Ова е многу битно, чим пишав олкав пост, тоа значи дека те ценам, сум потрошил време и нерви да дебатирам со тебе и го ценам твоето мислење, најголема навреда ќе ми биде да ми прерипаш преку постот пошто е долг и површно да прочиташ, а притоа да ми пишеш реплика за нешто што сум го пишал веќе, често го прават тоа и ради тоа не губам више време и нерви со долги реферати, затоа ти или некој друг кој планира да го негира ова што е пишано и од некоја причина не се слага со мојот став, прочитајте ми го убаво постов, да не ми реплицираш за работи кои сум ги објаснил и/или демантирал/сум се согласил.
Поентата е да се стигне до нешто најблиско до вистината и реалноста на ситуацијата, ова не е натпревар кој вклучува мерење на моето против твоето его, бар за мене не е... Ако го сфаќаш така, батали целиов муабет.
Сеа откако те спремив за читање есеј...
Да знаеш/не знаеш е еден муабет, а да веруваш/не веруваш е друг муабет иако истиве се поврзани, а сега ќе наведам како.
Ти можеш да
не знаеш дали постои Господ и паралелно на тоа да веруваш/не веруваш дека постои. Тука не е прашање дали некој знае/не знае, туку дали некој не верува или верува. Ако некој е индиферентен (воведеш опција Ц околу тоа прашање), ондак не може да не верува истовремено.
1. Кога го воведуваш факторот „знаење“ ондак нема потреба од верување/неверување.
2. Кога го воведуваш факторот незнаење, тогаш ти излагаат три нови опции, да веруваш, да не веруваш и да си индиферентен околу тоа дали треба да веруваш/не веруваш.
3. Опциите верување/неверување се контрадикторни и воведувањето на едната околу негација за нешто МОРА да го воведе нејзиниот контра еквивалент за потврдата на истото доколку истото Е или НЕ Е или во ситуацијава „постои“ или „не постои“.
- „Неверување во постоење“ воведува еквивалент „верување во непостоење.“
-„Неверување во непостоење“ воведува еквивалент „верување во постоење.“
4. Ако одбереш опција индиферентност, не повлекуваш ниту еден од контрадикторните искази.
Ја може да не знам дали постои типка Симона Атанасовска која има 24 години, слуша дед метал и има чир.
Тоа не ме спречува да верувам/не верувам во тоа дали постои/не постои или да сум индиферентен околу таа проблематика.
Ако не верувам дека Симона Атанасовска постои тоа е логички еквивалент на „верувам дека Симона Атанасовска не постои“.
Тоа не е логички еквивалент на индиферентен сум за тоа дали постои или не постои што не е поврзано со ниту една од горенаведените контрадикторни опции.
Ти си имаш проблем со емотивното толкување на зборот
верувам и мислиш дека „неверување“ е еквивалент на „индиферентност“ или уште полошо, еквивалент на незнаење, а погоре ти ја посочив разликата.
Е сеа, место како три апсолутни искази во некој систем со 3 опции (верување, неверување и индиферентност) можеш да ја земеш втората можност вака...
Верувањето и неверувањето може да ти бидат базирани на одредена веројатност, ако на пример имаш парцијално знаење и така функционира науката. Квантитетот и квалитетот на евиденцијата повлекуваат веројатност за нештото да е вистинито и веројатност за друго нешто да се случи и така се градат теории кои може да имаат различна „цврстина“.
Колку повеќе фактори знаеш позади одреден феномен толку поцврсто веруваш/не веруваш одредени аргументи околу тој феномен. Ако ги знаеш сите фактори позади феноменот, ондак ти немаш потреба од тоа да веруваш/не веруваш одредени работи за истиот бидејќи ти сега знаеш.
Пошто ретко со сигурност знаеме 100% нешто сем некои математички аксиоми кои се изолирани, ние имаме парцијално знаење и тоа воведува ние да веруваме/не веруваме.
Тука доаѓа муабетот со спектарот, постоjaт две причини зошто едно верување/неверување може да припаѓа во одреден континуум.
1. Сигурноста во нешто...
Ако евиденцијата покажува дека постои голема шанса генетски да се разболам од шизофренија, еве, 95% шанса, јас имам парцијални познавања, но пологично е да верувам во тие 95% неголи во тие 5% и да верувам дека ќе се разболам шизофренија.
Колку посигурен сум, поцврсто ќе верувам во нештото и поцврсто нема да верувам во спротивноста, зависно од статистиката и веројатноста.
2. Интензитетот на емоцијата...
Колку емотивно „посилно“ верувам во нешто (без разлика на тоа дали моето верување е базирано на статистика како горенаведениот пример), толку емотивно посилно „нема да верувам во спротивното“. Ако „силно“ верувам дека баба ми ме сака, ондак силно нема да верувам дека баба ми не ме сака.
Е пази сеа, ова е уствари другиот начин на гледање на работите. Ако више сакаш да диференцираш и да воведеш интензитет на верување/неверување земено дека
на некој емотивен план ова игра улога и/или интензитетот е детерминиран од веројатноста да си во право (може дури и да ги диференцираме во два типа на верување, едното ќе биде детерминирано од интензитетот на емоциите, а другото ќе биде детерминирано од статистика и веројатност, а можеби невролошки се испреплетени и поврзани овие два фактора у што нема да навлагам) и земеме дека некој верува многу цврсто, а друг верува со помал интензитет и да ги ставиш на спектар...
Неверување е став кој повлекува накај спектарот на негирање со претходно заклучен постулат дека не знаеш.
Верување е став кој повлекува накај спектарот на потврдување со претходно заклучен постулат дека не знаеш.
Овие Атеист се
КОНТРАДИКТОРНИ, додека пак индифирентноста ја ставаш на позиција 0 на овој спектар.
Неверување во постоење на Бог 3-ка, алудира во верување во непостоење на Бог 3-ка.
Секоја бројка на неверување во нешто повлекува бројка со иста вредност но спротивен знак од другата страна на спектарот за верување во нешто земено дека нештото има два излеза, излез „Е“ и излез „НЕ Е“ во случајов конкретно, излез „ПОСТОИ“ и излез „НЕ ПОСТОИ“ . Нулата е нула.
Како што верување во нешто не алудира на индиферентност (нула), така и неверување во истото не алудира на индиферентност (нула).
Од друга страна ако имаме постулат дека ЗНАЕШ дали нешто постои, ондак нема потреба од верување/неверување/индифирентност за/против постоењето на истото.
Што е многу битно да се напомене... Зборовите може да бидат различно толкувани од различни луѓе и нивното значење да биде различно сфатено. Имање став/немање став...верување/неверување....согласување/несогласување, можам да ти наведам уште илјадници слични изрази и синоними...
Али пази сега, каде ти уствари грешиш...
Ако ти мислиш/веруваш/го имаш ставот дека постојат верување во непостоење на Бог и верување во постоење на Бог додека пак неверувањето во постоење на Бог што укажува само дека ти не ја „поседуваш“ состојбата на верување во Бог, ти само не веруваш, што не е исто со тоа ти да го негираш постоењето на Бог, каде ти пропаѓа све тоа у јама...
Можеш ли да ја објасниш разликата измеѓу...
НЕВЕРУВАЊЕ ВО ПОСТОЕЊЕ НА БОГ и
НЕВЕРУВАЊЕ ВО НЕПОСТОЕЊЕ НА БОГ
што воедно би бил најкруцијалниот пример за тоа дека „неверување“ не е еквивалент на „индиферентност“ или „незнаење“ туку има негативен знак, контрадикторно на верување?
Неверување во постоење на Бог не е исто со неверување во непостоење на Бог, така?
Имаат буквално различни значења и различни исходи.
Додека пак, индиферентност за тоа дали Бог постои е еквивалент со индиферентност за тоа дали Бог не постои, во двата случаја си НУЛА и си индиферентен без разлика на тоа дали за негација/потврда.
Ти може неверување да го гледаш како индиферентност што е сасим ок за мене.
Факт е дека зборот општо не е прифатен и еквивалент на индиферентност и значењето на зборот не е тоа.
disbelief
inability or refusal to accept that something is true or real.
neutrality
absence of decided views, expression, or strong feeling.
Најверојатно, неутралност е подобар збор неголи индиферентност у ситуацијава, индиферентноста е поврзана со заинтересираноста, а не со став за нешто.
Види вака, да не ја дужиме со дискусијава, логиката е стриктно против тоа што го кажуваш.
Да се согласиш со мене е логички правилниот избор, а да тераш инат ти или некој друг атеист/теист од лични нерационални причини не е логички правилен избор, знаеш и самиот.