5 денари килограм јаболка не му одат баш во прилог на Бузле.
да пробам јас да казам несто...И никој не кажа колку улици ви асфалтира Бузле т.е зошто некој би го избрал повторно за градоначалник.
Да да, во право си се знае кој ќе биде нареден градоначалник тоа е Михајло, доста ни се лагите....Победникот во Ресен се знае, уште денес. Честитки за идниот градоначалник Бузлевски.
И Вмро се свесни што се поставуваат, наоѓаат само жртва за претстојните избори.
Кажи пример во што си ја вршеше добро работата, а да заборавив... (си ја врши добро работата за него лично и круг околу него од 20 30 души):wink:Бузлевски во претходните 4 години одлично си ја вршеше работата и мислам дека има голема шанса повторно да добие на овие избори.
Мојот глас оди за него:smir:
Тешко дека е најдостоен. :nenene: Има и други луѓе кој не се докажани, па да му дадеме предност да се докажат.Бузле ако прибере уште некој циган сигурно ќе победи.
Ама во секој случај Бузле е нај достоен за градоначалник.
Како што кажав погоре (си ја врши добро работата за него лично и круг околу него од 20 30 души):wink:, Епа достае.. ни треба промена малце.Еве и јас да се вклучам во дискусијата и да дадам глас + !
Наполно се согласувам со Чомбе дека актуелниот градоначалник мошне професионално си ја извршуваше работата во рамки на своите можности и овластувања.
Во споредба со неговиот претходник , досега беше мноооогу подобар , поприфатлив за народот и непосреден за разговор со секој граѓанин на Ресен и Преспа!
Кандидатот на вмро ми е поприлично непознат во општествените случувања низ ресен...и неможам да го оценам како добар или лош!
Ако не си запознаен многу лошо ја брка работата, И ако имал успех, на парламентарните избори-јуни во Ресен ВМРО немаше да победи со разлика од 3000 гласа, и во сите избирачки места, освен во две три кој победи СДСМ. Тоа е чудно за Преспа никогаш не победило ВМРО, пошто беше Бастион на СДСМ, а и сега се надевам така ќе биде како на парламентарните во Јуни. :zlo:Зборувам за тоа дека имаше успех, солидно си ја заврши работата. Ако беше лош и лошо работеше, и јас ќе го пцуев овде, ама човекот си ја знае работата, и тоа е тоа:helou:
исправка на работната функција на кандидатот на вмро-дпмне , тој е повеќегодишен директор на македонски шуми а не како што претходно во воведот имав напишано електростопанство Се извинувам на ненамерната грешка !Конечно денес добиваме можност да продискутираме и за кандидатите кои се предложени за градоначалник во општина Ресен , според подадоците една од најбогатите општини земено по бројот на жители.
Се чини дека битката ќе биде најжестока во дуелот помеѓу актуелниот градоначалник на општина Ресен г-дин Димитар Бузлевски -кој е подржан од СДСМ - кој има богат политички беграунд задсебе како повеќекратен министер во поранешните влади на СДСМ , како и водечки функции на повеќе значајни компании.
Наспроти него стои кандидатот на актуелната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ , потпретседател во ресенскиот огранок - г-дин Михајло Волкановски ,повеќегодишен директор на македонски шуми Ресен.
Вмро - дпмне по првата (воопшто) остварена победа на минтогодишните парламентарни избори во Ресен се надева дека ќе доживее и прва победа за битката за градоначалник на општина Ресен. По разгледувањето на неколкуте предложени кандидати ,дури денска се дозна името на Волкановски како кандидат.
Од друга страна Бузлевски ќе се бори за втор едноподруго мандат со цел како што вели тој да ги доврши многуте започнати проекти, и да ја оправда довербата што во него ја полагаат ресенчани - да направи економски бум со бројни инвестиции во Ресен и Преспа , намалување на бројот на невработени и создавање на можности за враќање на бројните ресенчани кои работат по другите градови .
Како трета опција во гласачкото ливче за ресенчани ,ќе стои името на г-дин Сашко Василевски - КИКО , поранешен заменик министер за правда , кандидат на НСДП , истакнат и признат правник од општина Ресен.
Дали на овие градоначалнички избори ќе продолжи доминацијата на СДСМ и Бузлевски , дали после победата на парламентарните ВМРО-ДПМНЕ и Волкановски можат да очекуваат и уште една победа овој пат за градоначалник , или кандидатот на НСДП Василевски од втор план ќе излезе како победник ???????
Ко да го здоболе некој за Ресен, живти селото кое со врски станало град поради чорбаџиската врзаност со Охрид, плус пијаничиштето бузле кој дупи глупа јаболкарска раја.
Не е чудно пријателе, ВМРО победе во Ресен на излезност од 50,1% на изборите.Тоа е чудно за Преспа никогаш не победило ВМРО, пошто беше Бастион на СДСМ, а и сега се надевам така ќе биде како на парламентарните во Јуни. :zlo:
Што направи Градоначалникот на Ресен за својот град??да пробам јас да казам несто...
бузле има напраено јак филм со ``аквапура`` демек ке инветирале во отешево и царина...неколку години е све заградено со жица и не е едена цигла ставено.
е сега направено...гледам 200 метра регулиран кеј на рекана
пазар...ама пазарон со сега ке го отворат е финанисран од еден тип од германија.
не знам не ми текнува појке...единствениов му е задолзен за локална пропаганда па нека наведе.
Чудно е и тоа премногу, а не е од излезеноста, туку народот сфати треба промена да се направи, достае е вака како што е досега.Не е чудно пријателе, ВМРО победе во Ресен на излезност од 50,1% на изборите.
Е сега во Ресен нормално излегуваат околу 60-65%, значи 15% не излегле и не гласале а тоа се членови на СДСМ кои беа незадоволни од кандидатите на СДСМ и катастрофалното дејствување на таа партија во тој период, коалицирањето со НСДП и др.
На овие избори народот ќе покаже дека сфати дека: ВМРО ДПМНЕ не ги бидува ни за к...
Веќе народот не е она што беше, нема веќе насмеани лица на улиците, сите незадоволно ги коментираат срањата на оваа власт со фискалните, со УЈП кои незнаат комп да уклучат а камо ли бруто плати да пуштаат, со новите давачки кои им ги наметна власта, со цената на јаболкото за која ВМРО ДПМНЕ се удираше во гради дека тоа е нивно дело, кога лани за чудо поради сушата во Полска стигна цената 30-35 денари, а годинава е 9 денари, златниот не можиме да го дајме ни за денар за кг. Заради немаштијата која ја наметна оваа власт. Народот е многу разочаран од ВМРО ДПМНЕ, а и Ресен ВМРО е поделено на две групи така да едната нема да гласа за овој нивниот кандидат кој воопшто не го знам ниту го имам видено некогаш освен што слушнав дека 30 души вработил во Шумско пред десетина дена. На делбата во ВМРО му претходела тешка тепкачка како и секогаш и секаде со оваа партија си има проблеми, среќа шо не завршило со куршуми како пред 5-6 години.
Што направи Градоначалникот на Ресен за својот град??
Еве без да спомнам Аквапура која досега има потрошено неколку милиони евра за средување на Отешево и покрај кочниците од влада.
Па како прво успеа да го направи Претор туристички центар кој беше пустелија, сега имаат никнато десетина квалитетни плажи, кафичи, барови, кафеани, ресторани, хотел, многу вили.
Како второ што направи во градот и за градот.
Па направи привлечени беа голем број на проекти Голема Река има модерен кеј, донесени се канделабри и поставени на плоштадот, нови светилки низ цел Ресен и во некои од селата, поплочување на улиците во Ресен, улицата на плоштадот и ул. Ленинова цела, како и поплочување на пешачката линија во село Јанковец - што значи сега жителите таму се безбедни и нема да тонат во кал. истото е и на сите улици. И покрај кочничарите од ВМРО ДПМНЕ Ресен доби и многу инвестиции, 10 милиони евра е изградена веќе фабрика за тули од познатата компанија од Струмица - Хамзали, Во Агроплод за само 3 години се вложени над 14 милиони евра, изградена е фабрика за преработка на сокови, изграден е нов пазар, отворени се големи фирми кои работаат, реновирана е стоковната куќа со инвестиција од над 1 милион евра, внатре е отворен голем маркет на Скопски пазар, а за горниот дел се планираат два ресторани со тераса на целиот град. Основните и Средното училиште добија модерни вциња, нова електрична инсталација, направен е покривот на гимназијата и тоа со општински пари. Се гради прочистителна станица во Наколец, а во решен е и проблемот со снабдување на граѓаните со вода, поставени се нови семафори кои го регулираат сообраќајот, има многу планови и за вториот мандат на нашиот градоначалник, кој некаде прочитав дека има поголеми успеси од Никола Груевски и моментално е ко претседател на комисијата за Европските фондови во Европската Унија, кој и покрај таа функција реши да влезе во втор мандат. Граѓаните ги гледаат делата на Димитар Бузлевски и повторно ќе го изберат него, во Ресен и вмровците гласаат за Бузле.
И што е најважно, тој не го направи тоа последниве 3 месеци како што прави битолскиот и прилепскиот градоначалник, туку тој го работеше тоа од почеток па се до денес.
Според тебе ако го остават Трифун во Скопје, ќе тргне за напред? :)
Не навлегувам во успешноста на ресенскиот градоначалник.
Туку:
Како сеуште се тетураат по политичкава сцена и сеуште добиваат доверба јавачи на транзициската апокалипса?
Кажи ми кој претходни градоначалници на Ресен направиле нешто повеќе од г-нот Бузлевски?Чудно е и тоа премногу, а не е од излезеноста, туку народот сфати треба промена да се направи, достае е вака како што е досега.
Епа сега што викаш тие 15%, се презадоволни и го сменале мислењето па ќе гласаат за СДСМ, грешка си тоа, тие гласови одат за НДСП. А тоа да, народот ќе докажи уште една убедлива победа како во Јуни на ВМРО во Ресен.
А тоа Ујп, бруто плати и се друго, се тоа закони кој мора да се спроведат за да се влезе во ЕУ, шо мислиш да беше СДСМ немаше вакви закони да прават, исто ти е тоа.
За јаболката никој не може да укривуваш тоа го прави пазарот, конкуренцијата и сега светската економска криза, како лани шо беше доаѓа еднаш на 15 години. Самиот кажа дека лани Полска немало јаболка и затоа беа толку, е сега Полска има јаболка, а пак ние го немаме тој квалитет шо го имавме лани, така да ќе бидеме и задоволни со 10 ден. ако ги продадеме.
Точно народот е разочаран, но не само од ВМРО туку и од СДСМ, така да во случајов во Ресен треба да смени, го цитирам погоре членот:така исто е и кај нас Ресен.Код:Според тебе ако го остават Трифун во Скопје, ќе тргне за напред? :)
И во СДСМ има струи не само во ВМРО, да знаеш има многу незадоволни членови на СДСМ.
Не ме ни интересира нит ВМРО нит СДСМ, ама сепак треба да дојде друг да видиме разлика.
А ова второто наведено за аквапура, е супер проект за Преспа али уште колку време ќе се одложува.
А за Претор поарно не фали, другиве може да ти веруваат али јас не.
И не викам дека не направил тоа со реката кеј, па тротоари, осветлување. Има многу побитни и позначајни работи шо треба да се направат. Нормално ќе фалите.
Позз
Не сум за никој и не гласам, али да биде друг подобро ќе биде, и повеќе ќе направи барем според мене, (не убедувам никого секој си има свое мислење).Кажи ми кој претходни градоначалници на Ресен направиле нешто повеќе од г-нот Бузлевски?
Јас имам дипломирано 3 години, работа нема, и што треба да правам јас сега, да одам да го молам градоначалникот да избрка некого од работа, со 15-20 години стаж за да ме вработи мене?
Бузлевски колку што може прави, кој сака нека биде, од ова поарно не може да направи, само полошо.
За Ресен да оди напред треба малку и државата да размислува, а од кога дојде ВМРО некако го батали Ресен, не знам зошто, како ние да не сме град во Македонија. Тој политички реваншизам што почна да го спроведува владеачката партија не донесе на ова дереџе, самите не се сакаме камоли да не сакаат соседите!
Зошто, што му фалеше на Ресен кога во полн погон работаа Агроплод, Преспатекст, Алгрета, Пластиката, секој работеше, секој земаше пари, колку само од Прилеп се доселија овде!Не сум за никој и не гласам, али да биде друг подобро ќе биде, и повеќе ќе направи барем според мене, (не убедувам никого секој си има свое мислење).
За вработувањето не велам да изрбкаат некој, али..... да се гледа малце и за обичните Смртници. (мислам сфаќаш)
Ресен е баталено отсекогаш не само сега и во времето на СДСМ бил батален.И поарно би било да биде градоначалник од владејачката партија, повеќе ќе придонесат за Преспа така, отколку да биде истиот. :wink:
Мислев го разбра постот шо ме цитираш, уствари не си го разбрал.Зошто, што му фалеше на Ресен кога во полн погон работаа Агроплод, Преспатекст, Алгрета, Пластиката, секој работеше, секој земаше пари, колку само од Прилеп се доселија овде!
Значи тој процес на приватизација што почна не го почна Бузле, што треба тој да прави, да отвара сопствени фирми и сите да не вработува таму?
Секаде, ама баш секаде во светов, градоначалниците не можат да им удоволат баш на сите граѓани. Во Ресен барем и ромите имаат куќи, нема ниту еден питач, нема ниту еден да е дојден до питачки стап и да нема што да јаде и каде да преноќи.
Па ќе биде кандидат на владејачка партија, сега е опозициска ама од септември 2009 пак ќе е владеачка.Не сум за никој и не гласам, али да биде друг подобро ќе биде, и повеќе ќе направи барем според мене, (не убедувам никого секој си има свое мислење).
За вработувањето не велам да изрбкаат некој, али..... да се гледа малце и за обичните Смртници. (мислам сфаќаш)
Ресен е баталено отсекогаш не само сега и во времето на СДСМ бил батален.И поарно би било да биде градоначалник од владејачката партија, повеќе ќе придонесат за Преспа така, отколку да биде истиот. :wink: