оваа точка и од тука следи цела низа на погрешни заклучоци.
Дали фрноменот постои или не постоои ама qr не ми чуе. Не морам ни да го афирмирам ни да да го негирам. Сакам да знам. Дотогаш тој феномен е за мене непознат. Само луд може или да афирмира или да негира нешто за кое нема познавање дали постои. Капиш?
Ајде сега, направи ја математиката...
Неверување во постоењето на Бог =/= Верување во непостоењето на Бог.
Поправено. За ова си тоатално утка. Едниоот и другиот исказ немаат никаква врска.
За тебе е значи исправен и следниот исказ
Верувањето во бог = Неверување дека бог не постои?
 
Последно уредено:
D

Daedalus

Гостин
Ти не конташ. Затоа ти ја цитарам само оваа точка и од тука следи цела низа на погрешни заклучоци.
Дали фрноменот постои или не постоои ама qr не ми чуе. Не морам ни да го афирмирам ни да да го негирам. Сакам да знам. Дотогаш тој феномен е за мене непознат. Само луд може оили да афирмира или да негира нешто за кое нема познавање дали постои. Капиш?
Ова е многу битно, чим пишав олкав пост, тоа значи дека те ценам, сум потрошил време и нерви да дебатирам со тебе и го ценам твоето мислење, најголема навреда ќе ми биде да ми прерипаш преку постот пошто е долг и површно да прочиташ, а притоа да ми пишеш реплика за нешто што сум го пишал веќе, често го прават тоа и ради тоа не губам више време и нерви со долги реферати, затоа ти или некој друг кој планира да го негира ова што е пишано и од некоја причина не се слага со мојот став, прочитајте ми го убаво постов, да не ми реплицираш за работи кои сум ги објаснил и/или демантирал/сум се согласил.
Поентата е да се стигне до нешто најблиско до вистината и реалноста на ситуацијата, ова не е натпревар кој вклучува мерење на моето против твоето его, бар за мене не е... Ако го сфаќаш така, батали целиов муабет.
Сеа откако те спремив за читање есеј...:D

Да знаеш/не знаеш е еден муабет, а да веруваш/не веруваш е друг муабет иако истиве се поврзани, а сега ќе наведам како.

Ти можеш да не знаеш дали постои Господ и паралелно на тоа да веруваш/не веруваш дека постои. Тука не е прашање дали некој знае/не знае, туку дали некој не верува или верува. Ако некој е индиферентен (воведеш опција Ц околу тоа прашање), ондак не може да не верува истовремено.

1. Кога го воведуваш факторот „знаење“ ондак нема потреба од верување/неверување.

2. Кога го воведуваш факторот незнаење, тогаш ти излагаат три нови опции, да веруваш, да не веруваш и да си индиферентен околу тоа дали треба да веруваш/не веруваш.

3. Опциите верување/неверување се контрадикторни и воведувањето на едната околу негација за нешто МОРА да го воведе нејзиниот контра еквивалент за потврдата на истото доколку истото Е или НЕ Е или во ситуацијава „постои“ или „не постои“.

- „Неверување во постоење“ воведува еквивалент „верување во непостоење.“
-„Неверување во непостоење“ воведува еквивалент „верување во постоење.“

4. Ако одбереш опција индиферентност, не повлекуваш ниту еден од контрадикторните искази.
Ја може да не знам дали постои типка Симона Атанасовска која има 24 години, слуша дед метал и има чир.
Тоа не ме спречува да верувам/не верувам во тоа дали постои/не постои или да сум индиферентен околу таа проблематика.

Ако не верувам дека Симона Атанасовска постои тоа е логички еквивалент на „верувам дека Симона Атанасовска не постои“.
Тоа не е логички еквивалент на индиферентен сум за тоа дали постои или не постои што не е поврзано со ниту една од горенаведените контрадикторни опции.

Ти си имаш проблем со емотивното толкување на зборот верувам и мислиш дека „неверување“ е еквивалент на „индиферентност“ или уште полошо, еквивалент на незнаење, а погоре ти ја посочив разликата.

Е сеа, место како три апсолутни искази во некој систем со 3 опции (верување, неверување и индиферентност) можеш да ја земеш втората можност вака...

Верувањето и неверувањето може да ти бидат базирани на одредена веројатност, ако на пример имаш парцијално знаење и така функционира науката. Квантитетот и квалитетот на евиденцијата повлекуваат веројатност за нештото да е вистинито и веројатност за друго нешто да се случи и така се градат теории кои може да имаат различна „цврстина“.
Колку повеќе фактори знаеш позади одреден феномен толку поцврсто веруваш/не веруваш одредени аргументи околу тој феномен. Ако ги знаеш сите фактори позади феноменот, ондак ти немаш потреба од тоа да веруваш/не веруваш одредени работи за истиот бидејќи ти сега знаеш.
Пошто ретко со сигурност знаеме 100% нешто сем некои математички аксиоми кои се изолирани, ние имаме парцијално знаење и тоа воведува ние да веруваме/не веруваме.
Тука доаѓа муабетот со спектарот, постоjaт две причини зошто едно верување/неверување може да припаѓа во одреден континуум.
1. Сигурноста во нешто...
Ако евиденцијата покажува дека постои голема шанса генетски да се разболам од шизофренија, еве, 95% шанса, јас имам парцијални познавања, но пологично е да верувам во тие 95% неголи во тие 5% и да верувам дека ќе се разболам од шизофренија.
Колку посигурен сум, поцврсто ќе верувам во нештото и поцврсто нема да верувам во спротивноста, зависно од статистиката и веројатноста.
2. Интензитетот на емоцијата...
Колку емотивно „посилно“ верувам во нешто (без разлика на тоа дали моето верување е базирано на статистика како горенаведениот пример), толку емотивно посилно „нема да верувам во спротивното“. Ако „силно“ верувам дека баба ми ме сака, ондак силно нема да верувам дека баба ми не ме сака.

Е пази сеа, ова е уствари другиот начин на гледање на работите. Ако више сакаш да диференцираш и да воведеш интензитет на верување/неверување земено дека
на некој емотивен план ова игра улога и/или интензитетот е детерминиран од веројатноста да си во право (може дури и да ги диференцираме во два типа на верување, едното ќе биде детерминирано од интензитетот на емоциите, а другото ќе биде детерминирано од статистика и веројатност, а можеби невролошки се испреплетени и поврзани овие два фактора у што нема да навлагам) и земеме дека некој верува многу цврсто, а друг верува со помал интензитет и да ги ставиш на спектар...

Неверување е став кој повлекува накај спектарот на негирање со претходно заклучен постулат дека не знаеш.
Верување е став кој повлекува накај спектарот на потврдување со претходно заклучен постулат дека не знаеш.
Овие Атеист се КОНТРАДИКТОРНИ, додека пак индифирентноста ја ставаш на позиција 0 на овој спектар.
Неверување во постоење на Бог 3-ка, алудира во верување во непостоење на Бог 3-ка.

Секоја бројка на неверување во нешто повлекува бројка со иста вредност но спротивен знак од другата страна на спектарот за верување во нешто земено дека нештото има два излеза, излез „Е“ и излез „НЕ Е“ во случајов конкретно, излез „ПОСТОИ“ и излез „НЕ ПОСТОИ“ . Нулата е нула.

Како што верување во нешто не алудира на индиферентност (нула), така и неверување во истото не алудира на индиферентност (нула).
Од друга страна ако имаме постулат дека ЗНАЕШ дали нешто постои, ондак нема потреба од верување/неверување/индифирентност за/против постоењето на истото.

Што е многу битно да се напомене... Зборовите може да бидат различно толкувани од различни луѓе и нивното значење да биде различно сфатено. Имање став/немање став...верување/неверување....согласување/несогласување, можам да ти наведам уште илјадници слични изрази и синоними...

Али пази сега, каде ти уствари грешиш...

Ако ти мислиш/веруваш/го имаш ставот дека постојат верување во непостоење на Бог и верување во постоење на Бог додека пак неверувањето во постоење на Бог што укажува само дека ти не ја „поседуваш“ состојбата на верување во Бог, ти само не веруваш, што не е исто со тоа ти да го негираш постоењето на Бог, каде ти пропаѓа све тоа у јама...

Можеш ли да ја објасниш разликата измеѓу...
НЕВЕРУВАЊЕ ВО ПОСТОЕЊЕ НА БОГ и НЕВЕРУВАЊЕ ВО НЕПОСТОЕЊЕ НА БОГ
што воедно би бил најкруцијалниот пример за тоа дека „неверување“ не е еквивалент на „индиферентност“ или „незнаење“ туку има негативен знак, контрадикторно на верување?
Неверување во постоење на Бог не е исто со неверување во непостоење на Бог, така?
Имаат буквално различни значења и различни исходи.
Додека пак, индиферентност за тоа дали Бог постои е еквивалент со индиферентност за тоа дали Бог не постои, во двата случаја си НУЛА и си индиферентен без разлика на тоа дали за негација/потврда.

Ти може неверување да го гледаш како индиферентност што е сасим ок за мене.
Факт е дека зборот општо не е прифатен и еквивалент на индиферентност и значењето на зборот не е тоа.
disbelief
inability or refusal to accept that something is true or real.
neutrality
absence of decided views, expression, or strong feeling.

Најверојатно, неутралност е подобар збор неголи индиферентност у ситуацијава, индиферентноста е поврзана со заинтересираноста, а не со став за нешто.

Види вака, да не ја дужиме со дискусијава, логиката е стриктно против тоа што го кажуваш.
Да се согласиш со мене е логички правилниот избор, а да тераш инат ти или некој друг атеист/теист од лични нерационални причини не е логички правилен избор, знаеш и самиот.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Ти не конташ. Затоа ти ја цитарам само оваа точка и од тука следи цела низа на погрешни заклучоци.
Дали фрноменот постои или не постоои ама qr не ми чуе. Не морам ни да го афирмирам ни да да го негирам. Сакам да знам. Дотогаш тој феномен е за мене непознат. Само луд може или да афирмира или да негира нешто за кое нема познавање дали постои. Капиш?
До вчера атеист беше...сега агностик се правиш :LOL:
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
1. Постојат само две опции за одреден феномен, да постои или да не постои. Нема трета опција.
Ќе го наречеме феноменот А.

2. Постоењето на одреден феномен можеш или да го афирмираш или да го негираш, контрадикторно е да го афирмираш и да го негираш истовремено.
Можеш.
Целата заебанција е што ќе се движиш од една крајност во друга. Потсвесно ќе веруваш, а свесно ќе негираш и обратно. Тоа е суштината на целиот феномен на верување. Секој атеист е теист и обратно.
Пример, верник му умира некој близок и станува неверник, пцуе по религија.
Друг пример, атеист на смртна постела го бара Бог.
Трансцендентирање на тие две(уствари една) состојби е веќе друга работа :)
 
Ти може психолошки да веруваш и да не веруваш, да потврдуваш и да негираш нешто истовремено, у психологија го викаат когнитивна дисонанца (имаш контрадикторни односно дисонантни ставови, а ги чуваш и двата или прибегуваш кон едниот, зависно од ситуацијата и колку те загрижува тоа што имаш контрадикторни ставови).

Логиката од друга страна укажува на тоа дека верување и неверување се контрадикторни поими и дека неверувањето во А, повлекува верување во Б, ако постојат само А и Б.
Вториот пример со смртта е кога мењаш став. Тоа е више друг муабет.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Тој муабет, наведува дека е индиферентен пошто не знае, а сака да знае, истовремено сака да се декларира како атеист.
0 logic xD
Е ајде де.
Oвие муабети ги вртиме со години......тоа е :)[DOUBLEPOST=1418772805][/DOUBLEPOST]
Ти може психолошки да веруваш и да не веруваш, да потврдуваш и да негираш нешто истовремено, у психологија го викаат когнитивна дисонанца (имаш контрадикторни односно дисонантни верувања, а ги чуваш и двете).
Логичката од друга страна укажува на тоа дека верување и неверување се контрадикторни поими и дека неверувањето во А, повлекува верување во Б, ако постојат само А и Б.
Вториот пример со смртта е кога мењаш став. Тоа е више друг муабет.
Го ставив јас пред некое време во темата поука на денот тоа со когнитивна дисонанца и никој лајк не стави :) ......нема везе.

Секој став базиран на верување е уствари поврзан со тој феномен на когнитивна дисонанца....без исклучок.
 
Последно уредено:
D

Daedalus

Гостин
Е ајде де.
Oвие муабети ги вртиме со години......тоа е :)[DOUBLEPOST=1418772805][/DOUBLEPOST]
Го ставив јас пред некое време во темата поука на денот тоа со когнитивна дисонанца и никој лајк не стави :) ......нема везе.

Секој став базиран на верување е уствари поврзан со тој феномен на когнитивна дисонанца....без исклучок.
Абе ок е, ја не го обвинувам или да го исмевам тоа во што верува, али не е логично и не можам да го прифатам тоа пошто не е така и нема да биде така.
Повеќето тука дебатираат за да се мерат и надмудрат, ретко кој искрено пристапува на проблематиката со желба да стигне до вистината и тоа ме иритира, затоа најчесто не дебатирам више за вакви теми, луѓето се комплетно затворени за било кој став различен од нивниот, да зеам сеа математички да докажам дека 2+2=4, не бе, ако ти веруеш дека е 3 или еве не веруваш веќе дека е три, глеаш јасно дека е 4, ти ако си рекол 3 еднаш, сеа мора да останеш цврсто на тоа, комшиите ќе речат дека си слаб, дека си сменил став, па послем ќе ти се фатат за тоа и нема да те гледаат сериозно, небаре менување на став е лоша ствар.
Менување на став од погрешни причини (ради туѓ авторитет, емоции или други фактори кои не се поврзани со точноста на самиот став) е лошо.
Али менување на став од вистински причини, едноставно си утврдил дека еве, не си во право, 2+2 било 4 и твојот омразен соговорник е во право, машки е да признаеш, дури и одлика на цврст карактер, наспроти тврдокорното останување на својот став од егоистични пориви.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Ова е многу битно, чим пишав олкав пост, тоа значи дека те ценам, сум потрошил време и нерви да дебатирам со тебе и го ценам твоето мислење, најголема навреда ќе ми биде да ми прерипаш преку постот пошто е долг и површно да прочиташ, а притоа да ми пишеш реплика за нешто што сум го пишал веќе, често го прават тоа и ради тоа не губам више време и нерви со долги реферати, затоа ти или некој друг кој планира да го негира ова што е пишано и од некоја причина не се слага со мојот став, прочитајте ми го убаво постов, да не ми реплицираш за работи кои сум ги објаснил и/или демантирал/сум се согласил.
Поентата е да се стигне до нешто најблиско до вистината и реалноста на ситуацијата, ова не е натпревар кој вклучува мерење на моето против твоето его, бар за мене не е... Ако го сфаќаш така, батали целиов муабет.
Сеа откако те спремив за читање есеј...:D

Да знаеш/не знаеш е еден муабет, а да веруваш/не веруваш е друг муабет иако истиве се поврзани, а сега ќе наведам како.

Ти можеш да не знаеш дали постои Господ и паралелно на тоа да веруваш/не веруваш дека постои. Тука не е прашање дали некој знае/не знае, туку дали некој не верува или верува. Ако некој е индиферентен (воведеш опција Ц околу тоа прашање), ондак не може да не верува истовремено.

1. Кога го воведуваш факторот „знаење“ ондак нема потреба од верување/неверување.

2. Кога го воведуваш факторот незнаење, тогаш ти излагаат три нови опции, да веруваш, да не веруваш и да си индиферентен околу тоа дали треба да веруваш/не веруваш.

3. Опциите верување/неверување се контрадикторни и воведувањето на едната околу негација за нешто МОРА да го воведе нејзиниот контра еквивалент за потврдата на истото доколку истото Е или НЕ Е или во ситуацијава „постои“ или „не постои“.

- „Неверување во постоење“ воведува еквивалент „верување во непостоење.“
-„Неверување во непостоење“ воведува еквивалент „верување во постоење.“

4. Ако одбереш опција индиферентност, не повлекуваш ниту еден од контрадикторните искази.
Ја може да не знам дали постои типка Симона Атанасовска која има 24 години, слуша дед метал и има чир.
Тоа не ме спречува да верувам/не верувам во тоа дали постои/не постои или да сум индиферентен околу таа проблематика.

Ако не верувам дека Симона Атанасовска постои тоа е логички еквивалент на „верувам дека Симона Атанасовска не постои“.
Тоа не е логички еквивалент на индиферентен сум за тоа дали постои или не постои што не е поврзано со ниту една од горенаведените контрадикторни опции.

Ти си имаш проблем со емотивното толкување на зборот верувам и мислиш дека „неверување“ е еквивалент на „индиферентност“ или уште полошо, еквивалент на незнаење, а погоре ти ја посочив разликата.

Е сеа, место како три апсолутни искази во некој систем со 3 опции (верување, неверување и индиферентност) можеш да ја земеш втората можност вака...

Верувањето и неверувањето може да ти бидат базирани на одредена веројатност, ако на пример имаш парцијално знаење и така функционира науката. Квантитетот и квалитетот на евиденцијата повлекуваат веројатност за нештото да е вистинито и веројатност за друго нешто да се случи и така се градат теории кои може да имаат различна „цврстина“.
Колку повеќе фактори знаеш позади одреден феномен толку поцврсто веруваш/не веруваш одредени аргументи околу тој феномен. Ако ги знаеш сите фактори позади феноменот, ондак ти немаш потреба од тоа да веруваш/не веруваш одредени работи за истиот бидејќи ти сега знаеш.
Пошто ретко со сигурност знаеме 100% нешто сем некои математички аксиоми кои се изолирани, ние имаме парцијално знаење и тоа воведува ние да веруваме/не веруваме.
Тука доаѓа муабетот со спектарот, постоjaт две причини зошто едно верување/неверување може да припаѓа во одреден континуум.
1. Сигурноста во нешто...
Ако евиденцијата покажува дека постои голема шанса генетски да се разболам од шизофренија, еве, 95% шанса, јас имам парцијални познавања, но пологично е да верувам во тие 95% неголи во тие 5% и да верувам дека ќе се разболам шизофренија.
Колку посигурен сум, поцврсто ќе верувам во нештото и поцврсто нема да верувам во спротивноста, зависно од статистиката и веројатноста.
2. Интензитетот на емоцијата...
Колку емотивно „посилно“ верувам во нешто (без разлика на тоа дали моето верување е базирано на статистика како горенаведениот пример), толку емотивно посилно „нема да верувам во спротивното“. Ако „силно“ верувам дека баба ми ме сака, ондак силно нема да верувам дека баба ми не ме сака.

Е пази сеа, ова е уствари другиот начин на гледање на работите. Ако више сакаш да диференцираш и да воведеш интензитет на верување/неверување земено дека
на некој емотивен план ова игра улога и/или интензитетот е детерминиран од веројатноста да си во право (може дури и да ги диференцираме во два типа на верување, едното ќе биде детерминирано од интензитетот на емоциите, а другото ќе биде детерминирано од статистика и веројатност, а можеби невролошки се испреплетени и поврзани овие два фактора у што нема да навлагам) и земеме дека некој верува многу цврсто, а друг верува со помал интензитет и да ги ставиш на спектар...

Неверување е став кој повлекува накај спектарот на негирање со претходно заклучен постулат дека не знаеш.
Верување е став кој повлекува накај спектарот на потврдување со претходно заклучен постулат дека не знаеш.
Овие Атеист се КОНТРАДИКТОРНИ, додека пак индифирентноста ја ставаш на позиција 0 на овој спектар.
Неверување во постоење на Бог 3-ка, алудира во верување во непостоење на Бог 3-ка.

Секоја бројка на неверување во нешто повлекува бројка со иста вредност но спротивен знак од другата страна на спектарот за верување во нешто земено дека нештото има два излеза, излез „Е“ и излез „НЕ Е“ во случајов конкретно, излез „ПОСТОИ“ и излез „НЕ ПОСТОИ“ . Нулата е нула.

Како што верување во нешто не алудира на индиферентност (нула), така и неверување во истото не алудира на индиферентност (нула).
Од друга страна ако имаме постулат дека ЗНАЕШ дали нешто постои, ондак нема потреба од верување/неверување/индифирентност за/против постоењето на истото.

Што е многу битно да се напомене... Зборовите може да бидат различно толкувани од различни луѓе и нивното значење да биде различно сфатено. Имање став/немање став...верување/неверување....согласување/несогласување, можам да ти наведам уште илјадници слични изрази и синоними...

Али пази сега, каде ти уствари грешиш...

Ако ти мислиш/веруваш/го имаш ставот дека постојат верување во непостоење на Бог и верување во постоење на Бог додека пак неверувањето во постоење на Бог што укажува само дека ти не ја „поседуваш“ состојбата на верување во Бог, ти само не веруваш, што не е исто со тоа ти да го негираш постоењето на Бог, каде ти пропаѓа све тоа у јама...

Можеш ли да ја објасниш разликата измеѓу...
НЕВЕРУВАЊЕ ВО ПОСТОЕЊЕ НА БОГ и НЕВЕРУВАЊЕ ВО НЕПОСТОЕЊЕ НА БОГ
што воедно би бил најкруцијалниот пример за тоа дека „неверување“ не е еквивалент на „индиферентност“ или „незнаење“ туку има негативен знак, контрадикторно на верување?
Неверување во постоење на Бог не е исто со неверување во непостоење на Бог, така?
Имаат буквално различни значења и различни исходи.
Додека пак, индиферентност за тоа дали Бог постои е еквивалент со индиферентност за тоа дали Бог не постои, во двата случаја си НУЛА и си индиферентен без разлика на тоа дали за негација/потврда.

Ти може неверување да го гледаш како индиферентност што е сасим ок за мене.
Факт е дека зборот општо не е прифатен и еквивалент на индиферентност и значењето на зборот не е тоа.
disbelief
inability or refusal to accept that something is true or real.
neutrality
absence of decided views, expression, or strong feeling.

Најверојатно, неутралност е подобар збор неголи индиферентност у ситуацијава, индиферентноста е поврзана со заинтересираноста, а не со став за нешто.

Види вака, да не ја дужиме со дискусијава, логиката е стриктно против тоа што го кажуваш.
Да се согласиш со мене е логички правилниот избор, а да тераш инат ти или некој друг атеист/теист од лични нерационални причини не е логички правилен избор, знаеш и самиот.
Џабе толкав есеј кога се се сведува на твојата погрешна премиса дека неверување е еднакво на верување во опозитот. Ако не ти е тоа јасно нема што ти објаснувам натаму. Донекаде и ќе вредеше да објаснувам доколку беше една религија или само еден бог во сите тие религии.
Логиката од друга страна укажува на тоа дека верување и неверување се контрадикторни поими и дека неверувањето во А, повлекува верување во Б, ако постојат само А и Б.
Вториот пример со смртта е кога мењаш став. Тоа е више друг муабет.
Еве баш за ова зборувам. Не се а и б можностите. 4000+ се.
До вчера атеист беше...сега агностик се правиш :LOL:
А од каде тоа дека атеизмот и агностицизмот се исклучиви. Сум и атеист и агностик (исто како што си и ти, иако го негираш тоа) . Не се правам јас ништо сум она што сум, не знам ти што глумиш :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom