Тука си негде и сакаме да го верувате ова бидејќи нашата тактика е да ги насочиме луѓето кон популарните наративи (свети гралови, Билдерберг, темплари...) и никој да не ја открие вистинската опасност, нашето пчеларско здружение (името е тајно). Ќе речеш: „Пчели? хех
“, секако, тоа и може да го рече еден обичен профан неразбирач на пчелите и нивниот удел во екосистемот. Пчелите се фантастични организми. Дали знаеше дека една пчела...
внесуе некој небитен „wau“ факт... Секако дека не. Зошто би знаел? Зошто би те интересирало? Тебе те интересираат темплари, магии, гралови...
Пчелите се фантастичен хајвмајнд, нашите антички знаења укажуваат на нивната групна интелигенција и неизмерни моќи. Ефектот на пеперутка? Не ме заебавај... Ефектот на пчела... Една пчела, да направи еден потег кој е различен од предвиденото, тоа го менува светскиот економски тек, вредноста на валутите на берзата и акциите на фирмите. Само со интрикантното разбирање на биодинамиците на екологијата како емергентен епифеномен на образците на пчелите, може да правиш глобални промени на секој план, а ние ги поседуваме знаењата за динамичните хаотични системи и уделот на пчелите во нивната оперативност. Се прашуваш кои се? Не го учиш тоа на форум...
Нашата организација е постара од масоните, постара од цивилизациите, побогу!!! Пчеларите, уште во праисторијата, забележале дека структурата на ројот пчели укажувала на тоа каква ќе биде годината; односно на плодноста, невремињата, несреќите, социјалната/љубовната/здравствената состојба на луѓето (античката уметност apis-melliferantia) и ред други работи. Евентуално, пчеларите почнале да си разменуваат знаења и да ги споредуваат резултатите од нивните увиди, додека не разбрале каква моќ држат во нивните раце. Природно, тоа довело до правење ложи, а и класификација на знаењето. Се создал и Светски совет на пчеларите како централно тело за контрола на моќта, структура која е позади сите историски настани што ги знаеш. Пчеларите од цел свет денес бројат огромно тело од аспиранти, а овој систем има степени на знаења. Колку да имаш претстава, тие кои што се 1 степен учат како да ќарат девојка со манипулација на хајвмајндот, а тие што се 16 степен управуваат со текот на војните и временските погоди/непогоди. Над 16-иот степен... Не би зборуел тука.
Чудно, нели? Секако. Има и диви пчелари, тие се нашиот најголем непријател. Своите знаења за пчелите ги користат за нивни придобивки, нешто што резултира со тешка казна, но не од нас, туку од динамичниот хаотичен систем на пчелосвеста и надсвестопчелението, кој им го враќа ударот на чудни начини (еден пчелар фатил корона одма откако го скршил заветот кон Советот и станал див). Овие „подивени пчелари“ се причината за сето зло на светот и ни се антички непријатели кои го уништуваат пчелобалансот на космосот. Соработуваме со Советот на мравкари (мравките имаат свој удел во екосистемот исто така) и други организации. Секако, сакаме да верувате во Телема, масонскиот Архитект и сл. небулози зашто ваква моќ не може да биде во сечии раце. Дури и сега кажав повеќе отколку што треба. Вие карајте се за жртвувачи на деца, Ошо, Гурџиев и други небитни нешта.
Omnis enim orbis terrarum sit post apis.