Димитар Бузлевски Vs. Михајло Волкановски Vs. КИКО - ќе ја бијат битката за Ресен!

Кој ќе биде идниот градоначалник на Ресен?

  • Димитар Бузлевски (СДСМ)

    Гласови: 117 35,5%
  • Михајло Волкановски (ВМРО-ДПМНЕ)

    Гласови: 171 51,8%
  • Сашко Василевски (НСДП)

    Гласови: 42 12,7%

  • Вкупно гласачи
    330
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
5 денари килограм јаболка не му одат баш во прилог на Бузле.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
И никој не кажа колку улици ви асфалтира Бузле т.е зошто некој би го избрал повторно за градоначалник.
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
5 денари килограм јаболка не му одат баш во прилог на Бузле.

Pa kolku treba da bidat ? Aman vekje so navikata od komunizmot, edna sezona Golfce, sledna sezona stance vo Skopje. E nema, umre jadransko more za lubenici, domati, piperki, jabolka itn.
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
И никој не кажа колку улици ви асфалтира Бузле т.е зошто некој би го избрал повторно за градоначалник.
да пробам јас да казам несто...
бузле има напраено јак филм со ``аквапура`` демек ке инветирале во отешево и царина...неколку години е све заградено со жица и не е едена цигла ставено.

е сега направено...гледам 200 метра регулиран кеј на рекана
пазар...ама пазарон со сега ке го отворат е финанисран од еден тип од германија.

не знам не ми текнува појке...единствениов му е задолзен за локална пропаганда па нека наведе.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Победникот во Ресен се знае, уште денес. Честитки за идниот градоначалник Бузлевски.

И Вмро се свесни што се поставуваат, наоѓаат само жртва за претстојните избори.
Да да, во право си се знае кој ќе биде нареден градоначалник тоа е Михајло, доста ни се лагите....

Бузлевски во претходните 4 години одлично си ја вршеше работата и мислам дека има голема шанса повторно да добие на овие избори.
Мојот глас оди за него:smir:
Кажи пример во што си ја вршеше добро работата, а да заборавив... (си ја врши добро работата за него лично и круг околу него од 20 30 души):wink:
А и нема голема шанса да победи како пред четири години, народот сфати.
Бузле ако прибере уште некој циган сигурно ќе победи.
Ама во секој случај Бузле е нај достоен за градоначалник.
Тешко дека е најдостоен. :nenene: Има и други луѓе кој не се докажани, па да му дадеме предност да се докажат.

Еве и јас да се вклучам во дискусијата и да дадам глас + !

Наполно се согласувам со Чомбе дека актуелниот градоначалник мошне професионално си ја извршуваше работата во рамки на своите можности и овластувања.
Во споредба со неговиот претходник , досега беше мноооогу подобар , поприфатлив за народот и непосреден за разговор со секој граѓанин на Ресен и Преспа!

Кандидатот на вмро ми е поприлично непознат во општествените случувања низ ресен...и неможам да го оценам како добар или лош!
Како што кажав погоре (си ја врши добро работата за него лично и круг околу него од 20 30 души):wink:, Епа достае.. ни треба промена малце.

Зборувам за тоа дека имаше успех, солидно си ја заврши работата. Ако беше лош и лошо работеше, и јас ќе го пцуев овде, ама човекот си ја знае работата, и тоа е тоа:helou:
Ако не си запознаен многу лошо ја брка работата, И ако имал успех, на парламентарните избори-јуни во Ресен ВМРО немаше да победи со разлика од 3000 гласа, и во сите избирачки места, освен во две три кој победи СДСМ. Тоа е чудно за Преспа никогаш не победило ВМРО, пошто беше Бастион на СДСМ, а и сега се надевам така ќе биде како на парламентарните во Јуни. :zlo:
 
Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Конечно денес добиваме можност да продискутираме и за кандидатите кои се предложени за градоначалник во општина Ресен , според подадоците една од најбогатите општини земено по бројот на жители.

Се чини дека битката ќе биде најжестока во дуелот помеѓу актуелниот градоначалник на општина Ресен г-дин Димитар Бузлевски -кој е подржан од СДСМ - кој има богат политички беграунд задсебе како повеќекратен министер во поранешните влади на СДСМ , како и водечки функции на повеќе значајни компании.

Наспроти него стои кандидатот на актуелната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ , потпретседател во ресенскиот огранок - г-дин Михајло Волкановски ,повеќегодишен директор на македонски шуми Ресен.

Вмро - дпмне по првата (воопшто) остварена победа на минтогодишните парламентарни избори во Ресен се надева дека ќе доживее и прва победа за битката за градоначалник на општина Ресен. По разгледувањето на неколкуте предложени кандидати ,дури денска се дозна името на Волкановски како кандидат.

Од друга страна Бузлевски ќе се бори за втор едноподруго мандат со цел како што вели тој да ги доврши многуте започнати проекти, и да ја оправда довербата што во него ја полагаат ресенчани - да направи економски бум со бројни инвестиции во Ресен и Преспа , намалување на бројот на невработени и создавање на можности за враќање на бројните ресенчани кои работат по другите градови .

Како трета опција во гласачкото ливче за ресенчани ,ќе стои името на г-дин Сашко Василевски - КИКО , поранешен заменик министер за правда , кандидат на НСДП , истакнат и признат правник од општина Ресен.

Дали на овие градоначалнички избори ќе продолжи доминацијата на СДСМ и Бузлевски , дали после победата на парламентарните ВМРО-ДПМНЕ и Волкановски можат да очекуваат и уште една победа овој пат за градоначалник , или кандидатот на НСДП Василевски од втор план ќе излезе како победник ???????
исправка на работната функција на кандидатот на вмро-дпмне , тој е повеќегодишен директор на македонски шуми а не како што претходно во воведот имав напишано електростопанство :) Се извинувам на ненамерната грешка !

Ко да го здоболе некој за Ресен, живти селото кое со врски станало град поради чорбаџиската врзаност со Охрид, плус пијаничиштето бузле кој дупи глупа јаболкарска раја.

Веројатно коментаров доаѓа од некој навистина неупатен во политичките случувања во македонија (ќе бидам коректен и нема да му го пишам јузерот)...и само така можам да го прифатам!
Сигурно некој лечи некакви си суети , со тоа што го навредува Ресен како град...
Ако дечково шо го напишал постов беше малце позапознаен со општествено-политичките случувања , ќе знаеше дека ресенското лоби е меѓу првите 3 во македонија....
И дека стварно...ама стварнооо не е пријатно да го вреѓаш градот на ресенчани !
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Тоа е чудно за Преспа никогаш не победило ВМРО, пошто беше Бастион на СДСМ, а и сега се надевам така ќе биде како на парламентарните во Јуни. :zlo:
Не е чудно пријателе, ВМРО победе во Ресен на излезност од 50,1% на изборите.

Е сега во Ресен нормално излегуваат околу 60-65%, значи 15% не излегле и не гласале а тоа се членови на СДСМ кои беа незадоволни од кандидатите на СДСМ и катастрофалното дејствување на таа партија во тој период, коалицирањето со НСДП и др.

На овие избори народот ќе покаже дека сфати дека: ВМРО ДПМНЕ не ги бидува ни за к...

Веќе народот не е она што беше, нема веќе насмеани лица на улиците, сите незадоволно ги коментираат срањата на оваа власт со фискалните, со УЈП кои незнаат комп да уклучат а камо ли бруто плати да пуштаат, со новите давачки кои им ги наметна власта, со цената на јаболкото за која ВМРО ДПМНЕ се удираше во гради дека тоа е нивно дело, кога лани за чудо поради сушата во Полска стигна цената 30-35 денари, а годинава е 9 денари, златниот не можиме да го дајме ни за денар за кг. Заради немаштијата која ја наметна оваа власт. Народот е многу разочаран од ВМРО ДПМНЕ, а и Ресен ВМРО е поделено на две групи така да едната нема да гласа за овој нивниот кандидат кој воопшто не го знам ниту го имам видено некогаш освен што слушнав дека 30 души вработил во Шумско пред десетина дена. На делбата во ВМРО му претходела тешка тепкачка како и секогаш и секаде со оваа партија си има проблеми, среќа шо не завршило со куршуми како пред 5-6 години.

да пробам јас да казам несто...
бузле има напраено јак филм со ``аквапура`` демек ке инветирале во отешево и царина...неколку години е све заградено со жица и не е едена цигла ставено.

е сега направено...гледам 200 метра регулиран кеј на рекана
пазар...ама пазарон со сега ке го отворат е финанисран од еден тип од германија.

не знам не ми текнува појке...единствениов му е задолзен за локална пропаганда па нека наведе.
Што направи Градоначалникот на Ресен за својот град??
Еве без да спомнам Аквапура која досега има потрошено неколку милиони евра за средување на Отешево и покрај кочниците од влада.

Па како прво успеа да го направи Претор туристички центар кој беше пустелија, сега имаат никнато десетина квалитетни плажи, кафичи, барови, кафеани, ресторани, хотел, многу вили.

Како второ што направи во градот и за градот.
Па направи привлечени беа голем број на проекти Голема Река има модерен кеј, донесени се канделабри и поставени на плоштадот, нови светилки низ цел Ресен и во некои од селата, поплочување на улиците во Ресен, улицата на плоштадот и ул. Ленинова цела, како и поплочување на пешачката линија во село Јанковец - што значи сега жителите таму се безбедни и нема да тонат во кал. истото е и на сите улици. И покрај кочничарите од ВМРО ДПМНЕ Ресен доби и многу инвестиции, 10 милиони евра е изградена веќе фабрика за тули од познатата компанија од Струмица - Хамзали, Во Агроплод за само 3 години се вложени над 14 милиони евра, изградена е фабрика за преработка на сокови, изграден е нов пазар, отворени се големи фирми кои работаат, реновирана е стоковната куќа со инвестиција од над 1 милион евра, внатре е отворен голем маркет на Скопски пазар, а за горниот дел се планираат два ресторани со тераса на целиот град. Основните и Средното училиште добија модерни вциња, нова електрична инсталација, направен е покривот на гимназијата и тоа со општински пари. Се гради прочистителна станица во Наколец, а во решен е и проблемот со снабдување на граѓаните со вода, поставени се нови семафори кои го регулираат сообраќајот, има многу планови и за вториот мандат на нашиот градоначалник, кој некаде прочитав дека има поголеми успеси од Никола Груевски и моментално е ко претседател на комисијата за Европските фондови во Европската Унија, кој и покрај таа функција реши да влезе во втор мандат. Граѓаните ги гледаат делата на Димитар Бузлевски и повторно ќе го изберат него, во Ресен и вмровците гласаат за Бузле.

И што е најважно, тој не го направи тоа последниве 3 месеци како што прави битолскиот и прилепскиот градоначалник, туку тој го работеше тоа од почеток па се до денес.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Не е чудно пријателе, ВМРО победе во Ресен на излезност од 50,1% на изборите.

Е сега во Ресен нормално излегуваат околу 60-65%, значи 15% не излегле и не гласале а тоа се членови на СДСМ кои беа незадоволни од кандидатите на СДСМ и катастрофалното дејствување на таа партија во тој период, коалицирањето со НСДП и др.

На овие избори народот ќе покаже дека сфати дека: ВМРО ДПМНЕ не ги бидува ни за к...

Веќе народот не е она што беше, нема веќе насмеани лица на улиците, сите незадоволно ги коментираат срањата на оваа власт со фискалните, со УЈП кои незнаат комп да уклучат а камо ли бруто плати да пуштаат, со новите давачки кои им ги наметна власта, со цената на јаболкото за која ВМРО ДПМНЕ се удираше во гради дека тоа е нивно дело, кога лани за чудо поради сушата во Полска стигна цената 30-35 денари, а годинава е 9 денари, златниот не можиме да го дајме ни за денар за кг. Заради немаштијата која ја наметна оваа власт. Народот е многу разочаран од ВМРО ДПМНЕ, а и Ресен ВМРО е поделено на две групи така да едната нема да гласа за овој нивниот кандидат кој воопшто не го знам ниту го имам видено некогаш освен што слушнав дека 30 души вработил во Шумско пред десетина дена. На делбата во ВМРО му претходела тешка тепкачка како и секогаш и секаде со оваа партија си има проблеми, среќа шо не завршило со куршуми како пред 5-6 години.

Што направи Градоначалникот на Ресен за својот град??
Еве без да спомнам Аквапура која досега има потрошено неколку милиони евра за средување на Отешево и покрај кочниците од влада.

Па како прво успеа да го направи Претор туристички центар кој беше пустелија, сега имаат никнато десетина квалитетни плажи, кафичи, барови, кафеани, ресторани, хотел, многу вили.

Како второ што направи во градот и за градот.
Па направи привлечени беа голем број на проекти Голема Река има модерен кеј, донесени се канделабри и поставени на плоштадот, нови светилки низ цел Ресен и во некои од селата, поплочување на улиците во Ресен, улицата на плоштадот и ул. Ленинова цела, како и поплочување на пешачката линија во село Јанковец - што значи сега жителите таму се безбедни и нема да тонат во кал. истото е и на сите улици. И покрај кочничарите од ВМРО ДПМНЕ Ресен доби и многу инвестиции, 10 милиони евра е изградена веќе фабрика за тули од познатата компанија од Струмица - Хамзали, Во Агроплод за само 3 години се вложени над 14 милиони евра, изградена е фабрика за преработка на сокови, изграден е нов пазар, отворени се големи фирми кои работаат, реновирана е стоковната куќа со инвестиција од над 1 милион евра, внатре е отворен голем маркет на Скопски пазар, а за горниот дел се планираат два ресторани со тераса на целиот град. Основните и Средното училиште добија модерни вциња, нова електрична инсталација, направен е покривот на гимназијата и тоа со општински пари. Се гради прочистителна станица во Наколец, а во решен е и проблемот со снабдување на граѓаните со вода, поставени се нови семафори кои го регулираат сообраќајот, има многу планови и за вториот мандат на нашиот градоначалник, кој некаде прочитав дека има поголеми успеси од Никола Груевски и моментално е ко претседател на комисијата за Европските фондови во Европската Унија, кој и покрај таа функција реши да влезе во втор мандат. Граѓаните ги гледаат делата на Димитар Бузлевски и повторно ќе го изберат него, во Ресен и вмровците гласаат за Бузле.

И што е најважно, тој не го направи тоа последниве 3 месеци како што прави битолскиот и прилепскиот градоначалник, туку тој го работеше тоа од почеток па се до денес.
Чудно е и тоа премногу, а не е од излезеноста, туку народот сфати треба промена да се направи, достае е вака како што е досега.

Епа сега што викаш тие 15%, се презадоволни и го сменале мислењето па ќе гласаат за СДСМ, грешка си тоа, тие гласови одат за НДСП. А тоа да, народот ќе докажи уште една убедлива победа како во Јуни на ВМРО во Ресен.

А тоа Ујп, бруто плати и се друго, се тоа закони кој мора да се спроведат за да се влезе во ЕУ, шо мислиш да беше СДСМ немаше вакви закони да прават, исто ти е тоа.

За јаболката никој не може да укривуваш тоа го прави пазарот, конкуренцијата и сега светската економска криза, како лани шо беше доаѓа еднаш на 15 години. Самиот кажа дека лани Полска немало јаболка и затоа беа толку, е сега Полска има јаболка, а пак ние го немаме тој квалитет шо го имавме лани, така да ќе бидеме и задоволни со 10 ден. ако ги продадеме.

Точно народот е разочаран, но не само од ВМРО туку и од СДСМ, така да во случајов во Ресен треба да смени, го цитирам погоре членот:
Код:
Според тебе ако го остават Трифун во Скопје, ќе тргне за напред? :)
така исто е и кај нас Ресен.
И во СДСМ има струи не само во ВМРО, да знаеш има многу незадоволни членови на СДСМ.
Не ме ни интересира нит ВМРО нит СДСМ, ама сепак треба да дојде друг да видиме разлика.

А ова второто наведено за аквапура, е супер проект за Преспа али уште колку време ќе се одложува.
А за Претор поарно не фали, другиве може да ти веруваат али јас не.
И не викам дека не направил тоа со реката кеј, па тротоари, осветлување. Има многу побитни и позначајни работи шо треба да се направат. Нормално ќе фалите.

Позз
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Не навлегувам во успешноста на ресенскиот градоначалник.
Туку:
Како сеуште се тетураат по политичкава сцена и сеуште добиваат доверба јавачи на транзициската апокалипса?
 
Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Не навлегувам во успешноста на ресенскиот градоначалник.
Туку:
Како сеуште се тетураат по политичкава сцена и сеуште добиваат доверба јавачи на транзициската апокалипса?

Па снаодливи се во јавањето :)
 
Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Чудно е и тоа премногу, а не е од излезеноста, туку народот сфати треба промена да се направи, достае е вака како што е досега.

Епа сега што викаш тие 15%, се презадоволни и го сменале мислењето па ќе гласаат за СДСМ, грешка си тоа, тие гласови одат за НДСП. А тоа да, народот ќе докажи уште една убедлива победа како во Јуни на ВМРО во Ресен.

А тоа Ујп, бруто плати и се друго, се тоа закони кој мора да се спроведат за да се влезе во ЕУ, шо мислиш да беше СДСМ немаше вакви закони да прават, исто ти е тоа.

За јаболката никој не може да укривуваш тоа го прави пазарот, конкуренцијата и сега светската економска криза, како лани шо беше доаѓа еднаш на 15 години. Самиот кажа дека лани Полска немало јаболка и затоа беа толку, е сега Полска има јаболка, а пак ние го немаме тој квалитет шо го имавме лани, така да ќе бидеме и задоволни со 10 ден. ако ги продадеме.

Точно народот е разочаран, но не само од ВМРО туку и од СДСМ, така да во случајов во Ресен треба да смени, го цитирам погоре членот:
Код:
Според тебе ако го остават Трифун во Скопје, ќе тргне за напред? :)
така исто е и кај нас Ресен.
И во СДСМ има струи не само во ВМРО, да знаеш има многу незадоволни членови на СДСМ.
Не ме ни интересира нит ВМРО нит СДСМ, ама сепак треба да дојде друг да видиме разлика.

А ова второто наведено за аквапура, е супер проект за Преспа али уште колку време ќе се одложува.
А за Претор поарно не фали, другиве може да ти веруваат али јас не.
И не викам дека не направил тоа со реката кеј, па тротоари, осветлување. Има многу побитни и позначајни работи шо треба да се направат. Нормално ќе фалите.

Позз
Кажи ми кој претходни градоначалници на Ресен направиле нешто повеќе од г-нот Бузлевски?
Јас имам дипломирано 3 години, работа нема, и што треба да правам јас сега, да одам да го молам градоначалникот да избрка некого од работа, со 15-20 години стаж за да ме вработи мене?
Бузлевски колку што може прави, кој сака нека биде, од ова поарно не може да направи, само полошо.
За Ресен да оди напред треба малку и државата да размислува, а од кога дојде ВМРО некако го батали Ресен, не знам зошто, како ние да не сме град во Македонија. Тој политички реваншизам што почна да го спроведува владеачката партија не донесе на ова дереџе, самите не се сакаме камоли да не сакаат соседите!
 
Не сум за никој и не гласам, али да биде друг подобро ќе биде, и повеќе ќе направи барем според мене, (не убедувам никого секој си има свое мислење).
За вработувањето не велам да изрбкаат некој, али..... да се гледа малце и за обичните Смртници. (мислам сфаќаш)
Ресен е баталено отсекогаш не само сега и во времето на СДСМ бил батален.И поарно би било да биде градоначалник од владејачката партија, повеќе ќе придонесат за Преспа така, отколку да биде истиот. :wink:
 
Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Не сум за никој и не гласам, али да биде друг подобро ќе биде, и повеќе ќе направи барем според мене, (не убедувам никого секој си има свое мислење).
За вработувањето не велам да изрбкаат некој, али..... да се гледа малце и за обичните Смртници. (мислам сфаќаш)
Ресен е баталено отсекогаш не само сега и во времето на СДСМ бил батален.И поарно би било да биде градоначалник од владејачката партија, повеќе ќе придонесат за Преспа така, отколку да биде истиот. :wink:
Зошто, што му фалеше на Ресен кога во полн погон работаа Агроплод, Преспатекст, Алгрета, Пластиката, секој работеше, секој земаше пари, колку само од Прилеп се доселија овде!
Значи тој процес на приватизација што почна не го почна Бузле, што треба тој да прави, да отвара сопствени фирми и сите да не вработува таму?
Секаде, ама баш секаде во светов, градоначалниците не можат да им удоволат баш на сите граѓани. Во Ресен барем и ромите имаат куќи, нема ниту еден питач, нема ниту еден да е дојден до питачки стап и да нема што да јаде и каде да преноќи.
 
Мислев го разбра постот шо ме цитираш, уствари не си го разбрал.

Тогаш беше супер, А знаеш кој ја воведе таа приватизација, СДСМ ја воведе ако добро се секаваш.
Па нормално дека не можат да удоволат, секој си има право на мислење затоа реков. Тебе ти чини така, но мене не.
А тоа нема питачи и друго, па кај да има колкав е Ресен едвај има 8 9000 жители, и Преспа е едно од побогатите места во Македонија, а за тоа не допринеле ниту СДСМ ниту ВМРО туку самите ние со труд (јаболката) земјоделието.
 
Член од
25 септември 2007
Мислења
1.436
Поени од реакции
45
Не сум за никој и не гласам, али да биде друг подобро ќе биде, и повеќе ќе направи барем според мене, (не убедувам никого секој си има свое мислење).
За вработувањето не велам да изрбкаат некој, али..... да се гледа малце и за обичните Смртници. (мислам сфаќаш)
Ресен е баталено отсекогаш не само сега и во времето на СДСМ бил батален.И поарно би било да биде градоначалник од владејачката партија, повеќе ќе придонесат за Преспа така, отколку да биде истиот. :wink:
Па ќе биде кандидат на владејачка партија, сега е опозициска ама од септември 2009 пак ќе е владеачка.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom