хахахахахаха за месец и пол симнав скоро 15 кила држејќи ја диетава и фитнес. Не мора да се држиш стриктно до напишаното, како на пример макарони со сирење, може било какви тестенини со сирење ли со кечап ли со некој сос, само да не помешаш месо. Килограмите не се враќаат баш брзо али постепено ако не си пазиш на исхраната ќе се видиш во огледало и ќе речеш кај ја стаив онаа диетана шо ја држев? Принципот на диетава е да не се мешаат месото со тестенини, компир, ориз и леб. Ако има позитивни резултати од диетава и ако сакаш да продолжиш без неа понатаму за да не ти се вратат килограмите брзо ќе се пазиш да не јадеш како порано, на пример ќе исфрлиш бел леб, ќе јадеш црн леб али најчесто по сабајле со чајче путерче или мармалад, шеќерот ќе го користиш на екстремен минимум или тотално ќе го исфрлиш и да почнеш да користиш мед како природен засладувач. Манџите да се приготвуваат без подварок, сите други јадења кај кои се мешаат ориз или компир или тестенини со месо да ги баталиш. Навечер да пазиш да не вечераш предоцна, до 18, 19 или 20 макс. Пржената храна да ја заборавиш, да се приготвуваат варени или печени јадења. А во диетава леб никако, леб можеш да додадеш кај денот со макароните, по сабајле и после до вечер тестенини некои (макарони, шпагети, тарана или јуфки) и то. Ако сум забораил нешо питај ќе надополнам.
Поздрав